Дајте ми совет , не можам да ги поднесам родителите

Дискусија во 'Врски' започната од Peperutka-19, 28 јуни 2012.

  1. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13
    Луѓее и јас имам еден проблем ... јас сум нова на форумов , имам 19 години и сум во врска 8 месеци. Со него пред 2 месеци го имав и првиот сексуален однос ( и мн сум срекна сто се деси баш со него ). Се сакаме многу и планираме за посериозна врска, дури неколку пати ми има напоменато дека му доаѓа да ме праша едно мн тешко прашања ( веројатно за брак ) :$ но проблемот е во моите, мајка ми исто постојано ми збори за оваа, онаа која имала богат дечко ( иако родителите на дечко ми се доста културни луѓе и имаат доста добра плата ). Но има и друг проблем . моите се селски луѓе, премногу старомодни, и не ми дозволуваат да го носам дома :fubar: Единствено нешто за што се караме со дечко ми е таа причина. Дојде само за матурата и пред 2-3 неделиај ги убедив едвај ги убедив да ми дозволат да дојде и тоа со неговите внуки под изговор дека сакале да дојдат на торта :fubar: Денес еве пак исто .. му имам кажано усте на почетокот дека моите се такви што не дозволуваат доаѓање на дечко дома толку често, ама еве денес од сабајле ми вика : ке правиш сладолед да поминам ? пуста јадна јас како да му кажам од срам , па почнав со изговор дека моите се на работа и дека не ми останале пари , дека друг ден ќе правам, и не спомна ништо и сега вика Ке правиш ли кафе да поминам ? јас не му одговорив ништо цекав прво да прашам дома и му реков ќе ти се јавам за 2 мин. И кажувам на мајка ми и вика нема шанси , сто било тоа толку често доаѓање кај нас, не знам , комсиите само ќе ме збореле, срамота било јас на 19 год толку често да ми иде дечко дома, да сум имала 22-3 ајде де ... :fubar: и после сите слушнати муабети морав да му се јавам и да му кажам дека моите се договориле за на гости и дека морам и јас да одам ( во стил не доаѓај нема да бидам дома ) И почна да ми вика на тел . на што ти личам јас, играчка ли сум ти , мораш ли да одиш или се заебаваш со мене , што мораш да одиш ти кога ние се договоривме и не знам уште што .. и јас така само го слушам и солзи ми течат од очите не знаејки каков проблем имам јас ;( И само му реков Кога ќе знаеш како ми е мене тогаш ќе разговараме и почна Што е проблемот? Пак ли твоите ? јас викам Не ми дозволуваат толку често доаѓање на дечко дома ( што да праам , срам не срам тоа ми преостана ) и ми вика ( со убав тон ) Па зошто не ми кажа одма, зошто да се караме ти и јас не знам што уште и само ми рече Јас не знам што да ти кажам ( јас плачам за цело време ама не дозволив да примети ) и Чао - Чао и толку . Сакам да избегам од дома не можам да ги поднесам ( ги мразам ) мислам дека ќе се омажам уште на 19 год само за да избегам од нив ( зосто ова не е единствено нешто, милион други работи ги тераат според нивно селско размислување ) Тие се единствена причина за која ние се караме. Ве молам дај те ми совет , сто да му кажам кога ќе збориме после , што да им кажам на моите , како да го решам проблемов, ВЕ МОЛАМ .....
     
