Не да беше тој тука, туку јас кај него.. Би легнала во неговиот кревет и би го гушнала. Ако е буден ќе си го гушкам силно и ќе го тешам, ќе си играм со неговите прсти. Ќе се трудам да го расположам, иако не ме бива. А јас ќе му се смеам, зашто не можам да сум тажна со него крај мене. Ако спие ќе си исцртувам форми во неговата косата со прстиве и ќе размислувам.. за него, за мене, за нас.. за се‘ што беше, за се‘ што можеби тој сака да биде.. Ќе го бакнам во челото како што љуби тој и ќе си одам.. .. без да ме осети.
Да беше бившиот тука, ќе го поздравев, ќе го прашав како е, како му иде живеачката? Ќе го прашав како му иде на мастер, како поминал на испитите, здодевно ли му е, излегува ли, открил ли некои нови бендови, прочитал ли некои интересни книги? Ќе си помуабетевме. Мирољубиво се разделивме и и си ги правевме овие муабети се додека пред некое време не ме избриша од фејсбук, од чиста мира. Е, и тоа ќе го прашав, зошто ме избриша по неколку месеци откако раскинавме и зошто ме одмина пред некој ден кога случајно се сретнавме без збор. Ќе го прашав и дали има некоја нова љубов и како му оди на тоа поле. Тоа.
Да беше тука.. Многу ми фали искрено незнам што би му кажала.. Прво би му кажала колку многу го сакам и би го прашала со што заслужив да ме повреди? Времето не ги лечи раните, само не учи да живееме со нив..
ех.....ќе ми го форматираше компијутерот (очајнички му е потребно средување) п.с. ми недостига ама нема тоа да му го кажам зошто не заслужува да го знае!!!
да беше сега туку би го убила и таа 3 три месечна врска ми беше само губење на време со идиот но како и да е тој е моето минато
Би го прегрнала силно, би му кажала дека сеуште го сакам, и дека сум подготвена да оставам се за да бидам со него...
Ах, колку само нерешени нешта имаме... затоа и сешто би му изнакажала. Се што ќе ми дојде тогаш на ум, ништо чудно и да му се исплукам во фаца...
Да беше бившиот тука би расипал се! Би му кажала дека го мрзам најмногу на свет и дека никогаш не би му се вратила!!!