Дали ќе падне Владата на Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mateo mark, 20 октомври 2021.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.666
    Допаѓања:
    161.829
    Кризата е реална, ама во Македонија стана интересна сега зошто треба да заработи некој од малите хидроцентрали кои направија еколошки катастрофи и малце да се крене паника, јер криза нели (2001, диво насеље, све се прави по принцип на исценирани кризи, се зависи колку е моќта на сценаристот во моментот). Ова е цела декада проблем. Каде живееа до сега?


    И се смееа на Шеќерка и изјавата за плашењето од женска суќња, летаа шовинистички пораки, а сега иста прича. Ми здосадија едни та исти сценарија.
     
    На oblace1, g8lQQk и JoyJoy им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.906
    Допаѓања:
    186.829
    Сегде стана ,,интересна,, сега, коинциденција. Нема баш врска ни со мицко ни со Зајко. Ќе биде голема беља и никој баш ништо не може да направи во врска со тоа.
     
  3. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    Линкот е од 20 септември. Тендерот за јаглен е почнат отпосле и поништен, малку јаглен понудиле. Ние сакаме максимум во криза, ако може со попуст.
    Интересно е да се види кои ќе бидат цените сега, во однос на поништениот тендер.
    А и дали пак ќе ги има бараните количини?
    Наместо да се земат сите количини кои се нуделе, сигурно по поефтина цена, па со нов тендер да се надополнува според потребата.
    Некој одработува за некого!
    Кој мислат дека го фарбаат сега!?
    Планот за струја треба да е за две години однапред, соодветно да се одговори за време на ремонти, разни годишни времиња, па и поинаква, секако зголемена побарувачка.
    Со оглед на тоа дека и цената на биткоинот расте, сигурно има некои нелегални инсталации за копање.
    Темава е опсежна и сложена, очигледно некој не ја сфатил сериозно. Одговорност мора да има.
    Дали тоа ќе биде владата или некој обичен експерт, кому ќе му се смести цела вина, ќе покаже времето.
     
    На Guns N` Roses и Cka им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.666
    Допаѓања:
    161.829
    Ама остај сеа, кај нас тема на политика е, толку се големи што имаат решение во ракавот. На светско ниво не се нашол јунак, ама Зајчето и Мицето све можат.
     
    На JoyJoy и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.906
    Допаѓања:
    186.829
    Во право си била, дури неверојатно. Путин пушта и сопира гас со цел да ги влијае локалните избори во мк. Сега прочитав, екстра гас ќе пуштел. Коинциденција? I don't think so:smirk: :D
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Зар не поскапе струјата минатата година ?
    IMG_20211028_214339.jpg
     
  7. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Понеделник лдп-дом и беса излегуваат од владино мнозинството. А Дуи има да ја снема.... Али заминува у Хаг. Сето тоа така брзо ќе се одигра да нема време Зајко да кидне.
    Толку и истече рокот на оваа влада одработија за тоа што беа донесени на власт.
     
    На Waverly Raven, venus♡, Kikke и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.492
    Допаѓања:
    13.741
    И тоа два пати поскапе. Прво 8.5, па скоро 13 отсто.
     
    На Vivienen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.527
    Допаѓања:
    139.451
    Го гледавте ли клипот кај што вика дека не е божество?!
     
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    Мене поголема паника од сега ме нема фатено во живот.
    Овие сега што се на власт не се добри, прават многу грешки ама барем слободно се дише. Барем можеш да кажеш што мислиш без да се плашиш, барем малку од малку квалитетот на воздухот се подобри, барем добивме некаква стабилност со меѓународна интеграција. Малку од малку отидовме мрднавме во позитивно.

