1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дајте ми совет , не можам да ги поднесам родителите

Дискусија во 'Врски' започната од Peperutka-19, 28 јуни 2012.

  1. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13

    Дај боже да е така како што викаш ама сепак не е лесно да си тераш само по свое кога знаеш дека зависиш од нив. нам дека живеам за мене , јас сум таа која најмалку ја интересираат проблемите на комсиите, се борам за себе , затоа и барам совет ? сто да им кажам на нив а сто на дечко ми ? :*
     
  2. armagedo

    armagedo Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Еее родителски грижи.Вие кога ке бидете родители ке видите како ке размислувате.Меѓутоа во оваа ситуација јас сум за да опстане врската затоа што природно е девојка на 19 години да има убава или сериозна врска а не да влетува од еден на друг .....Родителите секако се грижат за своето дете како прво да не биде повредено во некоја врска ,да има можност да направи избор за својот животен сопатник ,да не биде оговарано од околината во која живеат и т.н.Едноставно не сакаат да се врзат за твојот дечко во моментот затоа што можеби нема да е твојот конечен избор.И треба да го испочитуваш ова правило затоа што за такво нешто е сеуште рано.Треба едностовно на својот дечко да му објасниш дека кај вас дома има вакво правило и дека е сеуште рано за твоите родители да се запознаат,спријателат или официјализираат вашата врска,дека ке треба да помине време за да се смени оваа ситуација.Што се однесува до твоето излегување потполно те поддржувам ,твое право е кога ке излезеш и кога ке се вратиш,ти не си тинејџерка од 15-16 години па да те контролираат .Јас имам две деца 16 и 18 години.Поголемото дете и не е дете веке,да ,ме информира каде ке оди и отприлика кога ке дојде ама тоа е негов избор.Јас можам да го советувам ама не и да одлучувам за него.Секако мора да помине време и работите ке се дојдат на место,само трпение и биди срекна а не расплакана ,не си ти мало девојче.
     
    На Look и Peperutka-19 им се допаѓа ова.
  3. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    епа фино лепо ке им кажеш на твоите дека имаш 19 год,дека сакаш да излегуваш,да шеташ како и сите други,а не дома да седеш,како тие да не излегувале на нивни години,и моите се од село па цело време зборат касно дома идеш,само шеташ,пари мн трошеш и сл.такви работи, и затоа еднаш убаво им кажав се ама тие едно време пак си го збореа тоа но јас не се замарав и јас зависам од нив на факс сум ама морат да ме разберат нема сигурно на 60 год да шетам сега ми е времето и сакам да уживам во живото,а на дечко ти ке му кажеш какви се твоите,со какви сфаќања и се што ти зборат и ке бидеш искрена со него сигурна сум дека ке те сфати,може ке му биде чудно ама има секакви родители на светот :)
     
  4. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.108
    Пол:
    Женски
    Ќе му кажеш дека не се работи за него, не е дека ОН не е добредојден, туку било кој да бил на негово место не би смеел да доаѓа, ќе му кажеш за ставот дека се конзервативни, дека се грижат за тоа што ќе кажат комшиите и така натаму.
    Јас сум помирена, затоа што знам дека немам избор, тоа е тоа. Не зборам само за доаѓање на дечко ми кај мене, исто и за оној проблемот со ограниченост со време и слично. Види, јас одам со дечко ми две и пол години, а не смеам да одам кај него,мајка ми јасно ми дала до знаење тоа. Па види ти сега... Сум пробала со мирен муабет,сум се карала,сум пробала се и сешто и пак исто. :worried:
    Пробај разговарај,ништо не губиш, може тебе ќе ти се посреќи. :)
     
  5. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Јас твоите родители не би ги нарекле старомодни, тие едноставно се родители. Верувај дека не се единствени со такво размислување, скоро сите се исти, а и ти кога ке станеш родител нема ништо поинаква да бидеш.
    Мој совет, да седнеш и смирено да разговараш со нив, на убав нашин да им објасниш и да ги замолиш да го сменат својот став. Е, ако не бива ништо, тогаш на дечкото ке му ја објасниш искрено ситуацијата. Нема ништо срамно тука што родителите се грижат за тебе и твојот углед. Срамота е да не се воопшто заинтересирани за тебе и за тоа што ти се случува, и да бидеш пуштена на своја глава. Ако дечкото те сака, нема потреба толку да се потресува што не може често да доаѓа кај тебе.
    Што се однесува до мажењето, WTF??? Тоа не е никакво решение, зарем така ти го замислуваш бракот???
    Ова тие е баш глупо размислување, да побегнеш од родителите и да се омажиш на 19???
     
