Ќе го прашав што бараше вчера во мојот сон и зошто по ѓаволите се осеќав убаво кога се разбудив?! И дека се здебелил и дека можеби во друг живот и на друга планета, ние уствари совршено би функционирале како другари! Ама он не е сега тука, а и да беше ќе се погледневме крвопијски и ќе се разминевме
Да беше тој тука ќе му кажев дека премногу го сакам и дека никогаш не го заборавив.. многу ми фали:/ ама има една мала можност да се смириме ^^
Сметам дека имам само еден бивши другиве ми се некако пролазни и само сенки. На него би му рекла дека - Без тебе ништо не е исто,ми недостигаат долгите разговори, ми недостига вниманието кое што го добивав, ми недостига твоето смири се, се ке биде во ред. Ми недостига неговата умереност и одмереност, секогаш знаеше што да кажеш и кога да кажеш. За ништо не ме осуди нити ми пререче некогаш за нешто,би му кажала дека бев глупава затоа што мислев дека можам да најдам подобар и поискрен од него, дека е човек кој што може се да поднесе,дека ми е жал и се кајам за се што реков а не требаше да го кажам - НЕ ГО МИСЛЕВ ТОА,но морав не знаев поинаку како. Глупава бев што мислев дека заслужувам повеќе,а од тебе повеќе нема. Не несакам да се смируваме, и ако е тоа воопшто некогаш можно и ако ти тоа некогаш воопшто го посакаш ( знам дека не сакаш , и јас не би сакала ако некој се однесувал така кон мене како јас кон тебе ) затоа што јас повторно би била онаа истата која што те повреди,која што мислеше дека е подобра од тебе,и повторно би ти правела пекол. АМА СЕ ЗАЕБАВ!!!!
Или ќе ми текне како сум можела со него да идам и да се срамам и ќе наведнам глава од срам, или ако носам пари ќе му ги дадам да си купи шампон и паста за заби,тој е многу сиромашен па греота е да оди така немиен и да смрди на километар И да ќе му кажам дека сватив тоа што ми го збореше-Не сум за во фамилија на малоумни и бедни луге што имаат комплекси и живеат во турско.
Е зависи кој... Има само еден од сите 8 што сум ги имала што сеуште ми е во срце, и со кој имав врска од 2 месеци, а односот ни беше топло-ладно, те омраза, те љубов.. Колку и да ме нервира, и да го мразам и да сметам дека е сељачиште не дека ќе го сакам.. ама кога ќе помислам на него нешто чудно се буди во мене, убаво ми е да се сеќавам на тие моменти додека бев со него. И колку и да неможам да го поднесам во некои мигови, да беше сега тука би го прашала како му е животот, дали е среќен и дали има некоја во моментов. Од другиве, хм, помалку или повеќе не би им направила ни два реда муабет, кој од кој поутка ми се.
Би му кажала огромно извини за сите оние мои глупости и дека сега сум сфатила дека грешките биле кај мене
Да беше бившиот сега тука па еднаш силно да му залепам шамар и да го натерам да се покае за се што ми направил некогаш! Да го измалтретирам,да го скршам до мавање и да се покае што некогаш ме запознал! (извинете за испад)
Сега се ќе беше поинаку. Не знам дали ќе беше ист како тогаш, ама знам дека немаше да биде со неа, ако беше со мене. Не сакам да биде тука зошто со причина е бивши(во мојов случај без некоја посебна, од чиста мира му раскинав на дечково) ама којзнае што ми се вртело во мозоков на 14,5 години. Па можете да замислите сега колку сакам да е тука. Некако како да ми е срам од него зошто на многу кукавички начин му раскинав.
Да беше бившиот сега тука ќе му кажав дека сеуште го сакам,дека никогаш нема да го заборавам,дека многу ми фали и дека засекогаш ќе остане во моето срце...
Ке му кажев дека за многу брзо време го заборавив,иако тој не би ми поверувал на тоа... Ама што е тука е , мило ми е што вчера ме виде среќна покрај либенцето и знам каква фаца направи , али тоа е ... Сега ги плаќаш грешките
поарно да не е тука,ако е ко ке му влепам еден големммм шамар,да ми излези инаетот и лутината шо долго време ме сака само на муабет и зборови а ништо не прави да се видиме,гушниме,бакнеме.....не сум по насилството поќе го сакам она слаткото ама баш би ми дошла онаа црнаминута шо викаме и со цела сила би го направила тоа....кретен...