Не се плеткај во области кои не се во твој домен, слабо, или воопшто не ги разбираш, и пишуваш нелогичности. Ако ги задоволува сите стандарди и критериуми, нека направи Финки платформа, никој не се буни. Ја има и Едуино, ама не задоволува баш многу. Зум не е образовна платформа, конференциска е, но е една од често употребуваните онлајн алатки за комуникација со учениците,и наставниците помеѓусебе
Кај ќерка ми воопшто не користеа Зум, туку Дискорд. Немаше национална стратегија, не се користеше една платформа, пошто МОН нема никаква, и секој се снаоѓаше како знае и умее. ФИНКИ има готова платформа која ја имаат користено, и не мора воопшто да се прави доправа. Уште пред еден месец и кусур на координација им ја понудија, ама МОН нешто јадеше со двете раце.
Ама тоа кај ќерка ти училиштето. Еве во "моето" училиште, и во многу други Зум беше најчесто користена алатка, се држеа часови, наставнички и одделенски совети, се даваа насоки од страна на стручна служба... Не сум им во МОН па да знам како ќе настапат во иднина, и со програми, и со платформи и дали воопшто ќе се почнува или не на училиште. Си има стручни лица кои се задолжени за таа тематика. На нас, како родители и образовно воспитен кадар ни останува да даваме предлози, сугестии како би било најдобро, најбезбедно и најпрактично да се одвива наставата, а нивно е да донесат "правилни" одлуки.
Знам. Кажа @Kitten дека МОН буквално им препуштил на школите, секое за себе да одлучи. И тоа не е во ред. Ако сакат продуктивна онлајн настава, треба да е национална статегија и платформа. 'Стручна служба', гледа да дрпни пари само. Како ДИК што купија нов, нетестиран софтвер, 5 минути пред избори. Мора и притисок да се врши и од родителите, и од учениците, и од наставниот кадар за да си ја работат прописно работата. Сами на себе оставени нашите 'стручњаци', се 'стручњаци' само на хартија.
МОН не беа спремни, и никој не се надеваше дека во ваква ситуација ќе бидеме, затоа и оставија секое училиште само да изнаоѓа методи и алатки за држење на онлајн настава. Кој како се снајде, иако се е контролирано од страна на просветен инспекторат и директор. Стручна служба(директор, психолог, педагог, дефектолог..) не може да дрпнат пари, не е така "едноставно", министерството/општината не пушта пари за "лепе очи", треба покритие, а кога нема настава, нема покритие. Како ќе биде..!? Господ знае, ама не верувам дека нешто добро ќе смислат, нема ни многу време, а целиот товар пак наставниците ќе го сносат
Не, не зборував за стучните лица во школите, туку во МОН, оние кои одлучуваат за цела држава. Тие имаат моќ да распишуваат тендери за национални образовни програми и стратегии. Претходно пишав дека баш поради тоа што сите не затекна неспремни ситуацијата, им 'прогледав низ прсти' и на наставниот кадар и на МОН и не пријавував неправилности. Ама од септември, без разлика дали ќе биде одлуката за онлајн или класична настава, ќе пријавувам се' со ред. Бидејќи имаа време да се организираат и спремат за учебната година.
Не е финтата во пријавувањето на наставници(со, или без основа) Може секој родител да пријави, да се жали, да негодува.. Знаеме и свесни сме дека и децата во голем дел "забушаваа" и се "опуштија" минатата учебна година кога се држеше онлајн настава. Не се пишуваа и праќаа домашни навремено, се препраќаа copy-paste од другарчињата, родители им ги пишуваа задачите, и многу други работи. Ако се држи онлајн настава, треба баланс да има помеѓу родителот и наставникот. Не секој наставник е IT "експерт" да знае да изработи перфектен онлајн час, да направи презентација, колку и да се труди. Како што и не секој родител знае да се снајде со "технологиите и софтверите"со кои работат наставниците. Пр: јас тестови, квизови секогаш правам со алатката Kahoot. Имам спремено над 20 примери за секоја тема поединечно. Но, на дел од родителите им беше тешко да разберат како се работи, дека треба профил да се отвори, итн... Заеднички одлучивме да не работиме со таа алатка, иако е многу добра за децата. Ако од страт се почне со закани, пријавувања, далеку не стигнуваме.
Од 12 предмети, кај ќерка ми, само еден наставник држеше предавања и тестираше со вклучена камера и микрофон. Рестото, воопшто не се појавија, ни да предаваат, ни да тестираат во нивно присуство. И да, дома кога ќе им дадеш да прават тестови, без надзор, нормално дека ќе препишат и ќе испратат. Оценките, буквално од памет им беа спуштени на сите ученици, по сите предмети, освен оној по кој држеше редовни рпедавања наставникот. Воедно, контролираше дали се вклучени микрофоните и дали се пред камера учениците. На крај, ние, родителите требаше да предаваме работи и кои не ги знаевме (германски ни беше најголем проблем нам конкретно, бидејќи ни јас, ни маж ми го знаеме јазикот). Ова, единствено го гледам како огромен пропуст на наставниците, на никој друг. Работата им е да предваат и да тетираат. За тоа се платени. А бидејќи ние, родителите, ја добивме таа улога, тој период, требаше нам да ни ги даваат платите. Или слатко е да се зема пари, без работа? Ај да видам на приватно така дали ќе те задржат воопшто на работа, а не пак уште и да те плаќаат за спиење и шетање.
