Можат малцинска влада. Имаат, но не треба да имаат врска. Народот никако да почне да ја прави разликата помеѓу управување со град и општина и управување со држава од друга страна. Ниако не смее да се дозволи да има предвремени избори, затоа што на сите ни е доста од предвремени, непотребно расфрлање пари за организирање истите. За отприлика 3 години ќе можат да бираат нова влада на редовни избори.
Да, да нема. Така ви вели шефот во штабот . Самиот си кажа, "Доколку Скопје и другите општини кочат јас неможам да ја водам владата".
Заев рече дека ќе си поднесе оставка и од СДСМ. Така да ќе треба да бирате и лидер . Ако падни владата а тоа ќе зависи од вториот круг локални, ќе се оформи ново парламентарно опозициско мнозинство без гласање или пак парламентарни избори на лето. Важно готов е.
Апасиев игра топло ладно Прв ја чепна оваа тема со ново парламентарно мнозинство а после неколку дена друго, па сега ова....
И мене тоа страшно ме интересира. Со чоеков имам love-hate релација. Паметен е не дека не, ама ми се чини и манипулатор.
И тоа како би дозволиле, со задоволство ќе отидам да гласам. Поарно пари за предвремени отколку уште три години некој налудничав лик да прави што сака со државата како да е во лична сопственост на татко му. Ништо не се парите за избори во споредба со штетата која би ја претрпеле за толкав период. Таа власт која е неспособна да управува со општина уште помалку е способна да управува со држава. Мислам се гледа нели, по секој основ сме последни. Не знам навистина што толку ви фати око овие години откако се на власт.