  2. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    јас навистина немам што да ти кажам ама зарем уште сега ќе се мажиш (имам 18 години да не мислиш дека ти го кажувам ова зашто сум постара) па имаш голем живот пред тебе и живеј си го не се замарај со мажи со нив таму на 23-24 години подобро земи си ја книгата твоите се можеби во право... :wasntme:
    да навистина леташ во облаци ама еден ден ќе си ја удираш главата од ѕид што не си ги слушала твоите :?:
     
  3. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
    Па во право се твоите... што има на 19 год секој ден дома дечкото да го водиш. :^)

    И не, нема да се мажиш уште сега... мала си и премногу си отидена во облаци :!:
     
    На WarriorAngel и supergirl22 им се допаѓа ова.
  4. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13
    Книгата нема врска со ова , јас секогаш сум била најдобра, дури и првенец на генерација, а за мажењето убаво си пишува дека би било од мака што не можам да ги поднесам , вие не знате како ужасно ме нервираат и каков е тој судир на различни мислења. Нема некој не ми реков дека како посвоена сум ( иако физички личам на моите ) толку многу се разликувам и дури мислам дека и поради тоа често пати сум отфрлена во семејството, а брат ми е ист како нив потполно ... со сите селски навики и мислења
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.724
    Допаѓања:
    24.566
    Пол:
    Женски
    Gosling, не рече девојчето секој ден дома да и доаѓа, некогаш да дојде кај неа, аман.

    Девојко, скроз те разбирам и јас го имав истиов проблем.. Па и сега не дека го неам,али не толку изразено.
    Освен да разговараш со твоите и да попуштат евентуално,друго решение нема.
    А со него зборувај отворено, кажи му како размислуваат твоите,дека имаат постаромодни сфаќања, не си ти ништо крива за тоа, би требало да разбере.
     
  6. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    А колку години има дечко ти? Велиш дека ти иде да се омажиш, а тоа ќе те земе? Можеби не се во право твоите, ама ниту пак ти си во право да го носиш дечко ти секогаш кога тој ќе посака.
     
  7. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
    Класичен пубертетски муабет... :wasntme:
     
    На WarriorAngel и supergirl22 им се допаѓа ова.
  8. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13
    Мислиш дека јас не сакам па е секогаш кога он ќе посака ? МЕне ми смачено од дремење по кафици , сакам домашна атмосфера малку.
     
  9. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Епа оди кај него и готово. Еве ти домашна атмосфера.
     
  10. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    сакав да кажам факултет... :)
     
  11. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13

    Па фала богу и јас имам малку срам и не можам да се клапнам кај него без воопшто да го поканам еднаш кај мене на гости


    Без разлика на што си мислела, не барам совет за тоа какво образование треба да завршам , да се држиме до темата и бо било убаво и би ти била благодарна ако имаш коментар со кој би ми помогнала :)
     
  12. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.143
    Пол:
    Женски
    И јас имам ист проблем, знам дека е тешко, ама отворена сум и му кажувам како размислуваат моите. Мораш да бидеш искрена со него. Мора да те разбере. Не си ти проблемот тука, тие се. Да правиш ти нешто што не му се допаѓа, ај разбирам, ама не си ти крива. Ако за ова не може да те разбере и ти се лути.. не знам.
    Мене на почеток ми беше многу тешко да му кажам, ама собрав сила и му објаснив какви се моите. Исто такви сфаќања имаат. Не ми се допаѓа, постојано сум нервозна заради тоа, ама кога немам друг избор, тоа е. Ама сигурно нема да побегнам од дома и да се омажам сега на 19 години. Најглуп потег. Аман.

    Прифати ја ситуацијата. Со тек на време ќе попуштат.
     
    На Peperutka-19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Значи до кога со тоа комшиите што ќе кажат? Направете убав разговор со родителите,седни и објасни им дека нема тој да доаѓа секој ден кај тебе и дека кога ќе дојде нема вие кој знае што да правите побогу! Нека ја знае и ситуацијата дечко ти како што кажаа пред мене би требало да испадне фер и да те свати и да не напиња секој ден доаѓање по дома.Па и лето е шеткајте,ќе се пикате по куќи зимоска. :D
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Моите се од град и образувани па не сакаа дечковци дома да прибирам. Верувај тоа за твое добро го прават а не од инат.
    А и нетреба да се мажиш зошто дечко ти неможе да помине на кафе кога сака (но тоа и самата го знаеш нели?)
     