Чек сега, од една во друга област одиш.. Да не треба дома да им се оди сега по учениците и да ги вардиме како, кој и кога ги изработуваат задачите?? Самата викаш дека ќерка ти "не пишивала, забушавала, не работела" , кој е крив за тоа? Предметниот наставник? Значи не си совесен родител, и наставникот не е крив што ти не си вршела надзор дома. Долга и широка е, само кој знае разумно да ја сфати ситуацијата, а празни реченици можат до утре да се пишуваат.
Предметниот наставник не држи воопшто часови, иако е за тоа платен и му е единствена задача. Кој е одговорен за тоа, освен тој самиот?
Не релативизирај те молам. Секоја индивидуа е засебна, секој предмет е поинаков на свој начин, и секое училиште работи по сопствени методи.. Така да...!!
Какви методи? Испрати им материјали и тестови на децата, и спиј 3 месеци? Исто како што имаат обврска да предаваат и тестираат за време на класична настава, имаат обврска да предаваат и тестираат за време на онлајн настава. Основен опис не работното место им е. Буквално. За тоа земаат плата. Сериозно не гледаш проблем во ова? Да не си ти дел од тие?
Тоа прашање постави го во училиштето каде што учи ќерка ти, од кај јас да знам кој, што и како работи, и барај си одговори и одговорност на тоа место. Тука можеме само да нагаѓаме, и шпекулираме. Ако те интересира нешто за моето училиште, пиши ми слободно, се ќе ти разјаснам, ако сватиш нормално..
аауууу луѓе луѓе што е со Вас? Значи од утре сите да ве видам без маски по работа и по маркети и сите во автобуси , пошто како што гледам не е никаков проблем за Вас преку 15 генерации да ги фрлите во оган од кои нашиот МОН одлучува најбитниот протокол за децата од прво до петто одд ( најсовесните , најетички развиени , најодговорните на кои уште дома мајките им го бришат газот ) да одат без маски од септември и дека дистанцата од метар била доволна за заштита .... Само не ми е јасно што драмите по темиве колку е сериозна ситуацијава со вирусов ,што превземате мерки и носите маски кога очигледно според Вас не е ,што се пишува само "глупости" по медиумиве кога очигледно е дека најбитна е социјализацијата пред се и за тоа си го ставате цело семејство во ризик, па потоа јавното здравје го загрозувате со директно ширење на пандемијава ( која сеуште е пандемија да Ве потсетам ) ? .... Зашто со по 10, 30 заболени во ден децата Ви седеа дома во Март , дали вирусов беше посмртен и позаразен тогаш од сега со по 200 заболени дневно ? Контрадикторни и неодговорни , затоа сме на ова дереџе ..... кога ќе видам програма соодветна , со максимална заштита и организација на ниво , која ќе гарантира продуктивност и ќе гарантира резултати тогаш чедото што сум го носела во мене , над кое се тресам ЈАС кога ќе качи температура и ќе се разболи , кое е МОЈА одговорност , за кое сеуште јас носам одлуки , ќе го пуштам да се бутка во затворен простор со и да се 5 деца - небитно , па макар и 15 мин во ден и да ризикува да се заболи со вирус за кој ама буквално НИКОЈ неможе да ми гарантира дека дали симпроматски или асимптоматски нема да остави трага врз неговото здравје . И секако според Вас во ваква тековна ситуација секој може да ги скрши човековите права и откако до пред месец дена 2000000 народ ги стави во карантин , сега ќе ми наложи ќе ме обврзе , ќе ме казни ? доколку јас не го пуштам детето да оди во училиште и да ризикува затоа што имаме неспособен кадар , неорганизираност на министерство и корумпирани водилки кои го бричат народов ..... ја читам темава и со исклучок на неколку членки се чудам што е со човештвово и народов - дефинитивно овие месеци без социјализација оставиле психолошки траги кај повеќето во една тема : леле леле ќе испоумреме сите , во друга тема : ајдееее од утре без маски децата до 10 год сите во училиште
Kade toa bez maski ke odat vo skolo?! Koj e tolku nenormalen a voedno i hrabar da go pusti deteto ako nema protokol, ako nema nacin na rabota?! Izvini, mozi nie nemajki i netatkovci ne sme tolku finanski potkrepeni da imame 3 dadilki, privatni gradinki, ili babi i dedovci zasto ne site sme vo ist grad so niv... Pa dali svesno ne obvini deka nie nasite deca sakame da gi pustime namerno da se zarazat zasto ne ja svakame serioznosta na virusot?!? Boze moj! Eve go moeto mislenje: Decata mora da odat vo skolo, od najmalo do najgolemo, sekade funkcionira i MORA da funkcionira i kaj nas, da crni ovci sme nerazbrani,no ke se naucat i tie na poteskiot nacin. Ne mora site da sme nenormalni, t.e. normalni, zivotot mora da prodolzi i toa so pandemijata zaedno, mora da ziveeme za da egzistirame, educirame, rabotime, sportuvame... Mora so nea da ziveeme , toa e toa!
https://vesti.mk/read/article/https...itelen-ke-vide-redar-koj-ke-meri-temperatura/ до 10 години незадолжителни маски или задолжителни маски над 10 год ..... чашата е поли празна или полу полна