Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да беше бившиот сега тука...

Дискусија во 'Врски' започната од Lacrymosa, 1 февруари 2010.

  1. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ... :o ..би стоела пред него и би ќутела...ако проба да ме гушни или бакни...се по ред ќе му соберам и ќе го отерам во ПМ....како сум полна со болка и горчина,малку ми треба за да почнам да плукам оган.. :o ..
     
  2. Oniks

    Oniks Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Ми недостига твоето смеење на моите глупости,ми недостига да ми кажеш колку сум убава,да ми се лутиш макар и без мала причина.Ми недостигаат сите моменти поминати со тебе,а најмногу од се ми недостига твојот поглед и насмевката на твоето лице кога ќе ме здогледаше прв пат после толку месеци поминати без мене...

    Секогаш кога се сеќавам на тебе солзи навираат во моите очи.Често пати ми кажуваат дека не си вреден за нив затоа што ме повреди,но ним не им е позната љубовта што ја чувствувам за тебе.Ме убедуваат дека не вредиш за мојата љубов затоа што си толку далеку од мене,но далечината не ми помага да те заборавам.Ти си дел од мене,и ако постои радост..тоа е покрај тебе.А болката? Болката е присутна во секој миг без тебе.Далеку си од мене и тоа е тешко,но си давам утеха дека еден ден,можеби некогаш повторно ќе се сретнеме.Дотогаш не заборавај дека има една будала што те сака и никогаш нема да бидеш заборавен.Сега се обидувам да бидам среќна,но нешто ме спречува.Никој неможе да разбере како се чувствувам,па ни самиот ти.

    Луѓето ќе се менуваат како годишните времиња,времето ќе поминува...ти ќе ми недостигаш се повеќе и повеќе и можеби ќе плачам се потивко и потивко и ќе се обидувам да те пронајдам во секој еден случаен минувач но знам дека сето тоа ќе биде сосем залудно.

    Единствена утеха ќе ми биде тоа што за некое време повторно ќе се сретнеме и можеби повторно ќе се појави таа искра меѓу нас.

    Се прашувам дали понекогаш помислуваш на мене?Веројатно не тоа и најмногу ме погодува,но се надевам дека со тек на време,кога повторно ќе се сретнеме нештата ќе се подобрат,а дотогаш ти посакувам многу среќа со секоја од наредните девојки и понекогаш,не мора толку често,но сети се на твоето малечко девојче кое безимерно и толку невино те сакаше...
     
    На Monique995 и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    ке паднеше јак секс
    уште од врата
    ке се правевме мангупи
    јас не се замарам
    он не се замара
    тишина 5-10 минути
    и натпревар ‘‘Кој ке издржи повеќе без да заплаче‘‘
     
    На Saya, Hipster и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  4. pinkberry

    pinkberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    564
    се ќе му соберам и ќе го откарам во пм ;) ама и заслужува бевме заедно 1 година и раскинавме и потоа јас 3 години го сакав а тој ме игнорираше и кога си најдов дечко тој доаѓа и ми се праи фраер :^)
     
  5. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ако сме на само веројатно ке треперам целата а ке глумам ладна , ако ми појде само ке го гушнам и ке се завртам да си одам ,ништо не зборам и така повеке зборевме , се каравме отколку што се сакавме ... у истата секунда кога ке се завртам ке почнам да плачам и ке гледам побрзо да се оддалечам да не примети.
     
  6. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Нема да замислувам ДА БЕШЕ СЕГА ТУКА, само ке кажам за кога беше тука пред 2 дена...
    Еден краток вовед... Тој заљубен, јас уште позаљубена...
    Еден проклет есенски ден ми звони телефон, слушам плач, знаев дека ке се смени се. Знаев дека животот ми приредува удар за кој не сум подготвена. Со плач ми кажува дека ме изневерил, дека се кае, дека направил грешка, дека ме сака повеке од животот и дека никогаш повеке... Знаев дека е искрен. Му верував, зошто добро го познавав човекот кој беше центар на мојот универзум. Му простив...
    Повторно срекни, заљубени, искрени, млади, луди...
    Повторно звони проклетиот телефон. Неговиот. Не збори ништо, само го гледам како се заледува и останува без здив... Ми ја стиска раката, ме гушка и со плач ми рече ТРУДНА Е.
    Поминаа девет месеци најлошите во животот и за двајцата...
    Поминаа 6 години... Убави години за мене, сакам да верувам и за него...
    И повторно звони телефон... Само слушам едно -ЈАС СУМ-
    Пред два дена, повторно дожд. Дождот како да е задолжителен кога ги имам најтажните мигови со него.Знаев дека не треба да го видам, но срцето бесе посилно од паметот. Излегов, видов 4 трепкачи од кола со регистрација од далечната туѓина. Срцето ми играше како лудо, нозете како да ми чекореа во воздух, конечно влегов. Се сместивме на високо над градот, далеку од сите и никој не се осмелуваше да проговори. Никогаш не те заборавив - ми рече конечно... Не одговорив ништо...
    Ме праша дали сум срекна, му реков дека сум срекна. Ми рече дека скапо ја платил грешката од таа вечер. Му верував. Знаев дека сите тие пари и најнови коли и луксузи не му значат колку нашите искрени прегратки. Повторно му верував дека солзите во очите се искрени.Знаев дека тие искрени тешки воздишки беа искрени и болни. Ме гушна, најсилно на свет и ми ја посака сета среќа на универзумот. Молчевме долго време, тогаш сватив дека нема никогаш да го заборавам, и дека му простувам за се. Не направив грев, зошто сега сум среќна далеку од него... Само се гледавме со два пара искрени очи, и секој од нас си задржа за себе што во тој момент ни леташе во мислите...
    Си кажавме едно збогум, кога ја затварав вратата од колата го видов како скиршно си ги брише очите. Не реков ништо само продолжив. Остана таму... А јас немав храброст да се свртам...
     
    На LaraSolare, H.VAGA, Izaabella и 13 други им се допаѓа ова.
  7. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    ме расплака ..како јас да го пишував целото ова ;(
     
    На hunny-bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Да беше... ама не е, нема ни да биде :doh:
    Кога би можела за миг да го вратам времето, би го вратила тој ден кога последен пат се видовме, кога последен пат ги почувствував неговите прегратки и усни... :| :|
     
  9. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Подобро што не е ;)
     
  10. bobby.pin

    bobby.pin Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    29
    Немам време да размислувам за бившите. А и несакам да замислувам како би било ако некој од нив е тука. Си уживам и мака немам. А и не се оптоварувајте со таа помисла, може поинаку да го сфатите тоа и да си упропастите се.
     
  11. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Да беше бившиот сега тука ќе се правев важна. Како сум успеала во животов последниве 4 години, колку сум созреала... ќе се смешкав и љубопитно ќе го распрашував. Иако и двајцата сега си имаме други љубови би се мрштела секој пат кога ќе би ми го спомнал нејзиното име. Баш е глупава... и различна.. од мене! Би се исплакала и би му се извинила што бескрајно го повредив. Би му признала дека често го мислам и сонувам и дека ми недостига како човек покрај кој се надоградував како личност. Би му признала дека ми фалат неговите гестови и неговиот животен стил... Но сепак, не би била со него затоа што го сакав само како пријател.
     
  12. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Ќе видеше колку многу ми е подобро без него и колку сум среќна сега :)
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    ...Ќе му кажев да си најде нова девојка, зошто оваа сега што му е ич не е убава. Зарем со таква ме замени бе? Лелеееее....
     
  14. Flavoraid

    Flavoraid Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Среќна сум што не е.. :D
     
  15. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    Исто како да не е. Немаше ни поглед да фрлам на него. Да вреди, нема да е бивши.
    Го сакам мојов што сме заедно и никој друг за мене не постои. :inlove:
     
  16. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    ...кога ќе му залепев една свежа вака, утринска, немаше да му текне да ми се врати уште еднаш.
     
    На LittlePinky и bluegirl7 им се допаѓа ова.
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ..ќе го гушнев најсилноо...
     
  18. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    две страни на истата перница ....
    она е една и единствена, таква и ќе остане.
    она не го сваќа тоа, неразбирливо е... ќе засакаш друга и толку од нас и овие муабети.....
    јас сепак мислам дека ќе остане единствено сонце ....
    ја гледам, тука е, ако ми затреба ако и затребам остана човечноста и она вистинското кое ваљда го немало коа сме биле ....
     
  19. V.e.n.e.r.a

    V.e.n.e.r.a Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    18
    Море тој ни у п.м да го отерам не заслужува.Да беше но не е и нема да биде.Тој заслужува да е сам со неговите лаги. ;(
     
  20. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Радо би му треснала една :lol: :devil: