Дали ќе падне Владата на Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mateo mark, 20 октомври 2021.

  1. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Боже боже, што сака да каже со тоа, Господ да ја благослови Америка?
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.614
    Мене едина асоцијација на Америка ми е :cash: :cash: :cash::D
     
    На Mnik и Pea им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.722
    Допаѓања:
    41.593
    Пол:
    Машки
    1 Абе глеј си сеир и прави се како да не си од тука. Сеирот е супер работа. Ама не е смешно кога ќе ти текне дека и ти си дел од сеирот.

    На пример, баш би сакал на случките од „драматичниот четврток“ кога требаше да падне Владата на Заев, да им пристапам со леснотија каква што демонстрираше Христијан Мицкоски. Додека траеше неизвесноста во Собранието, а луѓето грицкаа нокти пред телевизија, навивајќи кој ќе победи на Собранискиот канал, Мицкоски рече дека бил на предавања на факултет и не знае што се случува. Еве, животот си тече, Владата ќа падне, тој од утре ќе биде премиер… Кога попладнето виде дека не ја бива работата рече дека му се згадило од политика. Ама, додека е вака послободен, оти не ќе може од утре како премиер кога ќе се фати за работа 24/7, па отиде во болница и се пофали со слика на фејсбук дека извадил масно ткиво од вратот.

    Ете, тоа е јавната порака на идниот премиер, наспроти пораката на сегашниот премиер кој во емотивен налет си даде оставка, па кога виде дека ја оплеска се примисли и рече „Не, ај сменете ме ако можете“.

    Штета што не падна Владата. Не е до Македонија, туку светот ќе изгуби многу затоа што Мицкоски нема да биде премиер. Оти тој ќе ја решеше енергетската криза со која се мачат сите земји. Трајко Славески ќе нè спасеше од инфлација и поскапување на храната – нешто што не ѝ успева на Ангела Меркел во Германија. Ама таа ионака си оди, баш ѝ е гајле. А со Вело Марковски ќе го снемаше ковидот. Апасиев ќе нè спасеше од трошоци за оружје за НАТО. А и таблите не ќе мораше да ги менуваме со албански јазик. Оти ќе го укинеше законот за двојазичност.

    2 Штета што не падна Владата. Оти така и ДУИ ќе отидеше во опозиција. Не дека албанските гласачи имаат друг сериозен избор. Со ваква опозиција од другите албански партии паѓањето на ДУИ е научна фантастика.

    Впрочем, требаше да сфатиме дека иницијативата за туркање на Владата не е сериозна во моментот кога министерот за земјоделие Аријанит Хоџа зборуваше за уривање режим. Си поднесе оставка откако не успее да ја турне Владата. Односно, не успеа самиот себеси да се турне. Како ли му било на Хоџа секој ден пред да трга на работа во Министерството? Си се гледа министерот дотеран во огледало и му вика на огледалото: „А режиме, режиме, ќе паднеш режиме“.

    А не беше режим до ден после изборите, на 1 ноември, кога истиот Аријанит Хоџа рече дека Заев не треба да си дава оставка. Велеше “навистина е потребно да продолжи владејачкото мнозинство“. По неколку дена мнозинството стана режим кога ДИК прифати приговор на ДУИ за прегласување на едно место во Желино каде што победи Беса.

    И така прегласувањето во Желино, кое патем не се случи оти судот не ги прифати барањата на ДУИ, стана клучен фактор за стабилноста на владејачкото мнозинство, за иднината на земјата во НАТО, за Преспанскиот договор, за преговорите со Бугарија, за љубовта на Левица со Албанците. И за мир во земјата. И за мир во светот.

    И за сознанието дека зборот „беса“ го менува значењето кога станува име на партија, оти политичарите понекогаш знаат да ги менуваат ставовите почесто отколку гаќите.

    3 Е сега, откако не успеа да ја турне Владата, опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори. Е ајде де.

    За да има избори треба да се распушти Собранието. За распуштање на Собранието треба да гласаат 61 пратеник. И – пак се враќаме на „драматичниот четврток“.

    Значи, не – 61 потписи Не – мавтање со ливчиња на прес конференција. Не – сликање со кисели насмевки… Треба 61 пратеник да дигнат рака во Собрание. За распишување нови избори треба мнозинство. Не знам кој дел од оваа проста реченица не е јасен.

