Дали ќе падне Владата на Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mateo mark, 20 октомври 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Се согласувам, само прашањето е колку на САД им е битно да ја 'оправаат' Македонија.
    Ако тие кренат раце, ќе не вратат назад ВМРО со надворешната.

    Ич не ми се бендисва таа помисла.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.883
    Допаѓања:
    186.628
    И со надворешната, и со внатрешната, мк не оди никаде, ни назад ни напред:shake:. Од 2006 или кога е добиен кандидатскиот статус, ни напред, ни назад, што во реално време е назад, јер светот оди напред.
    Треба некој да го сработи домашното, а никому не му се работи:doh:.
     
    На venus♡, Tanjamm и Mnik им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    4.671
    Пол:
    Машки
    Битно им е. Ако не им беше битно, немаше да го враќаат бај Бојко Борисов на власт во Бугарија.
    Не гледаше што им сторија вршење притисок и на Бугарите? Не се Бугарите - Грци, па да ги тинтраат...

    Македонија мора да ги реши отворените спорови со соседите, пред се` со Бугарија и Србија. Со Грција го решивме. Паралелно мора и внатрешно да се работи на борба со криминалот и корупцијата. Да одат в затвор сите што се огрешиле!
    Секако и здравството мора да се стабилизира и да почнат да се казнуваат малку и здравствените работници што не си ја вршат работат. И на крај Мила малку да се потсмири.
    Во однос на одењето напред, почнавме да одиме напред со самото тоа што влеговме во НАТО. Уште да се одлепиме од Србија (а со тоа и од Русија) и ќе имаме и подобри резултати во секое поле.
     
    На g8lQQk и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Баш тоа. (y)
     
    На daylight, fast_and_curious, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.883
    Допаѓања:
    186.628
    Е како бре во Нато а залепени за Србија? :D
    И што и фали на Мила, баш е мила:?: Може дури и премиер да биде, така соодветна:?:
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Ти шо се секираш?
    Глеј си за Австрија.
     
  7. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    За жал ќе се согласам со дискусијата погоре.
    Запад премногу 'вложи' во Македонија, а Заев е полтрон кој бескомпромисно прифаќа апсолутно сѐ, што го прави перфектно пионче за манипулација.
    Одлично ја тераат фашистичката агенда со силување на народот вербално и психички, и за тоа имаат плусчиња во тевтерот кај Западњаците.

    Од друга страна вмро си го искористија последниот АС во ракавот 2017, со бегалката во Маџарска, така да тоа е што е. За жал, нашиот пасивен и неосвестен народ ќе се радува уште долго на кожните чизми. Такви сме ние, мазохизмот и субмисивноста ни се во крв.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Цк.
    Кратката меморија и склоноста кон корупција е проблем.
     
    На g8lQQk и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Не е до меморија, како да ти кажам.
    Сиромашен е народот и единствен спас бара во овие две бои затоа што знае дека доаѓа време кога ќе се моли за парче леб. Официјално сме веќе влезени во криза, а бога ми и инфлација. Глобално и длабоко. Сите осеќаме, а тек топрвин ќе осетиме тековниве години.
     
    На Tanjamm и Vivienen им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Е како да не.
    Работа има, само што сите сакаат на државно
    'Нишај врата-земај плата'

    Да сум јас на власт, повеќе од 50.000 административци, нема да има.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vivienen

    Vivienen Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Баш ме брига за Србија, Русија и САД, македонскиот народ е во многу тешка ситуација и ќе биде уште во потешка.
    Што најавува Заев? Минимална плата 18000ден. што ќе резултира со голем број отпуштања, имаме недостиг на ел. енергија, МЕПСО влече од европските залихи на струја што е многу скапа, ја задолжуваат државата а долгот народот ќе го плаќа итн.
    Значи треба да се пресече ова, греота за народот.
     
