1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да сакаш или да си сакан?

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 25 јануари 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не најдов ваква тема додека пребарував ако има не ме карајте :D .
    Знам дека е најубаво кога е љубовта взаемна и возвратена ама што ако не е?
    Што преферирате тогаш да сакате или да бидете сакана?
    Мене ми е малку лигаво, без да навредам некого кога некоја ќе се вади на тоа како иако и е невозвратена љубовта среќна е што љуби, љуби заради самата љубов и не и паѓа тешко а-ха секако си велам само верувај си.Секој од нас е толку полн со его кое не прифаќа како некој мозе да не не сака вакви прекрасни какви што си сме, слеп е луд или што? Кога бев средно сакав еден од мојот клас, бевме супер другари во почетокот, кога почнавме врска(немаше секс) тој имаше проблеми со алкохолот и колку сум патела по неговата љубов. Од денешен аспект си велам тој себе не се сакаше во моментот па мене ќе ме сакал, ама тогаш не мозев да прифатам како не ме сака, патев ли патев.
    А и да ме сака некој кој не го сакам товар би ми била неговата љубов, што би ми значела би ми пречела попрво.
    Ама сепак мојот избор паѓа на да бидеш сакана. Ако сакаш а не ти е возвратено не само што е поболно и посамодеструктивно за психата и егото, туку си само преносно тркало на нечија двизечка сила и идентитет да изгубиш мозеш, самодоверба да не зборувам. Една моја другарка ја уништи токму ова невозвратена љубов.
     
  2. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    хммммм интересна тема во секој случај, јас често сум се прашувала али никако неможам да најдам конечен одговор, се некако се вртам во круг али начелно сметам дека
    подобро е да сакаш затоа што кога сакаш тебе лично ти се менува животот, гледаш убаво на сите работи, самиот со себе си позадоволен, секако не зборам за сакање на некоја личност која упорно те отфрла, и те прави исфрустриран или те доведува во состојба на патење..... сакање во смисла јас сум заљубена , а партнерот и не нешто кузнај колку, не колку јас, но сепак е со мене,
    од друга страна кога си сакан, колку и да се трудиш неможеш да ја осетиш магијата на љубовта лично, одвнатре, значи убаво ти е неспорно, некој ти обрнува внимание али сепак ја нема онаа драж што би се рекло, ја нема онаа еуфорија што те крева од земја и ти дава невидена енергија.....
    :wasntme: незнам бар ја така размислувам.....од друга страна пак, реално ако се размислува подобро се осеќа човек кога прима нечие внимание, отколку кога само дава а не прима за возрат ништо, али сепак е прашање на ситуација........
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Глуварче,јас мислам точно на онаа невозвратена љубов кога си отфрен,фрустриран и патиш значи дали и тогаш одбираш да сакаш заради самото чувство од типот јас сакам, си го сакам чувството не мора да ми се возврати, некако мене ми е загризувачки вака да се размислува :worried: , ама како и да е, некој си е мазохистички настроен кон себе.
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Да сакам! Колку и да звучи лигаво, јас сакам да бидам исполнета со љубов, душичката ми плаче за некој да сакам. Некаде прочитав: Многу често во врските едниот е заентересиран другиот не. Моќта е во незаинтересираниот. Но кој вели дека моќта е среќа? Луѓето кои сакат се среќни, секој допир од саканиот те исполнува. Е сега ако љубовта не е возвратена тоа е друга работа. Ќе тонеш во монотонија некој период, посебно ако си мазохист среќен ќе бидеш и ако тагуваш по него, па ќе помине. Сакајте луѓееее!
     
    На Minceee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ако љубовта не е взаемна, не го сакам ни првото ни второто. Најубаво е кога си сакан и кога сакаш (една иста личност).
     
  6. Zocuska

    Zocuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    1
    Да сакаш и да бидеш сакан.Двете се подеднакво важни.Ако некој сакаш а нетие возвратено не е добро, но и кога некој те сака а ти него не...Како и да е потребни се двајца
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Едно без друго не иде, човек има потреба и да сака и да е сакан.Така е програмиран.Затоа...СЕ или ништо :D
     
  8. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Па за љубов потребни се двајца.
    Залудна е љубовта ако се чуствува само од една страна.
    Џабе да го сакам некој ако не ме сака и тој и џабе да ме сака некој ако јас не го сакам .
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Ја не знам дали само јас ја сфатив поентата на темата, ама прашањето не е ... како е најубаво, да сакаш, да те сакаат или да се сакаТЕ...ТУКУ ..прашањето е .. ШТО АКО не се сакате двајцата взамно, исклучете го тоа како опција... едниот само сака. Кој сакате да бидете? Да можете да бирате ..би биле примач или даваш... ? :D

    Јас, лично... Веројатно би сакала да ме сакаат за да бидам среќна...Зошто ако сакам и не ми е возвратено нема да ме исполнува среќа туку агонија...Со други зборови.Јас сум примач. :D
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ако е тоа суштината на темава, и јас би сакала да сум примач 8)
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Хм, дискутабилно прашање. Сакам да сум сакана. Кој не би сакал да е сакан? Ама повеќе од се сакам да сакам.

