1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да му се вратам или не...?

Дискусија во 'Разделби' започната од dani-dani, 27 декември 2009.

  1. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Се сложувам потполно со ким ! Тој сака летово да си се изнашета и после пак да ти се врати тебе а ти тоа не треба да го дозволиш.Не се нервирај , не се секирај ке си дојде и твојот принц само верувај во љубовта и се што е твое ќе си дојди.Ако те сака навистина нема да те пушти ќе те побара а ако не те побара не вреди да си трошиш нерви за него.
     
  2. martinagirl

    martinagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    фала ви многу срциња сте иако ми го казавте тоа што ме боле.....некам веке да сакам никој ги мрзам сите машки искрено ми се гаде од нив за тоа што незнаат да го ченат оноа што вреде :( фала поздрав ;(
     
  3. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    251
    Не се секирај ќе се најде некој што знае да те сака , почитува ,цени и чува како капка вода на дланка не се разочарувај :*
     
  4. anjelka

    anjelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Драги Феминки најпрвин здраво на сите :) (нова сум на форумов и ако има некои грешки или текстов е малку подолг се надевам ќе ми прогледате низ прсти :lol: )

    Значи имам едно проблемче за кое сакам да слушнам совет од некој кој не ме знае бидејки ценам искрани одговори.
    "Приказната" оди вака: со дечко ми бевме во врска скоро година дена и ни беше супер кога бевме заедно, но тоа беше само за виќенди (бидејки тој е на фах во друг град, а живееме во друг), а тоа влијаеше на меѓусебната доверба. Јас мислев дека тој ме изневерува и обратно,а на моето мислење големо влијание имаа и моите другарки кои мислеа дека не е за мене бидејки неговите не се многу богати,бидејки не им палеше ова кај мене почна на друг начин да го напаѓаат, дека го имаат видено со друга низ град гушнати тој се правел дека не ги видел, постојано ме прашуваа како можам да бидам сугурна со кој е сега тој ит.н. иако длабоко во себе верував дека не е како тие што велат и тој ме убедуваше дека не се во право и дека не треба да слушам што ќе ми кажат другите, сепак на крај "победија" тие што на некој начин беа против нас. Се се случи една саботна вечер кога ми се јави да ми каже дека таа вечер ќе излегувал со другарите и ќе биле само машки, а јас ако сакам да излезам со моите другарки и оваа уште повеќе допринесе да поверувам дека ќе биде со друга. Излегов со другарките (кои не го сакаа) за негов инает, а тогаш на нашето сепаре демек случајно се најде дечко кој другарките подолго време ми го местеа и излегов со него, направив нешто што најмнугу го осудувам и никогаш не би простила некој да ми го направи мене, го изневерив дечко ми :( ,само се мувавме , но сеедно не бев верна . Потоа немав храброст да го погледнам во очи па секоја средба ја одложував за да најпосле не се појавам кај него кога реков дека ќе одам и тоа беше крај повеќе не ме побара ниту пак јас него го побарав. Ме отстрани и од пријател на Fb и немавме никаков контакт 5 месеци, а сега повторно ми ѕвони за де видиме, да разговараме, да бидеме заедно, мислам дека го сакам сеуште, но добро го познавам знам дека не ми простил и мислам дека сака само да ме повреди, да ми врати за тоа што му направив јас.
    Моето прашање е што мислите вие дали навистина ме сака или сака да ми врати, ме збунува тоа што се јавува после долга пауза и тоа само за викенд, а кога не е овде ме заборава?
     
  5. Renee

    Renee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27

    Значи прво нешто што душава не ми дава а да на го кажам е фактот дека другарките ти се злобни и воопшто не те почитуваат како личност. Да не биле тие, ти сега можеби ќе си била со детето, мислам очигледно е дека тие те навеле да направиш нешто неоправдливо, ама ти крива си што си дозволила тоа така да биде. Твоите другарки сепак не се криви за се, недостигот на довербата створил пукнатини во вашата врска, а штетата од тоа е јасна.
    Добив впечаток дека дечково те сакал, ама и дека не се оптеретувал премногу со тебе, сепак тој е на факултет и ти треба да разбереш дека во овој период негов најголем приоритет треба да е факултетот па ти. Мое мислење е дека треба да оставиш времето да покаже, што тој навистина сака. Бидејќи ако му се вратиш со трчање тој ќе има простор и те како да те повреди. Затоа дај му до знаење дека тоа што си го изневерила , сметаш дека е многу погрешно, но тоа не му дава за право да може да ти приговара за тоа при секоја караница (а верувај дека ќе биде така). Следна работа е тоа што, довербата меѓу вас каква и да била повеќе не постои, бидејќи ти си го изневерила. Ако сакаш да си со него мораш да му дадеш до знаење дека овојпат си сериозна и дека нема пак да направиш таква грешка.

    Пробај, ама со резерва, размисли убаво за ситуацијата па после дејствувај.
    Врските на далечина најтешко опстојуваат, а за тоа е потребна голема меѓусебна доверба.
    Најдобро за двајцата ќе биде секој по својот пат да си чекори, но видете пробајте, ако оди со среќа ако не, до таму било судено.
    Поздрав пиши што се случило ;)
     
  6. bonb

    bonb Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Многу интересно . навистина но ете тоа се случува кога имаш такви другарки злобници кои ти биле љубоморни поради врската што си ја имала со дечкото и успеале да ти направат проблем . Но , јас мислам дека треба да се видиш со дечкото да му раскажеш како било и дека се каеш за грешката што си ја направила и да пробате по втор пат но да не дозволуваш да ти се меша никој во врската ама баш никој .

    Со среќа па пиши ни што се случило .

    Позз
     
  7. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    секој заслужува втора шанса ;) меѓутоа пази на кој ја даваш таа шанса.Се зависи од тебе ако мислиш дека детето овој пат е заентересирано за тебе пробајте пак меѓутоа пазливо :) со машките треба многу остро за да научат да ги поштуваат девојките :D така да не го прави ти првиот чекор види како тој ќе реагира покажи му дека и без него ти е убаво :) види како ќе реагира тој ако ти почнеш да го игнорираш.Играј си со него топло-ладно,тој така се покажал пред тебе не заслужува некое големо внимание а и за тоа што сакал да има односи со тебе ни малку не ми се допадна :@ немој да си дозволиш ни да ти зборува за тоа покажи му колку многу гордост има во тебе покажи му колку ти вредиш ! ;) :D
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    мислам дека да треба да си дадете усте една шанса така ке ви бидат чуствата појасни :inlove: ви посакувам мн срека
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Аууу какви другарки :^) можеби мислеле дека тоа го прават за твое добро, но ете погрешиле. До кога ќе ги проценуваме луѓето по материјална состојба??? ццц
    Искористи ја шансата што се јавува и излези со него, разговарајте, кажи му најискрено како се чувствуваш.....можеби и тој го чувствува истото, па затоа и сака да бидете повторно заедно.
    Не мора да бараш задна намера во ситацијава....а искрено и да ја има сама си ја заслужила :!:
     
  10. anjelka

    anjelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Ви благодарам девојки на искрените мислења, ми помогнавте да донесам (се надевам) правилна одлука и еве сега сме повторно :inlove:
    ;) :)
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    anjelka овие не ти се ни Д од другарки :@ тие биле злоба.... Твој пропуст е што си дозволила толку да замешаат прсти и твојата недоверба кон него па од едно излегување си го варала :x тоа не чини дали си сигурна дека ти го сакаш назад ? Си го поставила ова прашање ? Голема е веројатноста да сака да ги израмни сметките.Сепак ти го знаеш најдобро почни полека немој веднаш да трчаш по него направите сериозен муабет ако сакаш да се впуштиш во нешто прво отвори ги картите .Признај ја грешката и секако немој да си умислуваш дека се ќе биде прекрасно не викам дека не може да биде ама прво работи ама со резерва. Среќноо :*
     
  12. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    феминки ве молам да му дадете на мојава пријателка помош еве што и е проб.

