немој да се плашиш од ВМРО. Не може да е полошо од сега, пошто под дното сме сега. Подобро ќе биде со вмро, ќе видиш.
Тоа беше резултат од некој проект за заглупувување на десницата и нејзините симпатизери на глобално ниво Туку ме интересира од другиве што циркус ќе искочи.
Мене животот ми е многу подобар сега од што било кога ми бил во ВМРО. ВМРО одеше да го уништи образовниот систем од кој јас сум член и скоро им успеа. Скоро. Ќе успееа уште малку. Нормално лошо образование повеќе можност за контрола на „полуписмени“ луѓе. На крај веќе и сите донатори се повлекоа зашто му ја претераа. Удираа по Универзитетски професори, удираа по наставници, удираа по студенти (и тука се зезнаа). Со смената почнаа нови проекти, донаторите се вратија едноставно мрдна работаат напред. Сакаш верувај сакаш не, ама така е. Почнаа пак да се наградуваат наставници (наместо да се казнуваат) што од проекти што од Влада. Почнаа проекти од донатори пак нема толку страв. Не сум убедена дека ВМРО нема да продолжат да трошат пари на глупирање пак, наместо навистина да вложуваат во квалитет на високо образование (нема пари за се) преку стимулирање на нови програми, финансирање на научни проекти и слично. Лута сам на сегашниве што не ги вршеја локалните работи како што треба (пример паркингот позади зграда не го средија четири години, ама изградиле 2 нови градинки во општината. Тоа на луѓето од моја зграда не им е битно). Ги казнив сегашниве и јас. Ама со навистина трета опција барем според мене. Не со бирање на некои што навистина лошо правеа. Ние сите дома сме без партиски книшки и успевавме до сега да се снајдеме и да си создадеме супер живот. Мене ме плаши политичката нестабилност која ВМРО ја создава (2001, меѓуетнички тепачки секогаш кога се на власт, упад во Собрание, па ако сакаш и Смилковско езеро и многу други такви).
Ако падне Заев, тоа ќе биде оти нема веќе капацитет да спроведува наложени промени. А промените доаѓаат одозгора и нема да бидат на подобро. Сдк кого и да донесат, ќе биде полошо. Добрите времиња поминаа мислам.
Ти знаеш многу добро на кого мислам. Политичка страна не заземам ама за некои работи убаво е да бидеме реални, бидејќи од верни заслепени поддржувачи на власт доаѓаат секакви да не речам никакви.
@JoyJoy Мила Царовска изјави дека книгите биле штетни за децата. Неколку пати немаше што да каже и се вадеше со ,,Не е во надлежност на министерството за образование". Јаа, мајката. Негираше дека во некои училишта нема соодветни услови, за хигиена на пример. И викаш во времето на вмро било образованието полошо. Јас не би рекла дека е така. Не било полошо од што е сега.
У среде центар, им пукнала канализацијата, водата се напикала и у парното и у водата за пиење, децата се дома, уште не го решиле проблемот, ама сите ќутаааат. Мила ја нема никаде.
Имаме факти сите ние, не се секирај. Убаво ќе беше да кажеш дали ти е во ред се' ова што моментално се случува со образованиево наместо да се фалиш дека цел живот си во образование.
Подобра и поприлагодена на возраста на децата е програмата од Кембриџ. Ама ОК еве го пак тоа "ние" кое мене ме плаши. Ние силните и паметните. Цело времњ поделби. Почна од сега.
На дното бевме и тогаш, само брзо изгледа се заборави. Истите погубни политики, различни политичари. Како да ми речеш, бирај меѓу Хитлер и Сталин. Не, и двете партии го оштетија и осакатија народот. Нормално дека не може да биде полошо, затоа што сме научиле да живееме бетер. И ако таквата мисла ни е водилка за животот, барем субвенции за отров и ортома нека ни дадат, аир да видиме. Мицковски и премиер, како да му дадеш на магаре да свири на харфа. Ваквиот став само ќе доведе, единствената комуникација со децата да ви биде преку Скајп. Ако не овие, дај тие, ако не тие, дај овие. Што гледате и слушате на телевизија и читате по портали? News flash со тие партии на чело, ние секогаш ќе бидеме само една тоалетна хартија, чија намена многу добро ја знаете. Жал ми е што воопшто се уште и покрај трагичните политики, не сакате промени. Замислувам, Македонија 2068, парламентарни избори, борба меѓу ВМРО и СДСМ, право на гласање 2000 гласачи, и истите расправии кој бил полош. Инаку не дека нема други опции, само ако сакате да гледате или пак ви одговара од себични и лични причини да мижите.
Во време на ДПМНЕ одлично живеевме. Подобро од сега. Дел од тоа одличното и подоброто какво нè чека изгледаше вака, да се потсетиме: Нема зошто да се плашиме од ВМРО, нели? Видеава покажуваат едно сосема нормално однесување
Ако зборуваме за страв, јас би рекла најстрашно ќе биде како ќе падне владата на Заев. Без проблеми и немири нема тој да остави фотелја. На локални избори се закани и ја спомна 2001, а не па тогаш. Ќе видите.
Што рипнавтее од комуњарата, се гледа дека сте фанале убави работни позиции па сега ви се тресе газето. Како не ви е срам бее да не правите ненормални многу убаво се живеело за време на СДС. Даа убаво сте си живееле, ги извадија компетентните, способните и се напикавте на работни места за кој ниту имате диплома, ниту сте компетентни, ќе извадите лажен сертификат, диплома и убавкоо ви е а. Убавко ви е да си ги вработите ќерки, синови, снаи, внуки, клати врата, земај плата, е убавко ее.
Зошто би паднала уопште? Лани имаше избори така да ако требаше да паѓа тогаш ќе се случеше. Ова фамава со локалниве нема никаква врска со некаква грандиозна победа на ВМРО, не победија они туку другиве изгубија. Гласовите на десницава се горе доле слични со парламентарните од лани што не значи дека народов нешто се претргнал за да има нова Влада.
Мојот впечаток е, дека им е преку к**от на повеќето. Кој и да биди, ќе се молиме пред болници да не' прегледа некој. ... судејќи по досегашното искуство