Не сме сите селски деца и не, воопшто неговото однесување е еквивалентно на моите интелектуални размислувања. Всушност, не е селско, туку сељачко однесување. Има разлика.
Не е сељак, селанец е. Со сите 'Кај си бе брат' Шо знам... никогаш не бил харизматичен политичар. И нема ништо лошо во тоа да си селско дете. Татко ми и мајка ми се селски деца Иначе, интелигенцијата нема врска со тоа дали си од село, или од град. Татко ми беше машински инжинер.
Па не е, ама ова беше резултат на една негрижа, недоволно познавање и криминал, значи не нареди Заев или било кој друг да се запали модуларната во Тетово. Од друга страна сите оние напади, изживувања и малтретирања беа со директна умисла и наредба од највисоките позиции во тогашната Влада, за да страдаат сите оние кои не се согласуваа со нив, што е и потврдено со бомбите, како на пример: Сам директор на Канал 5 призна дека за време на Груевизмот ја лажел публиката на Канал 5 и ја манипулирал според барањата на Владата. Сега медиумите се слободни, да не беа, сега ќе живеевме во бајка дека СДСМ на власт се најдобри. Како 11 години претходно де, само со друга партија Сè ова за членството на ДПМНЕ ни било ни ќе биде проблем, тие си се со таков мајндсет, кај нив демократија не постои. Тие само сакаат да страдаат СИТЕ кои не се согласуваат со нив. Ако не верувате, веројатно ќе си се уверите Или: Ама брзо заборавате. Ако, гласајте ги пак па ќе ви повторат. Повторувањето е мајка на памтењето
Пишав има разлика од селанец и сељак. Не би го вметнала во првата категорија. И што е ова, натпревар за МИС сељак или на некој што му давам глас, да биде професионалец, елоквентен, способен да твори за подобар живот на народот. Која е разликата меѓу неговите ораторски способности и истите кажани од комон сељак од маалска кооперација. Те молам, не ме вреѓај. Има политичари во права смисла на зборот. И бирам елоквентност наспроти турни ме да кинисам.
Не е турни ме-да кинисам. Напротив. Чоек од акција е. Никој освен него не се нафати да ги решава проблемите со соседите.
И најтрагичното е што тие вистински, елоквентни политичари не се на чело на ни една партија, туку ќе ги турат или министри ако дојдат на власт, и тоа ретко, или по некој градоначалник, а најчесто ни тоа не го добиваат. А од сегашниве кандидати за премиери, да ти се заплаче. Заев или Мицкоски, хахаха. Се засмеав
Да се нафатиш и да ги решиш се два спротивни поими. Како ги решава, со полека и сигурно бришење на историјата? И што добив јас од сето тоа? Или па ти? Чоек од акција е, да вистина. Особено тоа е манифестирано кога ДУИ ќе зине. Они зинат, он на и така расипана лента, groundhog day, every day. Не ме заебавај жено.
Единственото објаснување е да шеташ со превез на очи и памук во уше. Инаку, не знам што гледаш и слушаш.
Не му текнало сам ова тоа го каже. Му го напишале. И тој со цел памет го прочита И маса пониска нели можеа да му најдат, до мишка му е оваа со рачињата до пола
Точно, само што мојата реалност е за 4,5 нијанси поцрна него твојата. И не е тоа производ на мојата способност за хиперболизација на актуелната состојба, туку гледање низ призма на фактичка ситуација. Што кај тебе очигледно е некако магично онеспособено од твои чудни и негирачки причини.
Не ќе да си свесна штом се воодушевуваш на неговото ниво на изразување, кое патем е патетично и смешно. Барем ВМРО го направи образованието да секој може да заврши факултет и сите да сме образовани (иако само на хартија, во пракса малку потешко), за кого тогаш говори селски и народно?
Не се воодушевувам. Симпатичен ми е. Никогаш не сум го гледала како политичар. ВМРО се' што направи е да ми се заканат со затвор оти страница на ФБ, со 30.000 лајкови, не сакав да им ја 'продаам' за да ја користат за политичка агенда.
Препотентен е, ако нема интерес или корист главата нема да ја сврти а не проблем да ти реши. Никој не е совршен, полоши од него имало, ама и тој не е тоа што мисли и го претставува на народот. * еднаш многу оддамна во иста зграда живееме