Да беше тој сега тука... да беше тука бившиот ќе беше се супер зошто нашата прекрасна врска заврши бидејќи тој се пресели во друг град... сега сум со друг но неможам да престанам да мислам на бившиот. да беше тука се ќе беше поинаку, подобро секако!
Да беше тој сега тука... Да беше тој тука , ќе бев повторно како што и секогаш сум во негова близина, засрамена, молчелива и секако склона кон киксови , зборување на глупости и неспретност. Ах, што ми е ? Џабе се силам , кога ке те видам цела сила ми ја земаш , проклет да си !!!
Да беше тој сега тука... Ќе му се правам важна.. ќе ми се лигави цело време и ќе попуштам на крај. Знам Копнеам по неговиот бакнеж!!
Да беше тој сега тука... Да беше тука до мене, ќе пиевме кафенце и ќе се гушкавме, што му требаше да иде таму на југоистокот по маскенбали, си мислиш лошо му беше овде
Да беше тој сега тука... Да беше тој тука се ќе беше поинаку. Он е посебен исто како и сите други. Ми фали на моменти, но немам чувства кон него. Мала сум, ми беше прва љубов, би требало да е нормално вака да реагирам. Првата љубов никогаш не се заборава, не? Но, не си. Сега си е друг на твое место, некој кој ме заслужил и направил среќна за краток период, повеќе отколку ти за цело тоа време.
Да беше тој сега тука... Ќе го натерав да ми донесе сончоглед. До на врата. Нека не влегува да ми го троши.
Да беше тој сега тука... ехххх...пред неколку минути видов на фејсбук нова слика од него, и неговата сегашна девојка...Аххх толку многу е убав што нејзе не ја ни гледав.. (нека си се сакат дечките ) туку, да беше сега тој тука силно ќе го гушнев...
Да беше тој сега тука... Да беше тој сега тука, ќе ми ја моташе косата при што гадно ќе ме изнервираше и ќе почнев да се дерам како хистерична.
Да беше тој сега тука... Да беше тој тука, ќе гледавме филм и да! - Сигурно би му шепкала на увце колку многу, многу, најмногу го сакам. Вака некако би изгледало сето тоа:
Да беше тој сега тука... Среќа што се ожени тој претходниот мој се зезам,мислам дека ако останев со него ќе се уништев скрос,иако и моите ми викаа за него јас ќе бутав зид со глава мислев дека сите се против нас и година и пол ми требаше да сфатам сега кога ќе се сетам многу се каам за потрошеното време со него,и му благодарам на Господ што не сум со него и што ми ја прати мојата љубов да ми покаже дека сите машки не се исти А да бев сеуште со тој-сигурно ќе изедев некој ќотек до сеа