И да падне и да не падне, јас пак ќе си останам Компир Манџа. Истото ќе биде и со дпне. Убаво рече Гоце Цветковски...овие две партии се во коалиција 30 години, ама народот тоа не го гледа или не сака да го види. Затоа нит си гласам, нит гласав, нит ќе гласам.
И да падне друга како нив ќе дојде, па обратно и се така во круг. Некоја сосема друга партија да дојде на власт во блиска иднина не верувам, нема да го дочекам тоа по се изгледа. А и да дојде пример некоја година ќе бидат по различни од другите партии и со тек на време и они ќе станат како нив и така.
Секоја година нека има избори ако не па и да се вртат едни та исти барем ќе се натпреваруваат малце ќе се помачат со нешто да направат за следната година пак на фотеља да седнат. Не да ми квачат по 10 години и да стагнираме или наназад да се тркаламе.
Ич не се замараат и на секој 3 месеци да има избори ќе биди курто или мурто кој и да е ќе го штити другиот и така ќе си прават како сакаат.
За нешто кутрите ние што сме останале тука да се фатиме, некоја трошка надеж... Жалосно, да беше филм ова што се случува со нас, луѓето што ќе го гледаа нема да можеа да престанат да плачат.
Ако Западот така сака ќе падне владата. Смешен ми е народот што мисли дека тој успеал со пенкало да го тргне режимот од власт. И што е најтрагично беше тргнат режим, а по нив пак дојде друг режим на власт само во поинаков облик. И така ќе се вртиме во круг со години.
Не ќути народот, гледаш напротив наголемо зеле ги враќаат истите гомна. Не знам што да кажам, не мислев дека сме до толку слепи, башка и не може 1 милион луѓе да гласаат под присила, од страв, или да се поткупени. Голем дел од гласачите по сопствена воља си избрале тоа што си избрале. Е тоа е тажното.
Народот трпи силување од политичарите. Навикнат е изгледа. Нафтата и 80 да ја направат, мува нема да ги лази. Ама важно гласаат, улиците им ги направија. Тоа е многу добра работа...и американците можат да ни позавидат. Толку улици ни кај нив не се асфалтираат.
Сѐ точно, но истите тие градоначалници и кандидати секогаш ја ставаат својата партија пред службата и граѓаните. Ако нешто е во интерес на партијата, а не е добро за градот што се случува? Затоа и е мешањето, бидејќи и делувањето нема граници. Како ќе му текне на шефот, така ќе биде, затоа нема што да се чудиме.
Ако е од сигурен извор зошто не пријавиш? И тие на кого се врши притисок нека пријават, а и неможат тек така да изгубат канцеларија, особено ако криминалците изгубат апла ќе е приметно.
И што ќе направи ако пријави политичар што е моментално на власт? Само ќе си ги упропасти работите...во оваа држава нема суд. Судот е на политичарите и мафијашите (криминалците). Полицијата не ги штите граѓаните што е нивна обврска, а не па да тужиш некои политичар, бизнисмен, криминалец. Се додека се на власт сдс на Нашата Земја, дпне, дуи, нема просперитет во оваа земја. Ако веќе не можете да одолеете на гласањето, гласајте за независните барем.
Абе најлесно е тоа пред лаптопче куцање и исправање криви Дрини, а да не се знае стварно како е. Не се тешам, ме бутаа и мене иако правев минимални грешки. Знаев и ме бутаа. Сега шо праеме? Кој е крив? П.С. Не се тешам, пошто немам јас толку пари колку што слушнав дека им е тарифата. ППС. Да мислиш дека со знаење се полага е исто да мислиш дека ако си насмеан во државна админ. ќе ти средат одма работа. Затоа една убава сообраќајна култура имаме, оти сите поминати се со знаење. Смешки
За жал во право си. Секогаш избраниот градоначалник ќе ги избере интересите на партијата пред интересите на градот и локалните жители, затоа што него го изгласале партиските симпатизери, не локалните жители кои го поддржале како поединец. А истиот тој каднидат ако се кандидира како независен кандидат ни 1000 гласа нема да добие. Тоа е веќе системски проблем кој за да се искорени треба многу време да помине и нас граѓаните да ни се промени начинот на размислување и делување. И секогаш ако владата е од една партија, а градоначалникот од друга партија тешко тој град. Што пак е мешање на различни работи ама нажалост така е.
Ама на независните им треба време да дојдат на власт, еве Левицата е пример дека полека се искачува што ми е баш мило, и се надевам дека ќе имаат шанса да завладеат еден ден. Но до тогаш ако власта е катастрофа, а помалата партија нема шанси за победа се гласа конкуренцијата.
Левица ако дојде на власт рачунај дека ќе станеме како времето на Тито. Јас лично не сакам левичари. Власта треба да ја има народот, независни кандидати, а не некои со костими, бизнисмени, криминалци. Ете денес Зоран Божиновски пиша и за Данела Арсовска, која е кадар на Гулашот. Другиов пијаница тешка, сељак тежок (како карактерна особина). Уште долго време ќе не дерат дпне и сдс. Што очекуваш од народ што пишува ,,амин" под слики од црква...
Исто е и со цигните, се истурија од поткуп кај нив. АМА! Сега вака е муабетот, циганите да викаат ќе гласаме и да зимаат се што им даваат а да си глсаат како сакаат (изборачки места со 100% цигани и поткуп изгубија СДС), луѓето у Прилеп од 28 избирачи на изборачко место, сдс со кола однесе 7 оти биле нивни и убедени. ВМРО добило 28 гласа а сдс 0. Исто е и сега со списоците, јас ќе те пишам, кажи ако те прашаат дека гласаш за сдс, гласај си како сакаш. Омразата кон СДС е огромна, сега кој и да ги ставиш противкандидат ќе победи против нив. народот им даде власт за да сменат нешто, а они беа уште полоши, страно лоши, неверојатни. Затоа и ега е ова казна кон нив, не е за вмро, туку чисто омраза кон неспособните, оти лажеа, а ништо не направија. Има најава за ново мнозинство од 62 пратеника, заради коалициите, има и изјава од ЗЗ дека као у скопје изгиби сдс, ќе си оди сам. А у Скопје ќе изгуби секако. Жално е што лажеа каков рејтин имале, Призма, Брима, Прима, рајтинг, сите лажеа и им пумпаа скор. А народот секогаш гласа со победникот во втор круг. Мора да се забележи и дека ова е прв пат опозиција да тепа на локарни додека васт има друга партија, со одврзани социјани ќесиња, МВР, поткупи и слично. Е толку е омразата и нетрпението. Така, со среќа нека му е.