Само кај нас може Пу пу не се важи, исто беше и кога изгоре модуларната болница. Аман светот ќе ни се смее, ќе бидеме на сите насловни страни, Премиерот ди дал оставка па се предомислил. Циркуси и брукаа, ама што да очекуваме од циркузант
Премиерот Зоран Заев ќе ја официјализира својата оставка како премиер кон крајот на годината, објави „Телма“ Ко што рековме... пу, пу, не важи! За ова треба да си роден, искрено. Немаат овие лице, туку ѓон!!! Мува не ги лази
А јас па реков Талат ќе ја загуби, нешто стратегија на забуна. Не бре, максим по дивизија. Непоправлив оптимист сум во песимизмов Со задоволство ќе ти платам во вторник...ко што велеа во цртаниот филм
Еве како размислува нормален свет: https://faktor.mk/zamislete-gradona...ite-izbori-vanhojte-so-silna-kritika-kon-zaev. Само кај нас локални избори со парламент и влада се врзуваат. Боже колку сме назад во сфаќање на демократксите процеси. Односно колку има една партија што се ќе направи само да дојде на власт.
И онака власта е на стаклени нозе колку и да се чаталат дека имаат стабилна коалиција џаба им е се знае дека кога тогаш ќе паднат и тоа како керамида од на куќа како од високо
Го збори ова член на партија чиј што лидер со денови дава оставка само на зборови ... и тие околу него. Ви фали објективност во критикиве ама битно ми укажувате дека врти како сакаш, се што прави едната партија е веќе видено од другата. И така во круг..
Незнам што се будалат и ВМРО. Запнале -предвремени под итно. Абе остај нека потоне власта до крај. Сега во оваа криза најмалку 2-3 години ќе им треба нешто од нешто да се види што работат, до кристален резултат од напорите што би ги правеле - тешко ќе се стаса или воопшто нема да се стаса. Ситуацијата во земјава тешко се оправа. ...може јас пак црно гледам на работите па така ми се чини
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти конечните резултати од вториот изборен круг на Локалните избори 2021. *Dali so ova oficijalno se zavrsheni izborite? Dali ke moze da se prodolzi so procedurite za vrabotuvanje vo drzavnite institucii?
Реалноста е фотографија на која нешто се договарало, а не е скроз договорено. Воопшто не ми се допаѓа ваквата реалност. Што докажува дека сите ние овде сме водени од емоции, а не од разум. Доволно е да се покаже малку голо тело, па да замислуваме порнографија. Разумот би нè потсетил дека енергетскава криза ни е намерно наметната за да ослабуваме и да стануваме се позависни од надвор. Дека инфраструктурната криза е истотака теледиригирана. Трошковите за транспорт од еден крај до друг крај на државата растат континуирано, а во нив се трупаат и трошкови за одржување на возилата по најверојатно најнебезбедните патишта во Европа. Намерно ги растурија огромните градежни гиганти кои имаа и кадар и капитал, за да парите се одлеваат по Австрија, Грција и којзнае каде не. Владеењето на хаосот е намерно предизвикана состојба која е непрекинато менаџирана 30 години. Доказ за тоа се и атентатите врз двајцата претседатели. Промената на владата нема да донесе промена на таа состојба, ако не се сменат начинот на работа и целта кон која треба да се движиме. Кога секој асфалтиран пат би траел барем 5 години, пред да се појави и најмала дупка, кога железницата би била побезбедна и возовите навремени и без откажувања, кога секоја државна плата би била исплатена во целост на време, барем до 10-ти, кога во болница би биле третирани по достоинствено, кога во образовните клупи децата со нетрпение ќе го чекаат наредниот час наместо одморот, кога ова би било реалност, ех... А лесно е. Кога претседателката на уставен нема да зборува "колку" судиите ќе им дозволат на политичарите да им се мешаат во работата, туку "дали" ќе дозволат.
Падна ли владата? Вмро одма по избори го призна името Северна, и после само Заев бил пишманот. Дајте веќе еднаш да си признаеме дека сите се исти. И ние народот исто така.
Беса ја погази својата беса. Којзнае колкав притисок трпел Кастриот, признавајќи дека имал контакти со високи меѓународни дипломати.
Хаха, немал никаков притисок, туку работата е кој сака да биде милионер. Фрлено му е некое милионче. Не е битно. Се знаеше дека некој ќе биде потплатен. И да падне, и да не падне, владата е тотално нефункционална. Плус, ја изгубија контролата на локално ниво.