    4 Откако Заев самиот си изработи уште една шанса за поправен испит, нека мисли како овој пат ќе ја искористи. А тие од СДСМ наместо да продолжат да му се потсмеваат на ВМРО-ДПМНЕ за неуспешното туркање на власта, нека почнат да се занимаваат со своите грешки и неодговорното работење. А не да му плачат на Заев, аман не нè оставај сами, не си давај оставка. Оти, не за џабе ги изгубија локалните избори во речиси сите големи општини.

    И нека не спијат на увото дека непартиските гласачи би гласале за нив само затоа што нема подобар избор.

    5 Ова не е победа на СДСМ и на ДУИ. Но, може да е лекција за пратениците од опозицијата. Ако се паметни, белким сега видоа колку е неодржливо нивното однесување кога ја блокираат работата на Собранието за сè и сешто.

    Не може кога пратеници на владејачкото мнозинство доаѓаат во скафандери да гласаат пакет мерки за ковид кризата тоа да биде биотероризам, а кога опозиционите пратеници доаѓаат во скафандери за да турнат Влада тоа да биде врв на демократијата. Му играа мајтап на Талат Џафери кога среде ковид криза ги молеше да влезат во салата, а тие си седеа пред врата, а сега тие обвинуваат дека пратениците од владејачкото мнозинство намерно не влегуваат во салата за да нема кворум.

    Тоа се вика, со свој камен по своја глава. Ама, тој камен на сите од главата ни се удира. Особено што стана начин на парламентарно однесување. И особено што не сум убеден дека опозицијата и по оваа лекција ќе се занимава со нешто друго, освен со блокирање.

    Мислите дека имаат некаква визија како понатаму? Па тие немаа идеја ни што ќе прават следниот ден откако ќе ја срушеа Владата.

    Работава не ни е за сеир ни за смеење. Брзо заборавивме како е кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се добере до власт. Па уште и во комбинација со ДУИ…
     
    На staycalm, Tanjamm, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.655
    Пол:
    Машки
    Ево јас љубави ^_^

    Значи се започна вака, после локалните избори а посебно после победата на Дан(и)ела во Скопје, ВМРО-овците понесени од победничката атмосфера, пеејќи ја гордо низ улиците партизанската песна "Бела чао"
    1.jpg 2.jpg


    го осетија моментот "сад или никад" дека дојдено е времето за преземање на целосната власт и најбрзо шо можеа се собраа и се договорија, а почитуваниот Мицковски херојски се одважи и објави гордо дека имаат ново парламентарно мнозинство.
    4.jpg

    Дојде денот за гласање, сите од рано утро среќни весели ќе гласаат и нормално да се овековечи се тоа со фотка и спремни за славење.
    5.jpg 6.jpg 7.jpg
    8.jpg
    Но се случи пресврт, на некадарниве им фали пратеникот Кастриот Реџепи од партијата БЕСА, кој се јави покасно преку фејсбук статус и видео клип каде што соопшти дека се предомислил и не сака да поддржи влада која не е заинтересирана за евроинтеграции.
    Тука веќе се беше јасно, лавовите беа извисени и заебани.

    И на крај покрај срамната изјава на даскалот, се заврши со негово извинување за целиот овој срам шо го приредија.
    Мицкоски дојде во Собрание – пратеникот од БЕСА Кастриот Реџепи го спореди со покојниот Амди Бајрам
    11.jpg

    И додека неговите лавови и лавици мрзнеа пред собрание видно разочарани правдајќи се пред новинарите зошто и како не успеаа да формираат мнозинство, овој ги батали и си замина да си гледа здравјето по доктори каде шо си се занимаваше со правење на селфи фотки.
    12.jpg
    Толку.

    Мислам дека е време за клуч на темава :wasntme:
    1617982852_324354_gif-url.gif
     
    Последна измена: 12 ноември 2021
    На Dandra, oblace1, M.B. и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Како на цртан филм:rofl:
     
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    И сега до каде сте со ширењето дезинформации?
    Човекот сам се појави во полиција и се изјасни.
    Која ви е следната приказна?
    До кога со приказни?