    Јас сум роден алтруист. Многу сакам да гледам насмеани и среќни лица, и кога тоа го гледам ми се исполнува не само душата туку и секоја пора на телово. Најсериозно без иронија. Сакам да чекорам во свет со насмеани лица колку и да звучи ова утопистички и претерано оптимистички. Сакам да се судрам со некого на улица и да ми возврати со насмевка а не да ми опцуе се по список и да ме направи слепец.
    Истото е во љубовта, во врските. Кога сакам нема граници. Ми имаат кажано дека тоа ми е грешката во софтверот. Можеби, ама јас поинаку не знам. Сакам да му е убаво на љубеното лице. Не гушам, и не сум како мајката која толку многу си го сакала детето па го загушила стискајќи го од љубов. Тоа не.
    Но знам да направам да се чуствува среќен човекот кој е со мене. Што би се рекло the sky is my limit во се па и во љубовта.

    Е сега не сум садист и не си правам Бајрам на паметот да сакам некого кој не ми возвраќа барем со некаква емоција, почит, заштита. Што би се рекло, не сум будала. Во врска мора да постојат взаемни чуства да не се лажеме. Мора да има некаков бумеранг на она што го правиме за некого макар во поинаква форма. Можеби не секогаш има идеален баланс на тие чуства ама мора да ги има. Се останато е повеќе или помалку прашање на компромис.

    Сакам да сакам, и се сакам и себеси, а тој што го сакам - добил на лото. Скромно признаено :$

    Патем темава ќе пукне од толку љубов. Ајде да броиме колку пати сме кажале САКАМ. Или барем јас. Бидна. 20 е моето бројче :)

    Па ајде прашајте ме пак дали сакам да сакам?!
     
    На glorijaMKD, crazylady, O.l.i.v.a и 9 други им се допаѓа ова.
  12. stronggirl636

    stronggirl636 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    убаво е чувството кога сакаш но уште поубаво е кога љубовта ти е возвратена!!
     
    На milca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Нема поубаво кога љубовта ти е возвратен
     
  14. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    А Пирамиткичке моја , развигорче! :D Сакаш да те сакаат или да го сакаат начинот на кој сакаш? И ако сакаат да те сакаат, може ли да не го сакаат начинот на кој сакаш?
    И јас сакам да сакам....ама поише сакам кога ме сакаат...Така јас го сакам другиот човек поиШЕ...поише поише по-ише...пои-ше...
    Јако зборче..Ај сеа да викаме „поише“... :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Дафни и Блонд...па нормално дека сте примачи...
    го примате редовно,нели :P :D
    Се шалам!

    Гласам за љубовта,да биде взаемна!Нема поубаво чувство од тоа...И нормално секој е среќен и исполнет кога го има ова.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Како може да се одбере помеѓу овие две работи? Да сакаш,а да не си сакан, убаво ли е чувството? Па невозвратената љубов е една од најлошите работи што може да му се случи на човекот. Или да си сакан, а да не сакаш, како може да ти биде убаво, кога не ја возвраќаш љубовта?
    Единствениот одговор е да сакаш и да бидеш сакан, се друго е неважно...
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Дафне, па не мора да го сакаат само начинот на кој ги сакам, сакам да се среќни што ги сака ваква цура и пол ко мене бре! Мислам. Ме разбираш :emo: И да ми возвратат. Да летнам и јас малку ко балонче од МекДоналдс.

    Методите јас ќе им ги кажам. Има повеќе начини на возвраќање и покажување де, нели? :D

    Остај а ти примачу сакаш ли да те сакам а? Само ако ме игнорираш амин сакање еј! Или ќе се сакаме поиШЕ и поиШЕ :D
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Кога ја поставував темава мислев колку невозвратената љубов беше деструктивна за другарка ми,имено дечко и сакаше друга, беа заедно 4год. и излезе дека другава била од друштвото на дечко и си имала дечко ама тајно се гледале со дечко и на другарка ми, после прекинале ама овој уште ти ја сакал таа, па тоа ја доведе другарка ми до тешки депресии,седативи и што ли не. Како и да е, ЈАС ГЛАСАМ ЗА ВОЗВРАТЕНА И ВЗАЕМНА ЉУБОВ!!! Затоа алтруисти ако налетате на нешто слично бегајте со време, дури не е премногу касно!
     
  19. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Пирамитке, јас па кога ќе фатам да те сакам кога ќе се разсакам да се подрасплаши човек.! :rofl: :rofl: :rofl:
    Ај забегав у офф. Иако..технички, уште е актуелен зборот „сакање„ и зборот...поише.Да не речам а ќе речам, најпојќе :D
    .
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Teodora нема полошо од тоа да сакаш а другиот да те отфрла, ваквото сакање мислам дека трае многу кратко,
    убаво е да сакаме, да ја чуствуваме таа магија, но ако истото или слично, бар малце, на било кој начин не ни биде вратено, таквото сакање трае многу кратко....... тоа е тоа вљубен во љубовта, али ако е невозвратено трае дефинитивно многу кратко :?:
    кога ваквото сакање ќе продолжи дефинитивно преоѓа во патење, а после нормално следи депресија и сл....... проблеми
    сепак мислам дека не треба да се впуштиме во љубовта целосно, се дур не сме и малце сигруни дека му значиме на оној кој го сакаме ;)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.