Ремет си тераме ние во Прилеп со оваа случка , неможат да ги добијат ни гласовите од тие што со коли ги носат.
Ќе падне....2024 најкасно. Раус шо побрзо, ја докусурија економијата, ако останат они, корења ќе се јадат во Мк. Лошото е што наместо да решаваат реални проблеми, вемеро пак ќе почнат со националистички бајки и успаванки, само овој пат улогата на Грција ја презема Бугарија, т.е. ќе се продолжи и вмровски ќе се појача таму кај што сдспм ќе застане со таа приказна. А можно е и спорот со Грција да се повампири, кој ќе знае.
Хмм .. баш на овие избори се докажа дека народот повеќе нема да толелира никој и ништо. Им се даде втора шанса сега на вмро како на сдсм пред неколку години, ако ја искористат океј ако не мислам дека иста судбина ги чека како овие. Иначе мене ми е само жал за нас македонциве кои се распарчивме меѓусебе, и во партии и во муабети и во се. Покрај нас вакви несложни, други си ќарат.
Баш напротив вмровците во ист број гласаа и тоа е загрижувачки. Таков менталитет имаат, не им е гајле што ги соголија институциите и после сѐ што видовме од нив, најважно им е нивните да бидат на власт.. А дали тоа ќе биде за функција, тендер, работно место или само за чукање во гради макар и корење јаделе, тоа им успева секако со необразован и прост народ што чека гага од партија.
Не го преценувај овој народ, не дал втора шанса, туку трета, четврта и за едните и за другите , само што ние претпоставувам поради младост не памтиме. Има доволно сдсовци и вмровци верни до гроП, за останатите да живеат како нивни заложници во државата. Инаку колку долго вмро би опстанала на власт, ќе зависи од судбината на сдс. Се додека едната од тие партии е релевантна, другата ќе се наметнува како контратежа. Ништо чудно што задкулисно се поддржуваат и соработуваат.
Сдсм падна и на минатите избори, само што се дадоа на Дуи за да формираат влада. Сега сметам дека ни приближно нема да бидат за парламентарно мнозинство. Верувам и сакам Левица да добие што поголем број на пратенички места, за конечно двете најголеми македонски партии да престанат да се понашаат како да сме овци. Грев ми е што повторно луѓето ќе бираат помеѓу двете зла. Премногу погубни политики се тераат со години, а најпаметни се секогаш кога се во опозиција, обете партии. Едните се испокрадоа, сокриваа убиства, закануваа, другиве тераат проалбанска политика. Не е проблемот дали ќе падне владата на Заев, туку зошто воопшто би се гласало за Вмро да дојде на власт? Не разбирам, дали имате краткотрајна меморија или што? Пропаднати институции, неписмени вработени, плати најниски во цела Европа, справување со ковид, никакви болници, образованието дише на шкрги, правен систем само на папир, давање на привилегии на албанците, уништување на историјата, загаден воздух, депонии, смрад и гомора. И да се радувам дека Заев нема да формира влада? Бидејќи Вмро не е прочитана книга. Кога ќе дозволите трета опција да дојде на власт, тогаш имате право да се жалите, во спротивно, очигледно ви чини.
Ајде бе, менталитетот бил крив. Не СДс што уништи се што допре. А левица не може да се надева дека ќе добива повеќе гласови заради викање куриња. Факт е дека неспособноста на сдс направи да изгубат и никој друг.
Постот не е ниту за Левица, ниту за СДСМ, туку за гласачите на Дпмне кои гласаат упорно за нив после сѐ што направија. Факт е дека кај повеќето е од интерес, ако се пронајде и ти некако во него, нема што да коментирам повеќе, ти си знаеш најубаво зошто е тоа така.
Нити сум живеела нити ќе живеам некогаш од партија ама моето искуство вели дека подобро беше тогаш. Настрана сите тие криминали што ги извршија и треба да одговараат сите за тоа, ама се отворија тука неколку фабрики каде не само од Битола и Прилеп него и од околните места одат и работаат луѓе. Премногу вработени има. Тоа што сме заглавени со кредити, народот не го гледа. Ми се чини и ради тоа беше Груевски толку време на власт. Крадеше ама фрли и коска на народот. Последниве 4 години се зафатија со нато и името, не направија ништо значајно за државата затоа е бесен народот. Ми се чини се в џеб пикнаа. Не ја бива никако работава. Кој помини пуздер напрај.
Се согласувам, иако фабриките ги отворија странците затоа што овие им дадоа се за багатела, без да плаќаат даноци, дури за многу од нив имаше и државни субвенции, а сѐ тоа е долгорочна штета на наша сметка.
Ова е таа демократија? Со закани и уцени за гласови? Вршење притисок? Треба да падне и ќе падне. И да не се повтори.
Аман престанете да мешате локални избори со парламентарни. Нема што да паѓа оваа влада, способна или не, си има уште околу 3 години мандат. Преку путка им е на граѓаните од постојани предвремени избори! А во кампањите не би требало воопшто да ги има лидерите на партиите, туку самите кандидати за градоначалник.
И да се сменат работите во државава, никој не можи да не опрај. Во го*на сме до глава. Генерации после нас треба да исплаќаат.
Ќе падне и треба да падне. И никогаш веќе да не се повтори ваква катастрофа. Пак ќе кажам, не ми е јасно како е можно човек кој се смета за нормален во паметот да гласа за Заев. Што ли гледаат во него, срам ми е на тв по грешка да ми излезе а не пак да слушам какви глупости лупа и да му верувам
Ако се префрлат 3-4 пратеници од владејачкото мнозинство кон опозицијата, дали тогаш ќе владеат уште 3 години?
Преку путка им е на граѓаните и од Заев. Ако претходно можеа да се прават предвремени може и сега. Поготово ако е неспособна власта, и тоа како треба да има. Не се лажете дека немаат врска едните со другите избори, имаат и тоа како. Се гледа кој им е рејтингот, у иднина може само да им паѓа и тој што го имаат.
И? Проблемот е што никако не завршуваат во судница, а нормално дека ќе паднеш на избори ако не си ја работиш работата. Професорот многу сака да се фали, а колку е способен да сработи нешто едвај чекам да видиме.