Озбилно??? Ич не го доживував така. Ептен ми се одвратни препотентни луѓе. Политичкава порака, сега уште полошо изгледа. Ај селанче, не е страшно, ама опичено говедо, шо глуми Jenny from the block, од такт ме вади
Ако од другата страна е ДПМНЕ какво што е сега, дефинитивно да. Инаку моето решение е обете партии да се реформираат ама од корен, ниту еден од сегашниве да не остане, ни од едните, ни од другите. Потполно нови лица требаат. Или, експертска влада во чиј состав ќе бидат членови на обете партии, зашто независни е практично невозможно. Јас се молам да падне Заев, ама не гледам ништо подобро ако од другата страна стои Мицкоски, напротив.
Вмровците што се отепаа од крадење додека беа на власт и лукаво си се повлекоа кога требаше, пак изникнаа деновиве како феникс, ама народот не спие, памти.
Еднаш го имам сретнато пред 10 години и човеко вефнаш ми дтана одбивен, го има оној социопатски поглед во очите, лажливец, самобендисан... Од тогаш го имам стборено ова мислење и ниту еднаш не сум помислила дека е погрешно, напротив уште поубедена сум дека е таков. Од кога стана кандидат за премиер знаев дека лошо ни се пишува. Ова во јавност што излегува е само мал процент од вистинските зделки на Заев.
Вака не размислуваат ни членови на СДСМ, кои важат за учени и разумни луѓе и јавно ја критикуваат дејноста на СДСМ како власт. Претпоставувам дека си екстремно лојален член на СДСМ, кој под секој услов ги поддржува и оправдува (како прееска што рече дека ненамерно се запалила болницата, која бтв ненамерно била изградена со којзнае какви нелегалности и ненамерно никој не поднесе одговорност), бидејќи освен нив никој не го тврди ова како ти. Од друга страна, ја поддржувам идејава. Доста се поставува една партија како уценувач, и уште од создавањето на Македонија е непрекинато на власт. Затоа е потребно здружување на овие две партии, кои патем не се разликуваат во ништо освен во називите. Дефинитивно е потребно да падне Заев. Во најмала рака е потребна било каква промена. А за Мицкоски, иако не ми се допаѓа како политичар, не можеме да зборуваме како вистински би се остварил, бидејќи на почетокот сите имавме големи очекувања од Заев кој ветуваше далеку поразлични работи од оние кои всушност ги реализираше. Така што тек допрва (се надевам) би дознале каков почитичар е Мицкоски. Инаку има многу подобри политичари кои би можеле да бидат на чело на ВМРО. Да речеме, Муцунски.
Хахаха, не. Не на сите избори сум излегол да гласам, нит ги поддржувам во сè, а ни имам членска од нив за да им бидам огромен поддржувач. Ниту пак ќе гласам на следни парламентарни ако ништо не сменат. Така изгледа можеби поради мојата омраза кон дпмне, што ништо не би можело да го надмине тоа. Во однос на модуларната, секако дека треба да се поднесе одговорност од одговорните, вклучувајќи министер, премиер, градоначалник, директори итн, ама знаеме дека кај нас не се поднесува одговорност за ништо. Јас бев многу револтиран и сум сè уште после одбивањето на оставките секундарно, а примарно што истите не беа неотповикливи. Нејсе, не ми ја разбра поентата таму, да не се објаснувам залудно. За Мицкоски можеш многу да заклучиш од неговите јавни излагања, по зборот му се познава дека ниту тој не мисли она што го зборува. Плус, многу очигледно дека само слуша наредби од неговиот претходник, редовно си е во посета на Будимпешта. Има и вмро квалитетни членови, не велам дека нема. Муцунски колку што го имам забележано ми изгледа како исклучително добар политичар со добра репутација, за разлика од овој сегашниов. Ама така гледано и СДСМ има многу подобри од Заев за челната позиција, така да