Напиши му писмо .Љубовно писмо.Заведи го со стриптиз.Ненајавена отиди му насред ноќ,со шише вино. Облечи ја неговата омилена кошула,маица.Кога ќе ја облече нека го почувствува твојот вистински мирис. Ќе те обожува наредните неколку дена
Девојки ај некоја идеја ве молам. Дечко ми ,ако може да се каже дечко, бидејки никогаш не сме се виделе во живо само на камера, затоа што тој е од Лондон, во Јануари ке дојде во Штип да престојува во некој хотел една недела. Сакам да му подготвам некое изненадување ,да го однесам на некое интересно место ( ако имате идеја кажете каде ) Не знам дали да имаме секс...малку ми е чудно ама..... Ај ве молам некој совет
Девојќи, момци... ајде ќе ве замолам да ми дадете некоја идеја, за да ја изненадам девојката... би сакал нешто романтично, што нема да го заборави никогаш и ќе ме сака и почитува уште повеќе...
Види брат, со класика нема утка - букет со црвени рози и бајадера. Знам дека е веќе 100 пати видено, ама во никој случај нема да биде разочарана или да ти го тресне букетот од глава....освен ако не е алергична на полен Или ај вака....пробај да се сетиш на нешто што ти раскажала за себе и тоа да го искористиш - на пример, од ден филм ќе ти дадам идеја - девојкава му кажува дека како мала ги минувала летата во флорида каде сеоја вечер седеле со татко и на терасата, тој си пиел Бадвајзер а таа си јадела PEZ бонбони (ги знаеш оние во пластични пакувања со горниот дел како главата на Пајо Паторот или Шиљо) . Како и да е, дечково за поклон и купува пакетче PEZ. Не дека сакал ефтино да помине, сакал да покаже дека обраќа внимание на она што таа го зборувала. Инаку филмот е La delicatesse
дефинитивно еден од најјаките поклони што сум ги дала на дечко ми беше овој за годишнината. во една голема кутија (мн убава украсна, од оние во рамстор што ги продаваат) ставив повеќе помали кутии. во неколку од нив ставив уште помали. ама сите кутии беа ептен убави, цели украсени, бонбони и во нив ставав секакви работи што знам дека ќе му се свиѓаат. од гумени топчиња (тогаш мн сакаше да си игра со нив ), до игра за на компјутер, алка, една ептен убава танга за мене, и некои такви ситници. во некои од нив ставив чоколатца мали. и внатре целата кутија беше со слама за да изгледа поубаво се, да не се маваат помалите кутии и многу мнооогу чоколатца а низ сламата имаше и некои лични пораки до него што ги напишав, некои романтични али повеќето смешни. ги напишав на мн мали ливчиња и секое посебно врзано со машничка. интересно е дур гледаш како се отвара и се смее
Другарка на 27 прави 3 месеци (иако се знаат и заедно се пола година ама не беа онака официјално во врска) со дечко и и сакаше да му направи некое мало изненадување, иначе имаат 16 год и двајцата. Е сега.. Бидејки тие 3 месеци се всушност 91 ден, она има смислено во едно кутивче, таков украсно, со машничка, да му напише на мали ливчиња 91 причина зашто го сака и да ги ставри внатре во кутивчето. Што мислите дали е добра идеја? И ако имате нешто како идеја плус, да надополните нешто на истово, кажете!
Па вака... машко сум, со една девојка многу си се свиѓаме ама никако да си признаеме... и сега сакам да и направам изненадување за Нова Година. И вие како женски ако може да дадете предлок што е најдобро да и купам и како да и признаам? што да и кажам ... и така нешто, кога би вие сакале на вас некој да ви направи такво нешто како би изгелдало? Ви благодарам однапред
како да го изненадам,израдувам? на 11 ти месецов правиме месец од кога сме заедно..многу ме разбира,многу е добар,и чуствувам дека ме сака и да многу го сакам.всушност се осеќаме како најдобри другари ја имам 15 тој сега пред 4 месеци напрај 18..сакав да ве прашам помогнетеми некако да го израдувам ..да го изненадам вечерта бидејки ке бидеме излезени на кафе и после ќе прошетаме малце сами иначе напишав едно писменце..и помош некој предлог ве молам !! само не некој многу скап пошто немам баш многу многу заштедено сакам едноставно нешто неочекувано!
како да го изненадам,израдувам? Немај гајле тој тебе уште поубаво ќе те изненади со тоа што ќе бара да има секс со тебе во име на љубовта а ти неможеш поголемо изненадување да му направиш со тоа што ќе го одбиеш. Умна девојка си ти!
како да го изненадам,израдувам? Преврзок за клуч со твоето име на него. Јас тоа му дадов првиот месец на дечко ми,заедно со писменце.
најмногу ќе го израдуваш ако не правиш ништо, мислам еден месец и тоа се слави? мажите не се по тие работи не го оптеретувај ни него ни себе си едноставно уживајте си заедно нема потреба од ништо повеќе... а идејата со приврзокот и нејзиното име... мислам тоа е наметнување јас никогаш немам направено такво нешто... сепак секој со своето мислење
На мене дечко да ми подари нешто за еден месец ќе бегам со брзината на светлината, а нели тоа да биде нешто со неговото име Нормално е на 15, прв дечко ова она, ама на 19 мислам.... Девојче, не го замарај со поклони 1 месец е прееееееемал временски период, а на 18 дечките не мислат на друг поклон освен на тоа да имаат секс. Ако не ви е уште јасно, за ова зборувам Спојлер
Сакам на дечко ми да му приредам нешто убаво во овие зимски денови. Сакам да му направам од мали свеќи " те сакам и " ама тоа да биде на врвот на некоја висока зграда што ќе има широк убав поглед, ( само не знам дали ќе можам да се качам до горе , не знам дали е дозволено ... ) и да му кажам неколку убави романтични реченици што ќе го погодат право во срце . Што мислите за идејава, зошто сакам вечер да го направам тоа , и дали знаете дали ќе имам пристап до врвот на зградата ?
Дали е добра идејата... ? Па тоа ми беше идејата, мирно место , високо, убав поглед ... Ако имаш подобра идеја кажи ми ?
Дали е добра идејата... ? Со мали свеќички нема да го постигнеш тој ефект, светлината е премала од нив на далечина. Инаку повеќето згради се затворени горе, под клуч. Тоа евентуално да бараш клуч од твојата зграда за да го изведеш.
Дали е добра идејата... ? Зградите се под клуч, таман работа да се отворени и така да може кој сака кога сака да се качува и да шета. А и не мора да е на зграда..