  6. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13

    а вредли за едно глупаво излегување да го чујам тој збор и тоа мајка ( да има причина верувам ама ме знаат каква сум )? очите ми се полнат солзи чим помислам, не сум добила таква навреда од некој странец што не ме ни познава а не од сопствената мајка ;( ;(
     
  7. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам,иако не сум била во твоја кожа,затоа што мојот дечко и по 2 години се срами да дојде дома,само до ходникот сум успеала да го довлечкам :D
    Но донекаде е и добро знаеш,имам другарки кои во муабетите меѓу нас кажани им е преку глава секој ден да им идат дома дечковците,а не можат да му речат не иди,едноставно се однесуваат како синот во куќата,или пак девојчиња кои веќе по 5 месеци си ја презеле улогата на снаа.
    Јас на почетокот на врската сама правев муабет со мајка ми за ова прашање,затоа што сакав да знаат дека сакам да дојде кај нас. Мајка ми кривеше усти,вртеше муабети,и јас сум била лута но после сфатив дека таа не сакала да ми се случи нешто слично што им се случи на моите братучеди. Беа преблиски со женската/дечкото,едниот дури и алишта си донесе кај тетка ми |( а тетка ми збор не рекоа на тоа и излегоа мекуши да кажам попросто. Што се случи? Се венчаа по шест седум месеци забавување и двајцата,и се разведоа во рок од 3 години. И двајцата.
    Меѓутоа тоа не е муабетот овде. Мој совет- покажи им на твоите дека си сериозна со своите намери кон него,пофали го низ муабет пред нив за некој негов успех,и ќе си легнат на брашното. Мајка ми по една година од врската почна сама да го вика на гости,што искрено никогаш не би си го замислила. :D Ако нешто сум научила од однос дете-родител-дете е тоа дека со викање и бунт,недајбоже навреди само можеш да ја влошиш ситуацијата. Мавни у перница неколку пати и речи-добро мамо/тато :D :D
     
    На Peperutka-19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peperutka-19

    Peperutka-19 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    13

    сигурна сум дека сте прекрасна мајка ... твоите деца ке бидат горди што те имаат :) Не сум мало девојче ама многу сум емотивна, посебно кога се работи за односите со моите , не би ми било толку грижа ако се работеше за некој друг или ако ме навреди некој друг ама татко ми да не разговара со мене а мајка ми да ме нарече курва ??? Да сум некоја распуштеница ( простете на изразов ) , верувам, ама секогаш и викам дека требало да и се падне некоја таква што ке ја срам и што нема да остави свои работи за да ги заврши нејзините, нема да учи ноке за да и помага , никогаш не сум побарала помош , како што се децава сега ( пр не му се учело па ајде најдете ми професор ) за се сама сум си трчала , другарките ми се чудат, не паметам кога последен пат земала да исчисти, да зготви нешто, испере или испегла, ништо не и оставам да фати, затоа што ми е жал оди приватно на работа , остануваат касно и знаете какви се приватните фирми каде сто цел ден ти виси некој над глава и на крај ова ?
     
  9. armagedo

    armagedo Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Бидејки си ти совршено дете,без правење проблеми,си учиш,помагаш дома нивниот страв доаѓа од тоа да не те загубат односно да не се омажиш прерано и нормално напуштиш.Не се отворени во разговорот бидејки имаат табу теми и пред себе а камоли пред тебе.Со несоодверен разговор те навределе, да свакам ,ама вероватно незнаат како да ти објаснат дека знаат дека си сексуално активна и дека тоа носи ризици од забременување и влегување во брак кој сеуште е рано да се случи.Едноставно незнаат како да разговараат со една возрасна особа која сигурно им значи се во животот.Верувај дека се исплашени од твојата врска.
    Остави ги работите да си течат нормално,не навалувај ништо што ке ги наведе на вакви мисли и сомнежи,не се расправај и убедувај.Едноставно однесувај се нормално,секојдневно.Да јас излегувам со дечкото,пријатно ,се вракам тогаш.Давај им само информација а не барај дозвола и одобрување.Брзо ке сватат дека тоа е реалноста и ке се помират со ситуацијата.
     
  10. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    Да, имам еден совет за тебе, слушај ги твоите да не си ја удираш главата од ѕид, а ти ова го нарекуваш проблем, ова за тебе е ,,проблем,, :sweat: дечко ти не го пуштале дома и бла бла, ти не си слушнала за зборот проблем |( а во ова нема ни ,п, од проблем, за дечко ти е рано и имаш голем живот, извини ама мислим дека овој совет ќе ти послужи сепа уште стојам на она,,сакав да кажам факултет,, сакав да кажам живеј си :fubar: го животот |( ,сепак еден ден ќе се каеш што не си ме послушала