16 март-Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија.
21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на Северната Хемисфера, односно есенска рамноденица (првиот ден на есента) на Јужната Хемисфера.
30 март 1992 Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади
31 март 1889 Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел.