Ке пиевме по едно кафе. Помина нашето, не одеше, сега тој има долга врска, јас исто. Среќни сме еден без друг. Се сакавме, ама сега нема никакви чувства. Не сме пријатели, ама имаме едно здраво, како си кога ќе се сретнеме.
И сам си знае тој дека прва голема љубов ми беше и дека уште си го сакам... штета што мораше да си замине тогаш и што дознавме нешто што потполно влијаеше на врската. Да беше сега тука ќе јадевме чоколадо и ќе се смеевме најверојатно за нешто што тој ќе ми кажуваше еее и како после да не те сакам wtf did I just write ...
да беше тука....би му кажала дека цело време откако не сме заедно ми е во срцето, и секој ден се надевам дека ќе го видам и ќе го гушнам и дека секој ден чекам да се случи чудоо и дека го сакам најмногу од се на цел свет
Да беше тој гад сега, тука.. немаше ни ЗДРАВО да му кажам а уште помалку своето име .. Жалам што беше во мојот живот и фала што исчезна, ти си најголемото ѓубре што некогаш сум го сретнала !
Ќе пиевме пиво, можда ќе го потапшав по рамо. Кармата си знае кога да побара данок. Па, нека се учи од своите грешки. Море, и фала би му рекла.
Ќе му речев да не си ги арчи парите на бензин толку, нека проаѓа по главна улица - поблиску му е, и фино лепо ќе му го испеев стихот: Зато немој да идеш мојом улицом, и ќе измарширав со гордо крената глава. Ова српскиве срцопарателни шабанарии имале нешто занимливо, пример: имало смо, нисмо знали, шта смо имали Изгуби се бе.
хммм па добро би било да го видам после две години...би сакала да е тука да си се напиеме кафенце да си помуабетиме како сме што сме..да го гушнам ама само онака ми беше прв дечко..и покрај нашата едно годишна врска се се реши на мирен начин..јас сум раскинав..оти претеруваше ме запостави тотално само другарите ги слушаше и со нив одеше...иако се покаја и ми го призна тоа ама беше веке касно....и сигурно би збореле за нашите животи..би се присетиле на убавите минати денови кои ги минавме заедно ахх тоа е не се каам што му раскинав,си ги отворив очите на време..сепак не го мразам би ми било мило да се видиме да седнеме на едно кафе ко луге
Една година се сакавме а и бевме заедно.Потоа тој се префрли во друго училиште, и две години не го видов но постојно мислев на него.Еден ден го сретнав но бевме многу ладни....Поминаа веке шес години и сега се гледаме но многу ретко јас сеуште го сакам но тој не...Неможам да го заборавам и уште побеќе го сакам.........
Да беше тука... се ќе беше поинаку. Ќе ти речев: "Добар беше, дури и предобар за мене... но таа твоја една грешка, можам да тврдам, најголема во твојот живот, беше фатална. Којзнае што ќе беше да не ја направеше, можеби уште ќе бевме заедно, ќе правевме 5 години уште малце... Понекогаш ми фалиш, кога ќе ми текне колку ме сакаше...никој нема да ме сака како ти. Знам. Никој подобро од тебе не ја покажуваше љубовта кон мене и не се срамеше од тоа. Што се не правеше, секакви лудории, изненадувања, глупости... Секој ден. Што се не поминавме... Сакам да си среќен, се надевам што поскоро. Знам дека уште не си ме заборавил, го гледам тоа во твоето однесување и во твоите очи. Те познавам. Се надевам ќе се заљубиш наскоро и дека ќе биде тоа среќно. Гледај да ја заслужи твојата љубов. Среќна ќе биде таа што ќе ја има твојата љубов..."
да беше тука....би го прегрнала, бакнала и ќе му речев колку го сакам ама повеќе никогаш нема да биде до мене....
Да беше туку би му рекла дека ми е жал за него и за се што му направив.. Дека не го заслужувам јас него и дека му ја посакувам сета среќа на целиот свет, искрено со целото срце ! Инаку тој ме сакаше премногу и знам дека сеуште ме сака му се познава.... Беше добар дечко навистина ... а јас лошката...
Би му раскажала каков живот имам сега колку ми е убаво и што се пропушти со неговата љубомора, забранување од се и сешто .... и би го прегрнала и бакнала (во образ ) да го почувствувам неговиот мирис, би му се извинила што го повредив ама таков е животот и само толку затоа што сега сум мажена не смеам ни да помислам на нешто повеќе...
Би му кажала дека искрено ми е жал што не може да разговара со својата девојка кога му е тешко, па ме бара мене... А не верувам дека е до девојчето, бонбонче си е таа, овој е комплициран. И би му повторила дека сум искрено среќна иако немам ни пола од тоа што го има тој, и по стоти пат, во моето срце немам омраза за никој, па ни за тебе.Биди среќен