Не, не, не е срамно да си патриот, срамно е да се поистоветува оправдување на тешки трагедии со патриотизам. Пример, името. Небитно што промената на името не смена ништо. Ти ми викаш ќе смени, јас во очајна ситуација ти верувам и потпишувам. Не менува, другава партија ме критикува дека не сум патриот. Знаеш што значи да не си патриот, да ти обезбеди државата се она кое што треба да ти го обезбеди, за кое што имала доволно време и пари, и ти и покрај одличниот стандард на живот да се согласиш на промена на име. А не да не се земат во предвид условите поради кои си се согласил. Не да викате луѓето што се согласија за името се глупи, ама кога треба да се гласа на избори тогаш веруваме дека граѓаните се доволно паметни да гласаат за нас. Двете партии добија ептен солидни шанси за да се докажат и двете заебаа.
Потфрлија и тоа многу. Неутрален во ваква ситуација неможеш да бидеш, длабоко сме инволвирани сите во политика, ама барем да се има некоја реалност. Во двете партии има луѓе и шкарт роба. Штета што нема да се опраи работата во догледно време.
Ма какво оправање. Долго време ми требаше да сфатам дека нема да го дочекам тој момент, во многу далечна иднина е. Пакувам куферите и чао. Колку сака нека е тешка преселбата, по 16 сати да треба да работам на ден, нема да е потешко од ова овде.
@Cka напад је најбоња одбрана нели. Одма ме нападна како немам свое мислење, како сум члена н аполитичка партија и слично. Да те молам. Уствари кога ќе размислам типично понашање на ВМРО е ова. Ако не ми одговара мислењето ќе те нападнам одма и на прва. И еве во мислењава само ВМРО ти е во право. Демек зашто не се бунеле СДСМ кога уништувале нешто. А зошто не ти сметаше тоа што ВМРО направи на здравството? И едните и другите грешат. Таквите како мене тоа може да го согледааат. Таквите како тебе извини се слепи за грешките на едната партија, а огромни критизети на сешто што другата прави па дури и ако не е се така лошо. Нема сиво, само црно/бело кај тебе. На ова мислев кога пишав ВМРО има војска (па ако сакаш и на луѓе со испрани мозоци). Инаку патриотизам не значи етноцентризам и необјективност. Патриотизам воопшто не е да си го вреѓаш сопствениот идентитет и да се себе понижуваш заради нешто што е објективна географска вистина. Патриотизам не е ни да бидеш понизен кон Бугарија далеку од тоа, ама патриотизам стварно не значи да навредуваш некого што сака да оди напред само затоа што самиот си премногу затворен и заслепен од назадна идеологија. Патриотизам значи да си ја сакам вистински државата и луѓето во неа. Да не им увезувам Италијанско ѓубре и да им го горам за да ги потрујам сите. Да не им крадам пари за патишта со лоши договори со Кинези и Грци. Патриотизам некогаш значи и да имам муда да направам нешто што можда не е популарно ама има шанси да го направи животот во земјава подобар. На лично ниво значи да не фрлам ѓубре каде што ќе ми дојде, да не гледам кого и како да фатам за побрзо да завршам работа туку да почитувам правила (сообраќајни, во банка, на лекар и слично). Најжално е што само се вртиме во круг. Ниту една партија не си ја сака вистински државата и нема вистински патриоти кои ќе работат за доброто на сите, а не само да се трудам со сите средства само да се дограбат до власт за да крадат и да имат само лична моќ. Нас ни треба професионализација, ни треба сите да изградиме систем кој ќе функционира без разлика кој е на власт. Да изградиме централна и локална администрација со луѓе што ќе знаат што прават и нема да мораат да го прашаат партискиот шеф дали да донесат ваква илил таква одлука туку ќе ја донесат одлуката што е правилна во однос на податоците што ги имаат. Еве вака размисллува некој што нема своја глава да мисли туку ставовите се преземени од твитер. Извини што не сум толку просветлена како тебе.
Јас сфатив дека се додека мене лично ми е ОК во смисла имам работа што ме исполнува, имам друштво, пари за да си дозволам мали задоволства нема многу да се замарам со политика. Гледам, следам ама не се замарам многу. Инаку ќе пукнам. Опцијата ми беше да останам во Велика Британија пред едно 15 години и се вратив. И од оваа перспектива мене лично ми е тука подобро, да останев таму кариерата немаше да ми напредува како тука, може и ќе останев без дете (го добив со ИВФ таму долго време немаше да се квалификувам за ИВФ и слично). Кога се вратив со дете таму сфатив дека тоа што можам да му го пуржам на детето тука нема да можам да му го пружам таму. А кога па отидов у Германија со дете и завршив 8 саати во болничка чекална за на крај да добиеме ибупрофен сфатив дека никаде не цветаат рози. Само ти каде ќе си го најдеш личниот мир и она што те исполнува е битно. Не е до државата туку каде ти ќе се пронајдеш да функционираш на начин што тебе ти одговара. Уствари пишувајќи го ова сфатив дека се плашам од ВМРО зашто мислам дека ќе бидам приморана да бегам од државава ако се вратат вака брзо на власт. Зашто по сопствена волја нема да ја напуштам. А се плашам дека уште еден мандат на овие луѓе ќе ја доведат до ситуација да мора сите да бегаме. Бегав еднаш од родно место во неизвесност кога ВМРО беше на власт во 2001. А секоја нестабилност на државава се случува кога е ВМРО на власт.
Многу ке ми биде мило во Скопје да победи Данела. Ако не победи таа сигурно нема да падне владата на Заец.