    Стварно не знам како ќе опстоиме ако дојде пак ВМРО на власт. Сеуште се жедни за пари, а сега ќе бидат уште полоши од претходно во ништење на се што не мисли како нив. Искрено се плашам за сопствениот живот. Во време на ВМРО бев бегалец во 2001, го слушав пукањето за убиството на Коста Крпач кој се знае зошто го замолкаа, потоа се тресев како прут кога во Собрание правеа глупости пред неколку години, се плашев за белите дробови на моето новородено бебе зашто загадувањето под 300 таа година не се спушти (зимата пред да останам бремена врнеше ѓубре во Скопје - буквално мислев снег дека е па испадна биле премногу тешки честитчки од загадувањето и маглата што паѓале). Рушија доверба во систем. Луѓето се плашеа да кажат нештп против, сите мрмореа под усни никој не се осмелуваше јавно ништо да каже за да не биде линчуван. Образованието го уништија ( со компјутер пред секое дете и Кембриџ) и удирање по кредибилитето на професорите и отворање вечерни школи (таканаречени факултети кај што ќе им текнеше).
    Јас сум навистина исплашена. Па уште од Левица со оној со уличарски речник најекстремниот десничар што постои стварно не знам што ќе правиме. Се плашам од сопствениот народ.
    Додека беа во опозиција можеа да бидат малку конструктивни овие од ВМРО за да поверувам дека се смениле. Ама не само блокирање, само блокирање и ништо друго. Блокираа дури и одредби за Ковид кои беа важни за набавка на материјали. Стварно ли треба да им веруваме дека добро посакуваат на државава и луѓето тука.? Со блокирањето доведуваат во ситуација ДУИ да може да прави што сака. Ама кој да сфати. Името било најбитно. Будала работа. Географска вистина било проблемот, не апла работење против државата. Лажен патриотизам.
    Не знам толку се трудев да направам нешто во животов и успеав со сопствен труд и пот да создадам и кариера и дом и се, сега ме плаши помислата дека ќе треба да се селам зашто буквално ќе ме избркаат од дома. Ѓаволот лично да дојде мислам подобро дека ќе биде.
     
    На g8lQQk, Ahoy и Cookie21 им се допаѓа ова.
  11. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Аман бре жено, како у логор да си живеела не у Македонија. Па јас допрва слушам некој вакви стравови од ВМРО да има, освен Зајчево. Ја незнам како сега слободно дишеш кога СДС буквално у врат им дише на народот, стигнаа и до заканувачки пораки деца ќе убивале за глас. Ако тоа е слободно дишење и живеење тогаш да се на власт засекогаш, можеби те радува ваквата демократија. Воздухот е на исто ниво загаденост, ништо не е сменето, можеби ради ковид рестрикциите дека е ограничено движењето инаку ништо не е превземено околу тоа. Околу пандемијата тотална неангажираност на власта, си тераат одмори а луѓе умираат во болници без услови и без персонал... Има многу пропусти и не би рекла дека послободно се диши у време на СДС него на ВМРО, у исти кош ги ставам, ама сега искрено се надевам на промена, зашто и поставата им е сменета, а и народот како да се освестува тоа е она битното.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Леле што изнапиша. Не одај повеќе у штаб, почни сега на психијатар, подобро ќе ти биде верувај. Просто неверојатно кои филмови ви ги стегаат.
     
    На eliesaab, Vraloma, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    Твое мислење.
    Една извјава која не се материјализирала не е закана. Глупаво и празно зборење е кое за жал штети на општата слика.
    ВМРО имапе комлетна потполна и тотална контрола на медиуми. Омаловажуваше се живо и диво. Правеше екстерни тестови за да казнува наставници. Поставија невозможни критериуми за професори ама сите фондови за финансирање научни проекти ги укинаа. Не се дишеше во Скопје од загадување. Тепаа студенти на плоштад зашто се побуниле. Аман. Ич не е исто. Никој сега не се плаши јавно да искаже мислење. Луѓето како да заборавија како беше.
    Здравството е растурено уште од времето на ВМРО. На ГАК одев тогаш. одоров промовираше дека купил нови ехо апарати. Докторите шепотеа дека купил само нови солови за ехото, апаратите им беа во распад. Да не почнуваме.
    Ама ОК. ЕВе јас сум будала. На сите повеќе ви годи да си седите дома како зајчиња уплашени и да зборувате може да биде полошо и да зборат на најјако новите кадри на ВМРО на чело со Влатко Ѓорчев, Милошоски и Александар Николоски.

