Мирно и убав поглед на ова ладно време на висококатница според мене воопшто не е романтично. Така да би ти препорачала,да си ја смениш замислата и оваа идеја да ја оставиш за поубаво време.
Да ти дадам еден убав предлог Но зависи во кој град живееш. Ќе уплатиш во спа центар и за двајцата за цел ден со се-масажа на лице,тело,турска бања,сауна,џакузи...... верувај мн ќе ви биде убаво и на двајцата. Јас го планирам ова за роденденот на мојот дечко.
Пеперутке јас се избудалив вака пред два месеци, купив две пакетчиња свеќи и се качив на катна гаража. Свеќите ги поставив во истата форма ти што сакаш да направиш, напишав и едно писмо во кое му ги открив сите чувства. Ама не беше тогаш многу ладно, со оглед на тоа дека беше почеток на Ноември, но имав проблем, дуваше ветер и свеќите не се запалија. Хаха и ми пропадна изненадувањето. Добро, сепак не, бидејќи на крајот се расплака, ако тоа беа искрени солзи. И од тогаш цело време е со мене..ама мене ми се здосади. Сепак ладно е ! Пробај да направиш нешто во домашна атмосфера, или во ресторан, или не знам каде што сакаш ти, само немој на високо место. Остави го тоа за на пролет. И јас имам преубава идеја за на пролет ако имам дечко дотогаш.
Во врска со избирање на поклон милениче мора да се биде претпазлив. На дечко ми му поклонив 2 риби ми кажаа демек биле машко и женско и јас романтична му викам Ова сме јас и ти вака ке расте и нашата љубов. За 2 недели си умре едната рипка па по 3 дена и другата.
Лелеее, а таман го мислев истото, го гледав ко романтично, слатко и несекојдневно, плус и не се тешки за одгледување, па не би му правеле проблем. Тууу
Каде го купи привезокот? Интересна идеја а не ми текнало до сеа. Немора да биде на врв на зграда.Јас го имам ова направено дома.И како што можев да забележам,беше задоволен и изненаден.Свеќите беа наместени во форма на срце и во средината поклон,две чаши вино и топ Посебно сега кога е ладно,нема да испадне така како што очекуваш.
Здраво драги феминки....Би сакала да споделите со мене некои идеи околку роденденот на дечкоми, наскоро му е роденден на дечкоми а тој некој ден пред роденден ке замине во странство на работа, какод а го изненадам во чест на роденденот дали пред да оди или одкако ке си дојде, а не сакам така да помине неговиот роденден без да го изненадам на некој начин или да не му подарам нешто... позз
^Или направи му некоја журка. Кога ќе дојде дома да кажеме и ти со него сите нека бидат скриени и кога ќе влезете во дневната сите нека излезат.(Се извинувам многу гледам филмови! ) Ако сакаш (како што пишала некоја форумџика погоре) тој ден сами да го прославите одете во некој спа центар. Се надевам дека ти помогнав. Поздрав и пиши како беше. П.С.:Може некоја девојка има подобра идеја.
Епа ако нема многу разлика со денови од неговото заминнувње до роденденот, купи му некој поклон (ти најдобро си знаеш што) и ако можеш до му го ставиш во торбичката каде што си спремил нешто за таму, па кога ќе пристигне таму да си го најде (и некое писменце, обавезно ) ... Се надевам декаа ти помогнав... Позздрав ...
Наскоро ни се приближува пола година откако сме заедно...планирам да го изненадам нешто ама уште се мислам... Сакав во некоја кутија , да ставам писменце , да му ставам боксерки некои интересни ( имаше едни видов со прасе напред така издолжено 10 цм во должина на **** и една шоља на која ке има слика од нас 2 цата и некоја порака на сликата (само се мислам уште околу пораката ) и планирав да му снимам цд и да има како видео порака некоја или пак нешто во тој стил слики ова она или пак од сабајле онака да го будам и пошто собата му е на 2 кат од куќата да заврзам балони неколку и онака да ги држам и кога ке го отвори прозорецот да ги види, расонувачки
Каде има интересни боскерки и која цена се отприлика? По можност во Центар, Аеродром...да не талкам многу
Изненадување.. Девојки би сакала да му направам некое изненадување на дечко ми .. паа.. пример нешто да ми кажете.. онака значи нема никаква причина.. фала од напред поздрав <3
девојки сакам да го изненадам дечко ми... ги прочитав повеќето мислења но не најдов тоа што ми треба. Не можам да го изненадам со вечера и случно, немаме услови.... Не одиме долго време и не иди кај мене дома ни јас кај него.. Некој предлог?
а по кој повод сакаш да го направиш тоа ??ако е годишнина или полагодишнина, нешто такво може со рамантична вечера во некој ресторат ке си ставиш срциња и др. глупости на маса..... Ако пак е роденден може и во некој парк да ставиш балони и да му однесеш торта... Aко пак само онака подари му нешто што сака одкај знам
Можеш да му напишеш пораки...да ги завиткаш и да ги врзеш со украсна лента... На пример 365 пораки...за секој ден да има по една да си чита Јас добив таков подарок...Верувам дека ќе му се допадне затоа што ТИ си го направила а не е нешто купено... Или можеш да му подариш нешто што знаеш дека сака...пр.некоја компјутерска игра...ако свири некој инструмент можеш некој сувенир од тој инстумент...за гитара можеш жици да му купиш...Moжеш да снимиш видео каде што си ти и каде му кажуваш колку го сакаш... Ако ти требаат повеќе идеи обрати се во лп...можеби ќе најдеме некоја соодветна идеја за изненадување
Devojki vaka..So decko mi ideme 6 meseci.. ama toj mi kupi prsten i me zaprosi.. pa se se za mene pravi.. sega sakam nekoe interesno iznenaduvanje da mu napravam.. za nova godina mu kupiv lanche i so svekjicki mu napraviv srce.. aj sega ve molam daj te mi nekoj predlog.. bez priiicina znachi onaka..sakam neshto interesno.. [mod-kirilica:3l9h8lph][/mod-kirilica:3l9h8lph]
на дечко ми му се ближи роденден, па сакам изненадување да направам убаво, во врска сме скоро 3 годи и веќе се имаме дадено, дома свеќи, подароци, ссега сакам нешто онаака за освежување..совет?