Јас тоа што го барам овде не можам да го најдам заради две работи кои се поврзани, менталитетот на луѓето и политиката. Имам пари и повеќе од доволно, имам друштво, имам работа што ме исполнува, ама ќе имам и грижа на совест ако детето не го изнесам од овде. Нејќам да живеам во град бр.1 загаден во Европа или во светот како ли беше, нејќам отруени кучиња по улици да ми гледа детето, нејќам пештерски менталитет на 90 посто околу мене, нејќам в такси да се качам и да ми збори таксистот дека жените се глупи возачи, нејќам да ја "зголемуваат" минималната плата, а уствари да враќаш пари на газда у плико, а во маркет 1000 денари си потрошил за 3 работи, нејќам да пријавам во полиција за семејно насилство у комшии и следниот ден да ме начека тој што сум го пријавила по скали, нејќам да се тепаат деца и да нема функционални служби, да е луксуз авокадо да проба детето, да е луксуз на море до Албанија да го однесеш, а деца на богаташите во државава од златни тањири ќе јадат пошто сме научени ќути има и полошо, нејќам да заврши факултет и никаде да не му ја признаат дипломата пошто сите знаат која дупка сме, нејќам сексуални кампови и изјави Ние се оградуваме, другите И ние се оградуваме. Кој останува во државава ако има пари, не мислам дека има таков веќе.
Ако ти отидеш од тука научена на пари и лагоден живот на детето само полошо ќе му направиш. Таму во критичните години на детето ќе треба да се снаоѓаш и детето да ти учи во б категорија школи. А верувај ми на Запад во сите земји има А и Б категорија школи. А се за побогатите, за тие што се од таму. Б се за дојденците. Се занимавам со таа пробпематика и сите истражувања на тоа укажуваат. А и лично сум го видела на дело. Има и А и Б квартови. Има и Ц квартови. Балканците се во Б квартовите како буфер зона меѓу А квартовите и Ц квартовите. Идеализирање на состојбата таму ќе имаш во првите неколку години па потоа ќе сфатиш дека не е се како што си идеализирала, ама на детето веќе му прошол возот. Ако мислиш детето да го исселиш од тука, ќе го спремиш него да си оди. Ако веќе мислиш дека таму некаде ќе му биде подобро. Ќе инвестираш во неговото образование, ќе штедиш и ќе му ја полниш глвата дека треба да си оди. И кога ќе дојде време ќе го поддржиш. Зашто ако си оди без деца таму ќе има време да се прилагоди, да си создаде социјален статус каков таков (кој не се создава од денес за утре), да се прилагоди на тамошната култура и по можност да најде локалец за брак за да не бидат и втората генерација на деца дојденците (дури и во САД моите роднини стануваат поблиски до англо-саксонската култура дури во третата генерација). Ама не е ова тема за тоа. Затоа сто пати се мислам дека треба некако попаметни луѓе да се активираат за да тргне тука на подобро. Ама сите ја бираат опцијата што мислат дека е поедноставна. И е можеби поедноставна за нив (за децата не сум сигурна. Читам статии како и емоционално влијаат преселби и слично).
Баш затоа сум уште овде, не од што многу ми се седи. Јас им се поклонувам на некои што без нешто многу заштеда и со голема самодоверба заминаа и работеа што било па се воспоставија после неколку години. Јас сакав да си го спремам тлото уште од овде за да ми е мек транзитот, не дека сакам многу пари да имам таму, само не можев да излезам од комфорна зона и често си имам зажалувано за тоа што не сум била похрабра ама нема врска веќе, стигнавме со мм до ниво да можеме да се преселиме без многу страв. А на муабетот - полошо е ако заминете ќе поверувам кога бројот на вратени иселеници ќе е поголем или барем ист со тој на тие што останале, засега не е ни приближно ист.
Син ми учи во училиште каде што одат и нивните деца, и деца на доселеници. Разлика апсолутно нема. Нема поделба на богати и доселеници. Многу наши доселеници се на убави работни места овде, па и раководни. Не знам кај си била, моето искуство е такво. А и од здравството не можам да се пожалам.
А на форумов што прочитав еднаш, кога ќе дознаеле дека си македонец во банка на пример не те пуштале по ред ко што си доаѓаш, туку прво нивните, после ако остане време за нас. Еден од роднини и пријатели по странство ми го нема кажано ова. Ни еден. А да ми речеш на балкан дека така направиле ќе поверувам без проблем
Види, зависи како се осеќаат луѓето, а може и да не разбрале што им рекле од шалтер и дали чекаат на правото место Оти со години не учаат јазик. А за однесување да не зборуваме, ама тоа е друга тема и нели многу навредени ќе се најдат и пак ќе се расправаме.
Леле Цка во цел свој сјај светнала, па и нов аватар, па текстови, пувања, дувања, абеее....ајде Јово на ново само ликовите сменети. Не знам како не ве избркаа од работа кога дојде сдсм, сите си останавте на позициите, сега треба да се радуваме што ќе ви се зголеми платата или функцијата едно скалило погоре ако дојдат вашите? Обичниот народ пак утепан, пак иста шема, исти срања.
Ај те молам не шири дезинформации у квартови децата учеле, не се третирсни нашите како треба итн. Живеам во странство и ниту детето го третираат поинаку, ниту нас, секаде сме еднакви со правата. Демек странците ладни биле, нема врска, културни се и секогаш со насмевка, дури и да не те познаваат те поздравуваат. У Македонија кога ќе застанеш на шалтер како дома со нож да си им влегол, така се понашаат.