    Добро ајде политичарите до некаде ги разбирам зошто шират лажни приказни, ама вашата цел не ја разбирам.
    Уствари, може е истата... Егзистенција зависна од партии.
    Жалосно.
     
    На staycalm, oblace1, Bratot и 4 други им се допаѓа ова.
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Женски
    Ајде бе, поголема приказна од тоа дека платеникот е „европски“ човек има ли?
    Премногу пристрасно ги гледате работите. Барем тука кај што можите да бидите анонимни, кажете си тоа што навистина го мислите а не мачкате очи небаре три годишни деца читаат.
    Самите знаете дека дебел кеш е во прашање инаку зошто би си ја продал фотељата?
    Ах да, дека е европски човек во прашање и мисли на твојата иднина.:rofl:
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Нели беше киднапиран?
    Сега ова ли е следната?
    Ете објективна сум.. Ова по ви држи вода, ама пак е приказна.
    Кога толку многу " убедливи" приказни се докажаа дека се лаги, човек веќе ни на вистини неможе да верува. Разумен човек мислев.
    Оти грото веќе се изгубиа.. Дел се свесни ама егото не им дава да си признаат.
    Се дур постојат поголеми политичари низ обичниот народ од политичарите, и се дур постојат толку многу луѓе на кои успехот и егзистенцијата им зависи од која политичка гарнитура е на власт, од нас не бидува ни народ ни држава.
    Каменувајте ме ако сакате тос е факт.

    Едниот дава оставкапа ја става во морување, другиот се слика во операциона сала селфи, третиот се заканува јавно... Ние се делиме на три групи и ракоплескаме некаде, кој каде.
    Ма одвратно.
     
    На staycalm, oblace1, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Женски
    Па не знам дали е или не е приказна, врска немам што изјавиле вмро ама мене логично така ми изгледа.
    Те прашав зошто би одбил фотеља наш политичар? Која е причината? И врапче на гранка знае.

    И провидно е да се групираш сега во демек “неопределена“ кога јасни ти се постовите во која насока ти одат. Во секакви ама не во неопределени и непристрасни како што се претставуваш.
     
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Да ти дадам податоци да провериш од кога не сум гласала?
    Точно дека е провидно, не кријам.. Бев, но тоа не значи дека ќе си удирам здрава глава во ѕид за некое од нештата со кое не се согладувам.
    Ама приказни и драми за да пазам столче во администрација нит сум правела нит ќе правам.
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    Сега е моментот некој/а вмровец/ка да ни го објасни скафандер моментов со оглед на тоа колку беше искритикувана Бисера од сдсм пред неколку месеци.
    Мене ова најмногу ме додирна.
    Чекаме дечки.
    Да видиме колку сте објективни, самокритични и други слични човекови доблести. :D
     
    На staycalm, oblace1, M.B. и 5 други им се допаѓа ова.
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Ќе дочекаш.
    Приказна со ' факти'.
    Динамично илустрирана, со солзи, со дрхтање со сФе.
     
    Последна измена: 12 ноември 2021
    На oblace1, referentka, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Женски
    Во последната реченица се осеќам отповикана да одговорам и нормално дека не е во ред.
    Нити кога влегоа другите нити овие.
    Тоа што треба да се искритикува ќе го искритикувам, за фалење веќе не ни остана нешто во државичево за да пофалиме.
     
  14. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Ќе ја заклучиме кога ќе падне ,,патриотот" за кого и е отворена темата.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Мала анализа за моменталната политичка ситуација во Република Македонија.

    1. ВМРО-ДПМНЕ го декласира СДСМ на локалните избори, а контролата врз локалната самоуправа секогаш води кон рушење на централно ниво. Последниве 2 недели гледаме многу позитивни промени низ општините. Се чистат депонии, се планираат нови зелени површини, паркови, градоначалниците се постојано на терен, а тоа во иднина ќе акумулира многу нови гласачи, затоа што тој кој ја контролира локалната власт секогаш ја контролира и централната.

