Да беше тој сега тука... Да беше тој сега тука..веројатно по стотти пат ќе се каравме за тоа дека тој не сака да признае дека не е доволно заинтересиран за да ја продолжиме врската...ќе вели дека само јас сум крива за она што се случуваше, дека не го познавам доволно, дека не ме сака повеќе и дека треба да продолжам понатаму....а јас како и секогаш само ќе слушам, ќе пробувам да му објаснам дека не е така..залудно ќе се обидувам да го натерам да ме разбере барем еднаш што сакам да кажам..но во исто време колку и да порекнува дека не ме сака, ќе го има тоа нешто во очите што го имаше додека бевме заедно..токму тоа не ме остава на мира, но неможам повеќе да се борам за него- изморена сум..кога и да е ќе сфати дека заради гордоста ја изгубил можеби и љубовта на својот живот..но ќе биде премногу доцна.
Да беше тој сега тука... Да беше тука сега ќе те гушнев силноо и немаше да те пуштам. Ахх веќе четири дена како не си тука а како четириесет да се. Знаеш дека минувам низ тежок период и дека си ми потребен, ти си мојата утеха, моето рамо за плачење, мојот свет..ти си ми се душо...
Да беше тој сега тука... Да беше тој сега тука ќе имаше кавги за безвезе, ке морав да шетам со марами околу врат за да не се познаваат шљифките (обожаваше да ги прави), ќе имаше глупи разговори у 4 сабајле ... али сепак ќе го сакав. Како и да е баш сега не сакам да се врати.
Да беше тој сега тука... Веројатно немаше да му кажам се што ми е на ум, можеби би плачела или пак би се премислила
Да беше тој сега тука... Да беше тој сега туку би си легнала до него, би го гушкала и така би си заспала мирно ко бебенце
Да беше тој сега тука... ќе му раскажував што ми се случуваше на одмор, незнам од каде оваа желба ..изгледа да смениме малце оти од вчера наваму претежно рецепти си раскажуваме
Да беше тој сега тука... ... најверојатно ке го вратев од каде што си дошол. Не за друго, него ке ми извалка 5 чаши, исто толку чинии, ке израстури креветите и ништо не мести, само кога ке виде неред - му текнува дека е време да си оди. Дудук.
Да беше тој сега тука... Па тука е, ми ѕрѕа одвреме-навреме на телефон, некогаш и во 6 наутро. Таман да ме разбуди за на факултет Бог да чува! Тука е и ТОА е тоа што ми пречи! Би му рекла: Откачи се „мил“ човеку! Остави ме! Нашето одамна е завршено! Знам дека те боли таму долу откако сфати што чудо од женска изгуби, ама мене овде ГОРЕ не ме боли, баш напротив, во одлична форма ми се. И срцето повеќе не ме боли! А тебе се‘ нека те боли ако сака! Па и би направила (секако ненамерно ) да те боли УШТЕ ПОВЕЌЕ
Да беше тој сега тука... би си направила еден најискрен муабет со него, и нема незгодно... што ми лежи на срце се ќе му кажам! Ама ете го нема он прв да се јави, епа не се јавувам ни јас бе... вечер ќе излеземе ли, не ли испаѓамеееее..........ааааааааааааааааа ми се вика
Да беше тој сега тука... Да беше тој сега тука, би сакала само да го гушнам, затоа што кога некогаш го правев тоа, мислев дека во рацете го имам целиот свет....
Да беше тој сега тука... Тој да беше тука се ќе му објаснев, се ќе му раскажев и знам дека тој се ќе сфатеше...А потоа знам дека немаше да замине, знам дека ќе останеше со мене, знам каде погрешив и знам дека ако и сега му пријдам и си ја призаам грешката ќе ми прости...ама гордост е тоа, од мене посилно е...па ни тој е до мене, ни јас до него...Можеби така требало да биде: тој среќен со друга, јас сама...тажна или сепак не?!
Да беше тој сега тука... ... ќе се однесував како никој да нема. Тоа е тој за мене. Ништо. Нула. Компир. Море каков компир, компирот е мајка за него. Ни нула не е, зашто една нула, една кула. Тој е помножен со нула. Ете така.