Има луѓе кои кога ќе отидат во странство сакаат да се мерат со елитата. Дошол од мизерија едвај јазик збори со некоја небитна диплома од непризнат факултет и сака од прв ден Енглез да е, каква куќа они таква и тој, какви автомобили они таков и тој. Детето во елитни училишта да му оди и да е во богати квартови, какви што бај д веј има и во Мк, не само во туѓина. Па ќе се врати и ќе збори за квартови и разлики и поделби оти мисли дека на тацна нешто му следува, бесен оти не го пречекале со рози.
Тоа што го кажува @JoyJoy не е толку смешно и нереално како што го направивте. За тоа со квартовите не би се согласила, барем не за државата во којашто јас имам искуство. Но, зависи и дали сте во помал или поголем град, поскап или поефтин. Секако дека секаде има попосакувани населби за живот, а киријата таму е и поскапа, се разбира. Ако сте на убава работна позиција, ќе живеете кадешто сакате, ако работите што било колку да се снајдете, ќе живеете кадешто ви дозволуваат условите. Друго, за децата и школите. Баш денес читав за во Германија анкета колку од тие што се деца на родители со високо образование завршуваат факултет, колку од тие што се деца на родители кои немаа високо образование. Разликата беше прилично голема, секако во корист на првите. А нашите кога ќе одат таму за да работат на висока позиција, соодветно на образованието треба да исполнуваат одредени услови. Не дека не е можно, но повеќето не се на такви позиции. Сепак сметам дека ако детето е талентирано, ќе успее и само. Меѓутоа не ја заборавајте јазичната бариера, без разлика што децата брзо учат јазик. На темава за владата, да, сметам дека ќе падне, но не знам дали ми е мило или не. Зошто стварно "I am not looking forward to whats coming next". А и овие не ми се по метак воопшто.
Непатриоти и антипатриоти има сегде, тоа е лично право на светоглед, само мк менталитет е склон кон стигматизирање, па патриот или непатриот, се ќе се најде некој да го покажува со прст.
Ќе одиш во странство и како на високо образована особа, детето ќе ти биде во првите Темава да се прекрсти во пада влада, а Мантуб путује у иноземству...
ЈАс бев член на Вмро. ПРестанав да бидам кога требаше да одам по врати и да кажувам на луѓето дека му монтираат на Груевски и дека лажат,тоа беше надвор од моите принципи и сфаќања,се откажав од позициите кои требаше да ги “добијам” и завршив со нив. Од тогаш наваму ги критикувам и едните и другите. Не јадам леб од партија,не ми требаат воопшто,успеав без нив. Патриот сум,не одам од државава. И од денешна дистанца не ми е јасно што мајка бараат во партија образовани млади луѓе. Никаква десница и левица нема кај нас,само хоштаплери. Пазарот дали ќе падне Владава е во Тетово.Дуи уште една војна ќе направи да не го загуби.Од друга страна алијанса гласаше за Данела во Скопје,а гласачите на Вмро за алијанса во Тетово.(тоа беше договорот) Бидејќи тој не влезе во втор круг,прашање е дали во Скопје ќе излезат вторпат да гласаат за неа. Беса мислам игра клучна улога.
Тие образовани и млади луѓе што се шлепаат по партиите се истите што завршиле со мама и тато, па очекуваат да им биде доделено најубавото легачко работно место.
Барем да се компетентни, да се брка работата ако веќе добиле работа врз основа на партиска книшка. Не, гледаш медицинска сестра на правна позиција рецимо. Нити знае, нити се труди да направи нешто јер партијата и чува леџа.
@WildMk да, мислев од авион се гледа. @Bridget јас одма по смена на влада си отидов од државна администрација. Веќе скоро 6 год не сум таму, а кога си отидов од институцијата беа 17 вработени. Сега се 37 од кои 31 сосе директор се Албанци. Од старите останаа само 6. Дел од луѓето таму не знаат македонски. Никогаш не би се вратила таму. Некој имаше пишано за абортус. Јас сум конзервативец, и ставот ми е таков. Не стасав се да исчистам, сега се враќам од курс.
Го видов вчера Апасиев. Наведната глава, замислен, одвеан некаде со мислите. Толку го сакам овој човек. Буквално цела младост и иднина ја положувам во неговиот лик. А ЗНАМ ДЕКА НЕ ТРЕБА ТАКА! Знам дека не смеам да се надевам, и вложувам мозочни клетки во политички креатури бидејќи точно знам како тоа низ овие 30 кобни транзициски години со сибирски камшик ни се одрази по кривите кичми. Ама не можам бе дечки, сакам подобра иднина. Ама тажно е некако, знаете. Толку надеж имав за Левица...а, сепак ништо не успеаа да издејствуваат. Инаку, мириса на хибриден режим. Од старт се осеќа дека нешто ќе се мати, зошто мислам дека Заев како и неговите претходници во вториот круг ќе уценува, поткупува, наоѓа кривини и ќе успее да победи. Ама кој ќе состави Влада, тоа е прашање за милион долари... Затоа прогнозирам хибриден режим. Бар првите две недели.
Секаде има различни класи никој не го спори тоа но не знам како таа разлика може да смета во нечие образование и развој. И што ако живеат во побогати населби, гаранција за 100% безбедност нема никаде. Ако членката мислеше на тоа дека школите од А категорија нудат поквалитетно образование не би се согласила. Мораш да се интегрираш во земјата каде што си, а секој што се труди добива, барем овде се цени трудот и знаењето.
Владата е избрана со парламентарни,не со локални избори. Пораз на локални не може да ја сруши. Опозицијата треба целосно да се обедини и постојано да врши притисок.Ама,тешко тоа. И странските сили играат улога.
Убаво си кажала за ВМРО. Кога земаа залет беа тиранија. Два - три месеци пред избори со закани спремаа терен за што повеќе гласачи. Фирмата во која работев, а беше голема и успешна, додека имаше газдата ок однос со таа власт, не го чепкаа, а потоа им сврте некоја контра, сфатија дека не ги поддржува и ја ликвидираа. Си останав без работа. Живеев од хонорарна работа до следно вработување. Ај, тоа не се жалам, ама го воведоа оној погубен закон ако си хонорарец и имаш месечно над 8.000 денари, да си плаќаш здравствено осигурување од 1.100 денари месечно, или приватно да се лечиш, ако ти треба услуга од лекар. Ужас. Јас еден месец ќе фатев 8.000, друг 12.000 денари, лимитот за да ти плати државата осигурување на годишно ниво беше 96.000 , а јас правев повеќе од тоа, и скапав од нервози. Среќа па не ме стрефи нешто, да ми требало операција или нешто слично, ќе ме одереа по болници. Која неправда. Од друга страна, Грујо го воведе оној погубен закон секоја што родила трето дете да зема по 8.800 денари. По безвредно во животот се немам чувствувано. Ти ја сечат гранката на која седиш. Плус се заканиле на моите дека ќе го обележат мојот глас, тоест кога ќе одам на гласање, ќе го меморираат во телефон ако треба бројот на гласачкото ливче кое мене ќе ми се падне и при броење ќе видат што е заокружено. И не ги гласав нормално. Тиранија мислиш душа ќе ти земат.
Каков и да е резултатот ниту на едните ниту на другите ќе им текне да се опраат. Зло или зло... Нема тука подобри ни за нијасна. Поглупа кампањс немале никогаш. Само они се препукуваат и вреѓаат меѓу себе и ќе ми кажат овој бил боље оној бил помало зло. Се додека имаат таков грд речник, за мене се сите дно!