нема што да бараме подобри, кога овие се сега и нив ги гледаме. Јасно ми е дека Мицкоски ќе биде премиер, ако не сега, за година- две, така да, ќе се увериме сите дека не се смениле ама ич. Времето ќе си покаже. Длабоко се надевав дека после незадоволството од Сдсм сега, кое е 100% заслужено, народот ќе се сеќава и на она претходното, па ќе избере нешто трето или ќе бара друго решение, преку масовни протести или не знам што. Ама очигледно дека не знаеме така и постојат само овие две водечки партии, па ќе си ги менуваме само нив. Многу е иронично да се надеваш на Мицкоски како еден од директно вклучените во режимот и во таа партија дека ќе донесе подобар живот. Не, нема. За Мицкоски, бонус: И за реформираното ДПМНЕ: Омраза, многу омраза и уште повеќе нефер играње. Не се смениле
Омразата кон вмро, тоа е главниот момент, која ги надминува сите работи што ги направија сдс изминативе години. Ова не го сметам за логична причина, освен ако не си член на сдс. Едниставно, не е диволна причина за така да размислуваш. Ама дефинитвно сите разбраа дека болницата е изградена со милион нерегуларности. Напротив, во главно бидејќи "одлуките" кои ги носеше не се својствени за Будимпешта. Мислам дека само не може да се справи во лидерска функција, како да нема карактер. Како сакаш кажи. Од актуелниов режим поголем нема. А јас прифаќам се' што е подобро од тоа, вклучувајќи го моментално и вмро, иако во главно сум поддржувач и поттикнувач за трети партии.
Значи не знаеш што е режим. Гласајте си па ќе видите. Или можеби не, ако им кажете дека сте ги гласале вие ќе уживате гледајќи како малтретираат СЕ што не се согласува со нив. Не осеќам веќе потреба да ти реплицирам тебе како некој што често менува ставови само за да се прилагоди на форумското мнозинство. Секое добро.
Отворете инфомакс и гледајте како комуњара даваат поткуп у живо и тепаат новинари. Се надминаа од првиот круг. Сеа и бубрег да дадат, ЗИМАЈТЕ И ПАК НЕ ГИ ГЛАСАЈТЕ, ИСТО КАКО ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ ДА ИМ НАПРАВИТЕ.
Сфаќаш дека не си во право, во тесно си и одма напаѓаш со навреди. Типичен белег на сдс-член. Какви и да ми се мислењата, барем не се по наредба од штабови.
Реков дека нема да реплицирам, ама не ме држи Ако реалноста те вреѓа, тогаш извини. АМА! Ајде да речеме дека сум член на СДСМ (значи хипотетички) и дека она погоре е типично мислење на еден сдсмовец, ас ју сед ит. Типичен белег, како и да е. Значи, навреда е типичен белег на член на СДСМ, според тебе. Сега, да споредиме мислења на типични вмровци: + бомбите. * сликите од крстот за Заев и таа другата од Гоца нема потреба пак да ги постирам, си стојат пред некоја страна. Кој е типичен белег на член на дпмне Венус? Кој типичен белег е полош и посуров?
Најдолното од најдолните се ваквите луѓе. Без разлика од која партија. Немањето симпатија и емпатија е одлика на социопати. Врие во земјава.... *Хинт: Социопатите се создадени со одгледувањето, психопатите се раѓаат како такви.
А за уво што викаше да го вадат народот на гласање бркатата Гоца? Или во заборав отиде тоа? За греота. Демек СДС поткупува, ВМРО не. Мало сутра. Во мојот град се турија од поткуп. Џабе се мачите едните да ги издигнете за сметка на другите, кога не се знае кој е побетер. Мртва трка.
Е да, сега колите им ги зимаат да не одат. Луѓе, ако ви ги земат колите за на технички, одете пеш! Одете гордо!
Со идеи од вас обвинуваш други? Гоца на технички праќаше на митинзи обично, да немало многу луѓе Или, да ја цитирам "На технички сè им праќаме хаха, салата ги праиме бе хаха" Во однос на Кочани вчера, ако ова е вистина, бедни се ептен, значи ептен.