Ѕирни ги SVbeardcare, имаат интересни производи за нега на брада. Симпатично спакувани, можеш и некоја комбинација да направиш, нудат и пакети од повеќе производи. На фејсбук профилот имаат слики и цени
можеш у долен веш да му се појавиш, а срцето што си го купила напред стаи го, и коа ке речеш изненадувањееее тргни го Спојлер: изненадувањееее
Да бидам малку досадна и да дадам идеи кои не вклучуваат секс. Додуша, секс секогаш може да има де. По кој повод и да сакате да го изненадите дечкото, може тоа да биде со некој парфем, испринтана маица со натпис или слика од омилениот филм или игра, благо/солено што најмногу го сака (некое чоколадо или чипс) во комбинација со пакување пиво, некој жесток пијалак што го пие и слично. Кул помин од типот кајакарење или рафтинг на Матка, параглајдерско спуштање од Водно, решавање на загатки во Ескејп Рум и слично. Има доста начини како може да му се угоди на машко и да го изненадите и да биде кул, а не лигаво.
Да, на пример ако ти дојде со камшик и ортома, сакајќи кутрото девојче да го зачини вашиот сексуален живот од многу читања по форуми и статии по нет Секс како секс, не треба да се чека посебна прилика за него, ниту па многу-многу да се планира. Не дај боже па да се сфаќа и како награда за фино понашање (сум слушнала и тоа) Реално за да изненадиш некој треба барем малку од малку да го познаваш и секако си бара малку труд за организација. Најлесно е да купиш нешто, потешко е кога си со лимитирани финансии и услови. Сексот секако си е добредодјен, ама некако ми е греота да се вбројува во изненадување кога би требало да спаѓа во стандарден пакет : )))))))
Или од премногу читање 50 Shades of Grey... Така е - јас не ни мислев на оној секојдневниот, спонтан секс. Мислев на нешто позачинето, за кое треба и малце планирање и подготовка. Камшици и ортоми се опционални, секако, секој со своето. Секако, се сложувам - ова ми беше совет за оние што не само што очигледно не си ги познават дечковците, него се понашаат како да не сретнале машки створ у животот. Мече? Срце? Или како она видеоно со лошо фотошопирани слики од Париз и други градови со ливче „Виктор, Стефи те сака“? No, thanks. А и каква реакција очекуваат од дечковците за таков поклон? „Душо, мечево е ужасно?“ или „Жив срам ме изеде од видеово, те молам симни го од јутуб?“ Мислам, нормално дека никој нема да каже такво нешто. Ама, дека е ужасно - ужасно е, и би било добро девојките тоа да го разберат, за свое и за добро на нивните дечковци. Така да, нормално, и машките сакаат изненадувања и поклони, ама кога веќе не знаете што сакаат, тогаш секс, стриптиз, слики у долен веш (или без веш) се многу подобра алтернатива од срце или мече.
@Bender Rodriguez Види мене да ме прашаш мече и срце треба да се банира воопшто како опција за поклон, независно од полот. Демек ние женскиве умревме да добиваме такви беспотребштини што фаќаат прашина Тие работи се симпатични можеби на возраст кога уствари не треба ни да се има дечко/девојка Е сега тие слики од голотии и долна облека не знам колку се најпаметни, со оглед на тоа што секогаш има опасност да завршат во погрешни раце. Ипак не треба многу опуштање со тие работи особено кога се работи за пролазни врски и зелени мозоци. Да не испадне дека само мрчам, имам добиено од дечко многу добро видео подарок и е еден од најдобрите подароци/изненадувања што било кога сум го добила. Бевме раздвоени поради работа доста долг период, на различни континенти, со доста ограничена комуникација и ова беше единствен начин да ми честита еден момент што ми се случи во меѓувреме. Но, беше многу инвентивно, ме погоди во срж и се гледаше дека е мислено и време вложено во тоа. Не би откривала повеќе детали, но поентата ми е дека секоја идеја може да се трансформира во нешто оригинално доколку е осмислено конкретно за некоја личност. Многу е лошо кога поклонот е шаблон и се очекува да помине со солзи радосници. Епа не оди тоа така. И често се граничи со патетика. И ја ставаш другата страна во небрано да менува бои кога ќе ти го види погледот полн со очекување, демек „Види колку се е супер и срцкасто, ајде паѓај во несвест од воодушевување“. И така
дечко ми за 1 месец чека матурска, во врска сме година ипол и размислував што да му купам, инаку наскоро тој ќе оди да учи во Англија и сакам да направам или купам нешто што би му користело многу а и нешто што би му траело, инаку од облека и саат со се е задоволен имам чувство како што и да купам не му треба, веќе се си има, ве молам некој предлог?
Инаку јас сум права романтичарка и колку што сакам да бидам изненадувана саакам и јас да правам изненадувања па затоа на дечко ми многу често му правам некои мали слатки иизненадувања и тоа ме исполнува целосно и мене а и него, можете да направите романтична кутија, во аглите има срценца од страната слики како џебови с васи мали сликички, ленти со слики и најразлични работи, протофел внатре со кредитни картички од хартија љубовни кутијки направени од кутијче за кибрит и мн други мали а слатки, би го израдувале секој човек
Девојки се гледам со едно дете веќе 3 месеци. Многу ми е мил па сакав да му купам нешто, мало внимание а да не биде претерано зашто малце време се знаеме. Дајте некоја идеја ...инаку пушач е
не знам шо има врска изненадувањето со тоа шо е пушач ... земи му пакла цигари сериозно можеш некое чоколадо поголемо да земеш, или шознам ак сакаш поклонче може некое блузичка или друго не ми текнува
Во сексот може машкото да го изненадиш пријатно на пр. да земеш пена шлаг па да го измачкаш долу убаво и потоа да му викнеш една добра оралка. Подобро изненадување здравје.
Само да пази да не му го одгризе па да биде право изненадување... така вкусно, благо ... Спојлер Или евентуално многу изненадени ќе бидат кога ќе треба да перат отпосле..