Ќе им обезбеди државата, пошто е нејзина работа. Нека ги поправат оние 'компјутерите за секое дете', а не да им стојат во шкафови, за ку*о здравје. Деца да ги натераш да пазат, посебно малечки, нема шанси. Доста е муабет за ова. Се повторуваме.
Јас лично за моето дете знам дека попрво ќе прифати со маска да седи, него пред компјутер. Во право си, подобро да не се убедуваме.
Па пак се праи муабет за у/верување. Емпириски, кај мене сите деца се научија да носат маски, док кажеш кекс. Ќерка ми дури се секираше, оти таму некое бебе немало маска, греота било да се разболи. Ќе мијат раце и нема да се гушкаат, ако им кажеш. Деца побрзо прифаќаат отколку возрасни. Фала богу за тоа.
Ниту јас не сум антиваксер, баш обратно, сметам дека децата треба да бидат заштитени од болештините со време, но со вакцина за Хпв и за грип (или ајде сега за коронава) нема шанси да вакцинирам! Не е помал ризикот вакцината отколку да се прележи грипот. Зошто @WildMk не ми одговори на ниедно прашање каде што те цитирав? Бидејќи си сигурна во тоа што го кажуваш, па барем да видиме и ние со факти.
Низ темиве... Значи јас сега да седнам и да прелистувам твои мислења... Не ги следам сите теми за коронава, пренапорни се. Ама ова ме засега па мислев ќе има добра дискусија.
Грипот не се прележува и готово, нема веќе да го фати.... А не сум ни за вакцина, оффф тежок живот, тешки одлуки. Се мислам дека... било кој протокол во училиштата нема да се почитува во целост. Дали некое дете нема да носи маска, постојано ќе ја вади, некое нема да мие раце. Како што некои немаат услови за он лајн настава, немаат сите воспитување на тема хигиена и почитување било какви протоколи. На голем одмор треба ли да јадат, тешко дека сите ќе дезинфицираат раце. Одат и со градски превоз кој ќе биде преоптеретен како во нормални услови кога одеа, а и сега не е нешто сјајно де.. Од есен обично и сезонскиот грип хара, па ќе има потреба и од повеќе тестови за корона... Да се утврди сезонски ли е, корона ли е. Со самото тоа и ќе се зголемува времето на чекање за истите. Ќе се преоптерети и здравството. Врие сега состојбата кај нас, мислам дека не е време. Неписмени нема да останат, може да се надокнади и кога ситуацијата малку би стивнала. Здравјето и животот на децата пред се
Моите прашања не беа поврзани со школството туку со пандемијава. Пропагираш седење дома и чекање вакцина а не сакаш дискусија. Незнам само дали темава ја постави да дебатираме или чисто како провокација.
Исто и моето. Сега големото дете прва средно ќе биде едвај чека да почнат. Го стегав го држев дома, но попуштив и сега излегува. Среќа голем е и свесен за ситуацијата па многу се чува, без маска и алкохол за дезинфекција не мрда од дома. И покрај тоа што другарите го исмејувале за маската тој си ја носи. Најмногу се плашел за бебка да не ја разболел. Сестра му 14 год помала ја сака повеќе од себе си.
Децата секојдневно се по парковите, се дружат во маало, ресторанти, кафичи и домашни прослави. Плажите во Дојран и Охрид се преполни со дечиња, а кога ќе дојде ред за на училиште родителите "се плашат". Истиот тој вирус е насекаде, не само у школо. Сите нормални држави и за време на пандемијата одржуваа настава, само ние се тегавиме за се што ќе одлучат. Крај краева мислам дека ќе се продолжи со онлајн наставата и оваа година за која исто така се бунеа родителите и наставниците. Читам по фб коментари, родителите на првачињата се бунат да ја вратат осмолетката за да ја избегнат оваа школска година им го скратувале детството како да едно детство не се состои од училишни обврски.. со тие назадни размислувања го уништуваме и тој каков-таков систем на образование што го имаме.
Не, немам време да читам други теми, и да памтам кој што кажал. Зошто ја отвори темата ако те мрзи, нормално е некои работи да се повторуваат, не очекувам дека сите ме читаат по сите теми.
Ако не е исто, ќе побарате(ме) од МОН да обезбеди компјутери и интернет, за оние кои не можат да си дозволат. Сигурно во сите тие комјутери од проектот 'компјутер за секое дете', има такви кои може да се поправат. Црните сценарија се можни. За да ги избегнеме, треба да преземеме се' што е во наша моќ. Уште на пчетокот на пандемијата научниците изјавија дека година-година и пол ќе им треба да произведат вакцина. Никој не гарантира ништо, затоа се препорачува социјална дистанца.
Не е темава за вакцини, а и јас сум сензитивна на вакцини, ама ако е сериозна работата некој ќе не праша што мислиме?! Печатине на рака од вариола вера на постарите генерации им се од што ги прашал некој?! Вака или така, ќе не натераат да се вакцинираме. За школово, најголемо дувло излегоа школиве. Собиранките на дневна основа небитни. Кој ќе те плаќа дома да седиш толку долго?!
Точно ,децава се попаметни од нас возрасните,знаат дека треба да се носи маска ако им кажеш,еве ќерка ми знае во гужви мора маска да носи не се буни,со другарчиња надвор кога ќе се сретнеме ќе се затрчаат да се гушнат радосни дека се виделе,ама ќе застанат и сами си викаат "нема гушкање,има вирус",4-5 годишни деца. И не може побогу од сите вируси да се криеме со години,абе знаете колкав број на деца периодов посетуваат психолози и психијатри,мајки кажуваат дека децава дома почнале да им се понашаат агресивно,анксиозно,да кршат по дома,не се дружат со врсници веќе не знаат што да прават.
Пред би рекла дека државата ни ја водат луѓе што не ја ни знаат вредноста на образованието затоа што и онака до нивното стигнале или до врски или со пари. Библиотеките се отворија или уште се теретаните и кафаните побитни?