    2. ВМРО - ДПМНЕ ќе биде новата власт во Македонија за неколку месеци. Тоа на сите им е јасно, но прашање е кој друг играч ќе биде во власта. Алијанса/Алтернатива/БЕСА или ДУИ? Албанската опозиција имаше животна шанса да го сруши ДУИ, а во периодот кој доаѓа тоа ќе биде многу потешко. Дали Реџепи свесно се продаде за пари или БЕСА свесно ја одработи опозицијата, тоа секако ќе покаже времето. Уште една дечја болест која мора новото раководство на ВМРО да ја прележи - никогаш не верувај на хоштаплери, преваранти и секогаш имај резервна карта во џебот.

    3. ВМРО - ДПМНЕ треба да игра мудро и паметно. Никаква радикализација. Времето работи за нив. Доаѓа голема економска, финансиска, енергетска криза. Се живо и диво поскапува, а СДСМ не знае ни кај тера, ни кај води, а со тоа ќе се зголемува револтот на народот. Плус, сега имаат контрола врз собранието и без нив нема ништо да помине.

    4. СДСМ е делегитимирана целосно. Партија во распаѓање. На гласањето доверба на Владата на Република Македонија се покажа дека немаат мнозинство во собранието. Никој не му се заканувал на Реџепи, никој не го спречи да дојде и да си гласа како сака. Тоа се приказни за мали деца. Не беше во прашање само потплатениот Реџепи, туку беа свесни дека ако влезат во собрание и обезбедат кворум за одржување на седницата ќе имаше и пратеници од нивните редови, кои ќе гласаа за паѓање на Заев и СДСМ. Затоа биле одземани телефони на одредени пратеници, биле држани во соби итн..Но, тоа е само мала добиена битка во изгубена војна. Приказните кои се пласираат тука на форумот и јавноста од одредени “неопределени“ личности дека ЕУ и амбасадорите сакале Заев да не падне, затоа што била загрозена нашата ЕУ интеграција (која никогаш нема да се случи), се само тоа - глупости за мали деца.

    5. СДСМ во наредниов период ќе проба да кешира огромни пари во албанската опозиција, за да поткупи некој пратеник и вештачки да се одржува мнозинството. Ќе ветуваат брдо и планини на Албанците, функции, директорски места, тендери итн. Колку албанската опозиција ќе си остане на збор, т.е. на својата БЕСА (даден збор и параф), ќе видиме. Времето ќе покаже. Тоа што е сигурно дека СДСМ на наредните избори ќе изгуби додатни 50-70.000 гласови.

    За крај бате Миленко Неделковски:

     
    На Vivienen, Bitter-Sweet и Mateo mark им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Ништо чудно дуи одржувајќи ја власта на заев, да одработува координирано со мицкоски, кој би сакал да ја преспие зимата и за кого поповолно ќе биде да преземе наредната година. Дуи за возврат старо-нов партнер во власта. Една теорија, времето или евентуално изборните резултати ќе покажат што е точно, јас не сум видовита :hai:
     
  17. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    На таа варијанта ќе игра ДУИ, знаат дека умрено е СДСМ.

    Но, ако ВМРО воопшто влезе во коалиција со ДУИ тоа ќе биде голем грешка, која грешка верувам дека нема да си ја дозволат. Плус моменталното трио на опозициски албански партии многу ги кошташе соработката со ВМРО, ААА изгуби 25к гласови а Беса излезе од Влада. Така да мислам 99% дека идната Влада ќе ја сочунуваат ВМРО со АА,А и Беса.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Можеби дуи ќе оди на пауза како во 2006 за пак да се врати, во Македонија се се повторува безидејно, нема ништо ново под сонцето.

    Не го следам многу албанскиот блок да бидам искрена, Беса се се уште под контрола на Ердоган? Ако е така, ќе бидат приклонети повеќе кон Вмро. Името е завршена приказна, НАТО алијансата повеќе не е засегната и работите би требало да се вратат по старо, бидејќи сдс засега ја изгуби употребната вредност. Не му е особено гајле на западниот свет кој ќе биде на власт во Мк, и така сите ги држат во џеб, па им дозволуваат да си играат диктаторчиња и мафијаши по 5-10 год секој.
     
    Последна измена: 13 ноември 2021
  19. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Ако замине ДУИ во опозиција тешко да се вратат....
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Можно е, а и добро би било, ама не ме занима. Одвратниот балкански национал-шовинизам преку кој рајата си го мами умот, нема да го снема со дуи, колку и да се најтерористичка партија.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.