    На Cka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.909
    Допаѓања:
    4.671
    Пол:
    Машки
    Е така убаво. Ем сме во НАТО, ем се палиме на Вучиќ и неговиот Српски свет! Ама, за нас само Бугарите се злотвори (што е српско масло), а Србите цвеќиња за мирисање. Ги жалиме постојано 12. момчиња од Ваташа и момчињата убиени кај Дабница, Прилепска околина (убиени затоа што биле комунисти, а не затоа што биле Македонци), но ги забораваме дечињата, кои српскиот окупатор ги фрлаше во фурните, пред очите на мајките! Забораваме како во Источна Македонија српскиот окупатор, убиваше десет и сто Македонци, за еден убиен колонист (се надевам, знаете што е колонист!), ама по порталите читаме како Германците убивале по 100 Срби за еден Германец...
    Секојдневно сме бомбардирани со вести од Србија. Отвораш било кој македонски портал, ти излегува што се случува во Србија. Арно им текна глупостите од реалните шоуа да не ги пренесуваат. Па за Дарко Лазиќ знаеме повеќе, отколку за цела македонска естрада заедно!
    Мила е залетана и заборава во која држава живее и колку лесно се манипулира народот во истата (не дека негде не се манипулира) и треба да си припази со постапките и изјавите што ги дава. Не оти нешто толку погрешно прави, колку што односот со јавноста и` е ужасен.
    Аман од употребата на фашизам. Аман! Дај малку размислете пред да го употребувате.
     
    На fast_and_curious и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Не сте вие криви, така ве научија комунизмот, системот.
    Дека до пари се доаѓа само преку аргатска работа и никако другачие.
    Не знам која е таа сатисфакција да напишете дека народ треба да се 'мачи' за да дојде до пристоен и лагоден живот. Тажно.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Абе тебе не те 'брига', ама во свет кој е поврзан на секој начин, не можиш да глумиш лудило дека си самостоен.
    Цк.
    Баш во комунизмот се научија да измислуваат работни места, да фаќаат врски и да трупаат администрација.

    Тетка ми, Бог да ја прости, шо велеше:
    “Дадо, ние еден вработен, еден шеф“

    И после: “Дадо, абе ќе ја затворат фирмата“.

    Ами кај можи еден работник да храни плус уште еден 'шеф'?
     
    На Orthophill и g8lQQk им се допаѓа ова.
  15. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Извинете господине.
    Како поинаку да се наречат ланските мерки на полициски час кој не важеше за политичката 'елита' во државата, туку само за обичниот народ?
    Како да се нарече забраната за влез во локали ако не си вакциниран?
    Или уште подобро прашање, како да се нарече забраната за нормален живот?
    Ама да, секаде е така, па и ние ќе го следиме 'трендот на јавното здравје'.

    П.С. Подобро држи се до тема религија, бидејќи тоа е нешто што најмногу ти лежи.
    Без навреда, најдобронамерно. :)
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Пандемија се нарекува.

    Каков 'удар' врз секојдневието на распашан македонец кој не сака да жртвува воопшто од својот комфор, па и по цена да умрат сите околу него.

    Себичност на дело.
     
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    9.674
    Пол:
    Женски
    Овие закани ги има сегде низ државава. Незнам што им е, на што личи ова, се вршат притисоци, со сила да победат. Се закануваат по фирми, ѕвонат по луѓе, директно бараат од нив, да ги гласаат, се нудат пари, дрва, чуда, ги тераат да се колнат пред икони, во цркви, дека ги гласале во прв круг. Како некој циркуз сме еј. Турска серија не ни е рамна. Налет све, со овие забегани.
     
    На Fraxinus и Luciferka им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Па шо ги слушате?

    Ехее, колку притисоци ми вршеле.
    Дури и со затвор ми се закануваа, па не попуштив.

    Ако им дозволиш да те уценат, вечно ќе ти го држат над глава тоа.
     
    На Orthophill и Luciferka им се допаѓа ова.
  19. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Па, не знам баш дали беше така.
    Да не ги заборави случајно дрвените стапчиња од кои болеа прсти, и кредите центрирани во чело ако не ја изрецитираш доволно добро 'Ленка' од Рацин?
    Или пак, бркањето од работа на дактилографките кои беа сексуално злоупотребувани и отпуштани од работа ако не напишат добар 'реферат' после работа во канцеларија кај шефот?
    Овие, и други бројни мерки ви се научени баш од времето на комунизмот, дека со труд и мака се доаѓа до пари. И плус дека нечесно се доаѓа до пари. Корупцијата е пред наше време, не е од сега.
    Во Југославија имаше пофункционален и одржлив систем отколку денес. Квалитетот на производите говори за тоа.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Мене не ми се научени.
    Вам ви се.
    Да бевте ко мене, немаше да биде се' корумпирано.

    Никаква почит немам кон системот во Бивша Југославија.
    Исто како што немам за овој во денешнава Македонија.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.