    @ladymici да одев во штав можеби подобро ќе ми беше. Ќе знаев дека партијата ќе ме заштити исто како ВМРО секогаш ги штити своите и СДСМ своите. На тие од партија од ништо не им е гајле. НИкој ништо не им може затоа се така силни. За жал никогаш нит сум имала нит сум била заинтересирана за партиска книшка. На овие избори глазав за Зелен Хуман Град. Не сум партиско полтронче. Едноставно ми е страв од ВМРО.

    А да еве колку се сменети. Немаат доблест нит да се појават на нешто кога некој им подава рака, а ним не им одговара: „Шанса за Центар“: Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ и Левица не дојдоа на средбата за усогласување на приоритетите на Општината (360stepeni.mk). Баш се сменети. Не одат на дебати (како што е пракса во сите демократкси земји), не одат на состаноци со други. Немаат потреба. ИМаат партиска војска што ќе ги гласа и знаат дека немаат гајле. Колку и да угнетуваат може да викнат патриоти, патриоти и војската ќе ги следи. СДСМ никогаш немала таква база. Има луѓе што гласаат за нив ама не ми се слепо послушни. ГИ казнуваат за грешки (како впрочем и сега), ама за ВМРО нема зима.
     
    Последна измена: 29 октомври 2021
    На Ahoy и Cookie21 им се допаѓа ова.
  14. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Абе аман што направи ти!??!

    Ич да не се плашиш се ќе биде ок, дури и подобро...

    Тоа со воздухот си во грешка. Така им се погоди... во карантин бевме цела држава а моторизавијата(автомобили,камиони и сл.) е една од поголемите загадувачи.

    Башка имаше многу ветровите денови овие години....

    Немаат никаква конкретна мека или проект реализирано за почист воздух.
     
    На Vraloma му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    ААА ОК. Еве одма ќе одам да се веселам.
     
    На Cookie21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Не знам на што точно мислиш, ама луѓе по затвори скапуваат оти пробаа слободно да дишат и да мислат.
     
    На Vraloma му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    9.493
    Пол:
    Женски
    Зошто од власта не гостуваат на опозицискана алфа тв? Бегаат ли од незгодни прашања или его и суета се во прашање? Неколку пати во предизборната кампања имам начекано водителите да кажат дека не им било одговорено на поканата за дуел и соочување, да приложат мејл и порака како доказ, и така емисијата се сведува само на интервју на кандидатот од опозицијата.
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.933
    Пол:
    Женски
    Миле и Гордана пробаа слободно да дишат. Пошто само тие завршија во затвор. Или не знам кој тоа во затвор скапал за тоа што пробал слободно да дише. Ако мислиш на оној певачон и лепо друштво тогаш требаа подолго да седат за да не им текне така да упаѓаат во Институција (не е битно кој е внатре, ама напад на таква институција секаде е тероризам). Влегоа така во САД и заврши и завршија во затвор со обвинение тероризам (како што и треба). Напад на државна институција направија. Ама џабе се објаснувам тебе веројатно тоа никогаш нема да ти биде јасно, дека нападнаа држава и институција (луѓето се помалку битни тука, битна е институцијата).
     
    На Ahoy и Cookie21 им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    9.493
    Пол:
    Женски
    А морам да забележам и дека Левица не добиваат простор во дебатните програми, ниту на провладините медиуми, ниту во единствената вмровска телевизија. Не следам многу, ама доволен е фактот што не сум ги сретнала, значи дури и да се појавиле, нема ни одблиску рамноправна застапеност. Тоа не е демократичност, туку монопол кој повремено заличува на дуопол над медиумската сфера.
     
    На eliesaab, Waverly Raven, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.957
    Допаѓања:
    116.980
    Пол:
    Женски
    Неее дај ми го жити мене :doh: