Да беше а? Немам никаква потреба да е тука. Немам потреба од разјаснување, објаснување или не знам, одмазда, ќотек да му мавнам, ребро да му скршам или да ме види, колку сум си јас убава денеска. Воопшто не ме интересира. Се надевам само дека си е добро каде што е, со кого и да е. Немам потреба да комуницирам, да ме бара, да пишува... доволно време од животот си имавме посветено еден на друг, до толку да си кажавме и направивме се за да си докажеме, кој колку вреди. Што повеќе од тоа?!?
Дури не можам да замислам, го имам подзаборавени и не можам точно да претпоставам што би се случувало! Не го презирам, не го ни сакам (пффф, какво сакање) , едноставно не го чувствувам, не го забележувам... Можеби неговото присуство сега и овде би ми дало шанса само да го потсетам дека не успеа во плановите, ама што има јас да му кажувам кога тој самиот е свесен за нешто толку очигледно ! Плановите отана неисполнети а јас знаев дека се толку нереални, невозможни и неприлагодени за неговите способности и интелект!
..Ќе му кажев колку проклето ми фали љубовта што ја имавме и начинот на кој ме сакаше , но не ми фали човек како него во никој случај Сеуште имам пеперутки во стомакот кога ќе се присетам на преубавиот дел од животот со него и ќе му признаам дека сум сеуште вљубена во тоа чувство , но не и во него..и едно големо фала шо ме научи како дишат мажите , во ритам на лагата . Vо секој случај сум му благодарна. али нека се гони.
Да беше бившиот сега тука, веројатно ќе мавневме една шопска салата и ќе изгледавме некое филмче. Многу муабет и смеа. На крајот ќе ми го поправеше вирусаниот компјутер.
...би си поминале еден прекрасен ден, играјќи монопол на пример, би се потсетиле на старите добри времиња, и како другари би се разделиле секој продолжувајќи по свој пат
Да беше бившиот тука би му кажала дека зажалив што не му се препуштив онаа ноќ кога можев да бидам негова и одма би го залапала па да видам дали може да одолее!
Да беше бифшиот тука.. ќе го исплукав во лице.. и ќе му кажев 300 зборови кои што се вистинити!! ГО МРАЗАМ!!
Ех да беше сега тој тука ќе го испозапалев до максимум и ќе го испратев дома. Наместо бакнеж за чао ќе добиеше плукање во лице. Можеби така ќе ја намалам лутината што ми се јавува кога ќе се сетам на него.
Онака најкултурно би го прашала што мисли со паметот?. После цели две години сфаќам дека не бил онаков каков што мислев дека е. Или сега последниве неколку месеци го сменија скрос. Може и тоа да е.
О сега да ми беше бившиот тука ќе го изненадев со еден француски хахахах не е џабе што му ја посветив никој како тебе не бакнува... Спојлер Понекогаш многу ми недостигаш и знај дека секогаш ќе те паметам
Ќе му речев без око да ми трепне: Абе знаев дек си недозреан, ама од фејсбук да ме избришиш зш ти мавнав отворена и искрена корпа две години откако ти ме откачи на далеку попримитивен начин?!
Би му кажала огромно благодарам што ми ги отвори очите и што го запознав вистинскиот човек благодарение на неговите лаги и превари покварено створение,и да не се чуди ако му се смеам во лице бидејќи знам често да се смешкам на моите ГРЕШКИ
хехе и јас би му кажала вака слично, и би му се заблагодарила што ми раскина, си најдов поубав, подобар, побогат и некој кој ме сака многуууууу повеке од него( идиот) и плус би сакала да му удрам некоја да ми помина лутината за тоа што ме лажеше
Охохохохо ...Тенќу фор дампинг ми бт нау ис тајм фор мај пеј-бек дарлинг. Би го врзала за кревет.. Прво ќе му ги ископам очите со вилушка, потоа прст по прст ќе му сечам и ќе ги праќам кај негови пријатели, роднини и тако даље... Ќе го оставам малце, да поуживам во неговата болка, па на крај со онаков голем нож за сечење месо ќе го разбодам фино лепо и за крај јаготката на шлагот-право у срце ќе му набијам нешто.