  15. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13
    сите сте се фатиле за мажење , ова е еден од проблемите затоа го кажав... затоа што веќе ми е преку глава од се , затоа што моите никогаш не биле вистински родители, секогаш само работа ги интересирало, татко ми не разговара со мене како татко со ќерка, туку чисто официјален муабет, ако сака нешто да дознае прашува преку мајка ми , а не како родител да ме праша дали ме мачи нешто, како родители сами да се заинтересираат со кого сакам посериозна врска , со кого се враќам и останувам нокно време , јас знам дека јас сама треба а сум свесна за тоа ама сепак тие се постари, имаат повеќе искуство и би било убаво како родители да ме посоветуваат... а кај мене што е ? јас ги молам за да го запознаат :fubar: фала богу материјално ме имаат снабдено ама јас не го сакам тоа , сакам родители кои ке се интересираат за мене и кои ке ме подучат без селски сфакања за сто и да било, а не како пред неколку недели кога се карав со мајка ми зосто сум се вракала касно, молим ти се касно било 1 или најкасно 2 ако се вратам , секој ден сум излегувала - па фала богу дека ке излегувам, сега ми е време и години , не е срамно сега да излегувам срамно е кога ке се омазам да ме гледаат како излегувам , и најлосо сто во таа караница успеав да цујам дека сум била курва ;( ;( ;( еее од мајка ми дочекав да го чујам тоа , од никој друг го немав тоа слуснато , сум станала како жена на 19 год , нокно време сум учела за да и помогнам , лош збор за мене се нема чуено и јас да го заслужам тоа ? ;( ;( ;(
     
  16. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    знаеш,и јас го имав или уште го имам овој проблем и потполно те разбирам како ти е,затоа сакам да ти кажам дека најпрво обиди се да им објасниш на твоите дека си доволно голема за да можеш да излезеш од дома,да се прошеташ и да се вратиш во 1 или 2 часот,и доколку после тоа не те разберат едноставно веќе не се замарај со нив во врска со тоа,и мене цело време ми викаа каде ќе излегуваш,зошто толку касно,па секојден ли и уште мн такви работи и еден ден филмот ми пукна па убаво и изнакажав дека сакам да излегувам,да шетам и дека комшиите секако ке зборат сите имаат усти па не може да им се сопрат,и така да обиди се да им објасниш и доколку не сфатат и несакат да те разберат кога ќе почнеш да си излегуваш а само ќе им се кажеш каде ќе одиш ке видат дека морат да попуштат и ке се навикнат и ке сфатат дека и тие на нивните години така излегувале и имале дечковци/девојки.не попуштај и уживај во врската остави ги твоите ке те сватат со тек на време :*
     
    На Peperutka-19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.724
    Допаѓања:
    24.566
    Пол:
    Женски
    Пеперутке,многу ми е жал,колку повеќе пишуваш, толку повеќе се пронаоѓам во напишаното.. И имам да ти кажам нешто, никогаш нема да се сменат твоите, такви се какви што се, ќе мораш да издржиш додека живееш со нив,тоа е тоа.
    Освен ако нели, не попуштат барем нијанса со разговор.
    :worried:
     
  18. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13

    Ти благодарам, успеа да ми дадеш надеж, само дај божеда се сменат работите , не знам уште колку долго ќе издржам :) :*
     
  19. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    ке се сменат,ке видиш,терај си како на тебе ти е убаво и добро а не на другите зошто ти не живееш за другите туку за самата себе,нели? :)
     
  20. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13

    Рече дека се пронаоѓаш нели ? па како ти успеваш да се помириш со таа ситуација ? :) си се обидела да смениш нешто , да решиш ? сто да кажам на дечко ми вечер ? дека не е добредојден ? дека треба да поминат едно 2-3 месеци за да дојде пак кај мене или ? не можам да разберам ни сама ? :doh: :doh: