За бивша љубов може да пишам? Дека дечко никогаш не ми бил.. Да беше тука најверојатно ќе седевме на последната распадната клупа во паркот, ќе грицкавме сончоглед и ќе зборевме со саати, Ќе ме фрлаше со сончоглед и ќе се смеевме ко будали и најверојатно ќе ме тешеше и советуваше како и тогаш. Ехх како ми фалат муабетите со него понекогаш.
Би го поминале времето заедно, гушкајќи се, зборувајќи, филозофирајќи, не верувам дека ќе се каравме, бидејќи од времето поминато заедно( кое беше многу малку) не го поминувавме карајќи се.
Бидејќи е бивши, во врска раскината по моја иницијатива ( за што особено ми е драго што се отргнав од таква фамилија и семејство) а дечкото си беше супер, и верувам дека сеуште е особа со добра душа, верен на својата избраничка. Искрено им ја честитам веридбата, и бракот им посакувам многу дечиња, а на невестата да си стои понастрана, бидејќи некои работи што постојат таму подобрп е да не се знаат (доколку сеуште не ги слушнала)
Ke mu cestitav za tatkovstvoto Patem I ke go prasav dali go naprajl deteto od ljubov ili bil pijan taa vecer
Ќе му честитав татковство можеби. Отсекогаш сакаше девојче, па изгледа наскоро ќе му се исполни желбата. Другите работи би ги преќутила... не останале ни убави спомени за сеќавање, ниту простор за нешто друго да се каже.
Имав прилика. Прилика за која пред 4 години не верував дека ќе ја имам. Му кажав многу ... повеќе од што некогаш замислував дека ќе можам да му кажам. Му кажав мои мисли, но не и чувства. Можеби меѓу редови ги прочитал чувствата, но се сомневам... Да немав гордост ќе додадев: - Ти си најубавото нешто што завршило во мојот живот. Најубавото нешто што траеше додека траеше. Најубавата болка си ми ти. Најискрената љубов си ми ти. Не те сакам, но памтам како те сакав. Како никогаш веќе што нема да сакам. Не поради болката, не поради солзите... туку поради тоа што еднаш се случува нешто такво. Нешто мое, мое највозвишено. Секогаш ќе имам дел за тебе и секогаш ќе се сеќавам иако јас тебе не ти значев ниту пола од ова. Малце се погазувам и што го признавам ова на сама себе, но ова е вистината. Ќе те памтам цел живот, на некој начин и ќе те сакам цел живот. И цел живот ќе го поминам без тебе, немо среќавајќи те по улици, без изговорен збор, а со растреперено срце.
Ke mu recev deka znaev deka ke oadne nisko,cim tokku visoko letase. Tolku kritiki imase,tolku pribirlib za devojki,a slikata od svadbata koga ti ja vidov...Cestitam,uspea da se ozenis so najgrdata sto nekogas si ja zapoznal.Epa obicno taka odat tie raboti koga preku leb pogaca baras.
Не е ВРЕДЕН за да му кажам нешто !!!! Не би го ни погледнала само би го одминала нека свати дека има и подобри од него
Ќе го гушнев уште еднаш за последен пат, пошто јас сум крива за се и сфатив што изгубив....ама доцна е, сега ќе се расправам со секакви будали што си поигруваат со моите нерви.
Дa не бевме скaрaни сегa нaјверoјaтнo би ме излaжaл декa е умoрен и декa му се спие, пa би истрчaл кaј другa. Пoнекoгaш се прaшувaм дaли јaс бев изневеренa или некoјa другa беше изневеренa сo мене. Утрoтo сигурнo би се пoфaлил нa другaр му, a пoтoa би и симнувaл ѕвезди нa некoјa третa. Ќе се нaлутев, ќе збoрувaв нaпрaзнo, a oн ќе свртеше нa шaлa кaкo ништo дa не билo. Пoпуштaв. Штетa, не издржaв дa пoпуштaм тoлку дoлгo зa дa сфaти декa сaмиoт се блaмирa. Сепaк милo ми е зoштo знaе штo изгуби и штo никoгaш немa дa нaјде. А дa имaв мoжнoст дa пoрaзгoвaрaм сo негo ќе гo нaпaднев сo прaшaњa. Кaкo си? Штo имa нoвo? Чувствувaше ли нештo дoдекa ме лaжеше? Зaслужив ли? Се кaеш? Кaквo мислење имaш зa мене? Би гo пoвтoрил ли истoтo? Зaлуднo ќе прaшувaв кoгa веќе ги знaм негoвите oдгoвoри штo нaжaлoст не се пoклoпувaaт сo вистинaтa. Пoпустo се нaдевaв декa ќе ме зaсaкa... Зaрем знaе дa сaкa некoј суетен лепoтaн без грaм мoзoк?
Беше тука. Му кажав колку ми фали и колку сакам повторно да сме заедно. Ама тоа е тоа. Не се простува лесно..
Јас Господ ќе го замолам да не ми прави ситуации за да се гледаме и да престане да ме следи во животов тој и неговите блиски,дури и во сон ми се појавува.можеби ништо не ми збори и прави лично тој ама доволно му го познавам погледот и што мисли во моментов. мажена сум ,женет си , беше нашето ,помина и те молам господе нека е подалеку од мојов живот и мисли,зошто НЕ ГО САКАМ ПОВЕЌЕ.(иако многу мислат дека неможе да го преболам и кога се гледаме не ни е сеисто) можеби не е сеисто 8 години бевме заедно,ама НЕ ТЕ САКАМ СКОТ СИ