Да беше бившиот сега тука.. поарно да не е. Сепак бившите нека си останат бивши. Со причина е така, а и најдобро што можеше да се случи во таа врска беше баш тоа, крај.
Имам некоја глупава потреба да му кажам дека го сакав. Дека ништо не беше за џабе онака како што тој мисли. Но нема да се случи ова. Би го прашала дали е среќен и би му кажала дека јас сум пресреќна без него иако тој веруваше дека тешко дека ќе најдам некој подобар од него, но најдов бидејќи заслужувам. И би го гушнала, бидејќи пред се ми е драг пријател.
Би го гушнала, сеуште ми е драг како и шо ми беше, го сакам и го почитувам, и сигурно би си попрајле малце муабет, и ќе му ја посакам целата среќа едноставно да му се истури врз него, ја заслужи Помина многу низ животот..
Драг ми е уште и премногу го сакам меѓутоа неможам да го преболам тоа што си беше и остана женкар невиден! проклетство кога ќе се сетам низ што минав ми се , а и моментално сум спичлес поради тоа што мене ме бара додека си ја има неа во прегратка. нема мозок дечкото.
хахахах иако ова беше пред 4 год пред да се фатам со мојот сегашен дечко но јас морам да ти кажам дека знам дека додека беше со мене се обидуваше да ја смоташ и мојата најверна другарка тебе целта ти беше да не скараш и затоа те мразам ти си идиот
.. ....поминав низ пекол за него....беше и остана женкар,и повторно ,иако е со друга пак ме бара,кажува лаги и празни ветувања..... . ....само би сакала да го прашам....до кога вака??????????? .. ...дали некогаш и кога конечно ќе се насити од сите тие жени и ќе се смири со една......
хм.. па ќе му кажам „време беше“. Разбрав дека почнал да му доаѓа паметот, за жени не знам, ама за другарите и за животот воопшто да. И да, ќе му кажам „ти кажав, се што лета не се јаде“.
Ех да беше тука ќе му кажам колку само ми фалат неговите зборови,неговите зелени очи,колку само ми е тешко кога поминувам покрај местото каде седевме заедно и си правевме планови за нашата иднина.Но за жал веќе се е во минатото и никогаш нема да бидеме како што бевме.Уште ги чувам сите кадифени мечиња што после секоја караница ми ги подаруваше и се потсетувам на се поминато заедно.Ех само да можам да го вратам времето..........
па живееме во ист град нормално на на две различни страни...веќе 3 години го немам видено и не ни сакам да го видам фала богу што се завршила таа врска... како сум можела да бидам со таков дечко..но сепак и тоа е искуство па нели на грешки се учи
Би му кажала колку ми е криво за целото време што сум му го посветила..не заслужувал ни минутка да му посветам на тој псохопат, ништожник, безкичменјак..недоен..да се откриеше малце порано неможеше....али се е лекција..сеа само го жалам..и се тешам со фактот дека такви како тебе на км ги приметувам и заобиколувам.