Не можам. Ниту пред 20 години нешто разбирав, ниту сега нешто разбирам. Странски е филмов за мене, говорот на тело не ми се свиѓа. А и не ми изгледа нешто ЗЗ среќен, шузнам...
Димче за Вмро викаше ќе си лежите, за Сдсм ќе си висите.. Некако многу насилнички.. Шала на страна, многу лош речник воопшто, а професор..
Шала на страна. ВМРО ич не ги сакам, ама на Заев вакви глупиранција стварно не му беа потребни. Не мораше да изјавува дека дава оставка ако знаеше дека нема да може да даде оставка (од партија и странците не го пуштиле де). Сега испаѓаме тотална пародија од демократија, држава и како сакате кажете.
Изгледа не знаел. Одма удрија странциве офанзива. Руте го нацртаа баш дента пред гласањето. Не знам веќе што да кажам.
Ние сме хибриден режим веќе со години, не сме демократија. Изборите се фарса. Не гласал за оставна ка владата а два дена претходно се потпиша. На ден на гласање го нема со цела фамилија и никој не знае каде е. Чита ливче напишано од друг. Луѓе пакујте куферите, ако не за вас, за вашите деца. Ниедно дете не смее да остане тука да живее.
Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, кој вчера не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, денеска своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека пријавата оти е исчезнат е невистинита, информираат од МВР. „Во врска со вчера добиената пријава во Полициската станица Бит-пазар за К. Р., МВР известува дека пред малку К. Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита, односно никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство, заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница“, се наведува во соопштението на МВР. Лидерот на Беса, Биљал Касами, вчера го повика МВР да излезе со службена информација каде се наоѓа нивниот сопартиец изразувајќи сомнеж дека тој е чуван под присила. „Во ситуација кога одам да го пријавам за исчезнат во МВР, излегува видео од него – затоа се сомневаме дека оваа ситуација e исценирана“, рече вчера Касами.
Поима немам стварно, јас за јадењето сум у темава, чекам да направи некои пуканки, дека ова не ќе заврши така брзо, еве во пон.ќе се објави во јавност киднапираниот
Многу неинформиран како за премиер, еднаков меѓу еднаквите или еднаквите не го сметале за доволно еднаков па подоцна му кажале сам што не укапирал. Кој знае што ќе да е во прашање, реков јас у една тема може и он е откраднат од вонземјаните
Ако по вчерашниот ден и сликава народот не сфати кој владее со државава и каде ќе не однесат, не знам што да кажам. Човекот насмеано си кажува 3(бројот кој го имаа Дуи на локалните избори). Додека овој со црнава маска многу задуман нешто. На вакви сценарија најдобриот режисер на трилер филмови може да ни позавиди...
Да ја донесеме Меркел онака, пензионерски со нас да се занимава Државава до душа, секогаш се потпирала на туѓа помош и донации. Социјален случај сме ние. А политички сме скроз неспособни, па за секој спор, странци нѐ помируваат со нивни решенија.
Абе не беше Меркел еднаш специјален советник на некого за нешто или сум сонувала нешто? Ајде брзо, кој памти, имаше ли такво нешто?
Способни се, способни и за многу повеќе, ама така им чини, дека тие странците за џабе ли ни идат, све се тоа плаќани од државни пари од пари во буџетот, а кога се зима од државна каса за некој уз пат капе и по патот да се најде и за многу други. И кој си ги најде негови си се
Го исклучиле Реџепи од партијата. Објавил Касами: Лидерот на Беса, Биљал Касами, на својот фејсбук-профил истакна дека го исклучува Кастриот Реџепи од партијата. Касами додава дека оваа одлука стапува на сила веднаш. „Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, кој не се појави во Собранието пред неколку дена, да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со кој постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето Беса, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето Беса, го исклучувам споменатиот член од сите партиски функции и како член на Движењето Беса“, напиша на својот профил Касами. Извор: novamakedonija.com.mk Гарант му се заканиле, му понудиле пари... Што ли ќе излаже во понеделник.
Ќе каже дека му правеле притисок од партијата (која веројатно сам си ја избрал). Ќе зборува за евроатлантски и добрососедски политики, ќе каже како мисли за доброто на Албанците, Македонците и другите народи и ќе објави дека преминува во ДУИ.и ќе биде дел од новото мнозинство (Се занесов малку и јас со сценарија ,извинете ама веќе не знам даали да се смеам или да плачам ,ова е трагикомедија ). А секако дека е купен...
Тураат дрога во пијачките... Друго објаснување нема Овој по ФБ го исклучил, овој по ФБ се изјаснил, остана уште некоја невидена глупост да видиме?