    Има дечко за кој што сега разбрала дека е оженет и има деца и штом дознала веднаш му раслинала но тој вика дека ја сака и постојано и досаѓа на фб и на моб му вика да не раскинуваат дека ја сакал дека ке напраила грешка ако ја прифати разделбата и вика дека ќе се разведел од жена му и сега се мисли оваа дали да му се смири или понатаму да седат разделени

    Мој совет : да останат разделени и да се откачи од него засекогаш и да не растура брак со 2 деца

    Вие феминки што мислите ве молам да и помогнеме
     
  13. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Типот е женет, со 2 деца и цело време и го криел тоа, а она се мисли дали да му се смири? Е од вакви пропаѓа светот.
     
    На Decapitated.Hanna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476

    Како бе да му се смири?
    Има жена дома,деца..мош уште слон фале да има дома,па да разбере дека тој е забранет за неа.
    Нека си ја бара среќата на друго место,кај него очигледно не и е ;)
     
  15. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    и јас и го велам истото да си ја пронајде среќата на друго место
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Tвоето си го сторила ,си и дала другарски совет ако не сака да го прифати-нема што да се мешаш,нејзин живот крај краева.Kрив е женетиот што сака ем жена,ем швалерка :x
     
  17. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    hermosa точно така ем женети ем си бараат швалерки но мојата пријателка за среќа конечно ја разбра вистината на време и вети дека нема веќе нема да се гледа со него.. :)
     
  18. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Ако те сакал немало да те пушти иако не си сакала да имате односи, сепак мое мислење е да не му се вракаш на таков, кога тогаш... тој пак ке го проба истото, знаеш волкот го менува крзното но не и ќутот. Каде бил додека ти си била сама за тоа време !??! Не му се вракај , дај ја својата љубов и невиност на некој кој тоа го заслужил и ке те сака без оглед на се , и секако ке чека се додека ти небидеш подготвена :)
     
  19. LiLPixiEe

    LiLPixiEe Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Бившиот ме сака назад?

    Со мојот бивши прекинавме пред една година,само се мувавме не многу долго,неколку месеци и така бевме и муватори и пријатели супер беше,но кога прекинавме ми рече беше дека сакал нешто повеке со мене но имал лични проблеми и немал време за врски и друго..и ок ,го сакав му признав,не ми даде шанса..
    потоа I moved on,една вечер во малку пијана состојба се смував со друг пред него,и од тој ден немавме комуникација се до денес.
    Сега моментално,одам со негов добар другар,и бившиот(тој) дозна.од кога дозна ,кога ке се видеме на свирки забави и сл. ми прави муабет како ништо да не било,
    Пред 2 дена,се сретнавме на журка,и дојде се поздрави све..ме викна да правиме муабет,изгледаше многу љубоморен и само ми зборуваше за тоа како не си припагјам со неговиот другар (со кој моментално одам )
    и општи работи дека сум се променила,дека сум била разубавена вака така..потоа почна да ми вика дека припагјам со него,дека сака да ми се врати,и дека има чувства кон мене..дури и ме бакна присилено на некој начин..рече ке ме бара да правиме маубет,ме адна пак на фб ама муабет не ни очекувам ..искрено незнам што да очекувам,збунета сум,незнам што да правам..имам малку чувства кон него..сеуште не му имам кажано на другар му односно дечкото со кој што одам за ова..
     
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Бившиот ме сака назад?

    Ич ништо нема што пак да му се враќаш, да се вртиш во круг. Така прави од љубомора, а не оти се е просветлил во врска со тебе, туку на крај пак да те зафркне.