Ќе го гушнев најнајнајсилно на свет иќе му кажев дека бев глупа со такво понашање и дека сакам да ми се врати Ама штета не е
Да беше тука би му кажала дека тотално ми се смени сликата за него. Кај ми биле очите додека бев со тебе, би го прашала?
Би му се изнасмеала в лице бе. Најде на помали од мене по 2 години и повеќе да им се пушташ? Со кого сум била.. ЕЈ!
Ќе му речев, ФАЛА што ме испушти од раце. Сега сум во рацете на најубавото дете што постои на светот. Е така да си знаеш!
Би го гушнала и не би сакала да заврши оваа ноќ... Најубаво се гушкавме и сакавме. И би пробала да му докажам дека сум сменета. Ахх гордост што прави... Ми фалииииииииииии
Би му се развикала за глупостите шо ги прај от ко не сме заедно, и после би го погледнала со една насмевка, многу мила, и би го бацила.
Шознам, две години по убаво ги паметам. Јес да не би му се вратила сега, ама да беше сега тука ќе го гушнев. Ќе му заблагодарев за сите лудости што ги правеше за мене, за сите изненадувања, за сето разбирање и љубов. Уствари му заблагодарив на крај,ама пак би. Носталгија ме фаќа, да го ѕирнам како е.
Ќе побарав да се сретнеме и да искочиме во исти кафич и да виде колку ми е убаво сега и како насмевка го краси моето лице. Да виде дека сум успеала да ги преболам тие 2-3 години и дека покрај мене имам некој што ме заслужува а не некој по кого ронев солзи секоја вечер и с емислев со која ли ме вара. хаоевер фала ти за се, сепак на грешките се учи!