Да беше бифшиот сега тука јас како ненормална ќе зборував 2 саати за тој на крајот да рече : ,,И така велиш а,, ... Сега ми паѓа смешно ова , ама тогаш ми се идеше да станам и да го истепам !
Ќе замислев за момент дека е боксерска вреќа, и така фино имаше да го изнамавам, за сите пари Ѓубре скапано!
Eдинствено ќе го гледав едно пола саат само да го осетам тоа прекрасно чуство што само тој знаел да ми го пружи,и да поуживам во нековата убавина што само јас знаев да ја гледам на мој начин.Потоа би заминала и би продолжила со секојдневниот сегашен живот,со другарките и сегашниот дечко.
не само еден бивши да беше тука,по можност сите на купче собрани со некоеј стап добро да ги измавам оти сите ми имаат за враќање по некој долг па вака компеензација ќе се направи.неколку муви ќе утепам со еден удар. п.с.море да не ми испаднат пред очи,ѓубрња мали.
Веќе одамна не е тука, а и не сакам да биде. Кога би бил тука, би се однесувала исто како да не е. Толку и заслужува.
Уште еднаш ќе си потврдев дека е подобро што остана во минатото,како убаво сеќавање.И покрај убавите мигови и љубовта што ја имавме,сепак не беше тој вистинскиот човек за мене
Бидејќи тој е од друг град и ретко можам да го видам, сега да е тука само би ја кренала главата и би поминала како да е невидлив. Нека му биде на памет што изгубил
Темава не е преименувана, туку само во насловот се истакна за што всушност е темава. Ова стои во прво мислење, затоа кога се пишува негде мислење се чита првото од темата, за да се види што сакал да каже авторот А за тоа што сакате да му кажете на дечко ви си стои Што би му кажале...
И да беше и да небеше,ништо не ми менува.. Јас сум карактер што не се врака на завршени работи,дали било дечко,или било што,мегутоа сум и трпелива и упорна,што значи ако сум завртила нов лист,оправдан е и неостанало ни трошка можност за надеж,бидејки сум направила се можно. Затоа бивши си е бивши,и ке си остане како добар спомен
абе ако е преименувана ама на почетокот што коментиравме ќе испадни сите дека убаво мислиме за бившите све е каша попара сега ама искрено мене смешно ми е
Да беше бившиот тука ке бев сакана како никој до сега,затоа што само тој знаше како да ме сака и ме сакаше.Можеби уште ме сака не знам,но не го заслужив јас.Се надевам неговата сегашна ке го сака....
Баш сега се видов со мојот бивш. Сеуште ме сака, а и јас него...Тешко ни е, после цел месец, и се слушаме и се гледаме понекогаш, не е толку лесно. Сепак, не се каравме, сплет на околности, промена кај него (можам да сфатам зошто) ни ми има згрешено нешто ни јас нему, и затоа на двајцата ќе ни е полесно да преболиме ако сме во контакт.
Ке му се измеев во фаца па он нека се мисли зошто. Уствари не, ке си залепев сама шамар и ако ме праша зошто, ке му кажам оти сум била девојка некогаш со најпростиот човек на планетава. Море не сакам да е тука, не сакам воопшто да е во моја близина, на оваа планета, ауу како сум можела со таков простак толку време да се замарам.
Да беше тука ... веројатно, како и обично, ќе се трескаше од земја како и зошто сме раскинале...Ќе ми збореше како созреал или што и да му се чини паметно да ми каже во тој момент, притоа зачувувајќи некој дел од своето его недопрено...со по некоја флоскулна реченица - „ама и ти си крива“... Небитности... Јас ќе му речам дека не се сеќавам како точно му беше името...?