Глуварче,да убаво е да си вљубен во љубовта! Сега она што сметаш да не се впуштиме во љубовта ако не сме целосно сигурни во неа е тема за на долго и широко според мене ќе пробам во кратки цртки да појаснам. Почнуваш врска, никој од двајцата не го знае мотивот за влегување во неа(пр.ти бараш љубов,тој сака само секс,нека е и обратно ),на старт сите сме во фаза на заљубеност јас не им верувам на оние што се виделе 2пати по 10мин.со некој па леле колку го сакам,не сакам никого да навредам со ова,ама јас така мислам и ќе си се изјаснам.Па сега дури таа заљубеност стекне доверба,разбирање и премине во љубов треба време,нерви,трпеливост,накратко ова трае и е комплициран процес и треба да помине време за да сме сигурни.И пак ќе има некоја трошка сомнез и по год. и ако е љубовта взаемна.Сакам да казам тешко дека ќе го темпираш секогаш моментот на повлекување,има и такви препредени луѓе со год.манипулираат со нечии чувства за свои цели и интереси,ама ај да не забегувам.А плус секој што е во врска со невозвратена љубов го чека убавиот,сончев ден кога ќе му биде возвратена љубовта. Па и ова мозе да се случи,ама сепак толку ретко и тешко веројатно е што не треба да се полагаат надези...
Љубов .....Што беше тоа? .... Љубовта може а биде и "убаво миризливо цвеќенце" (да се изразам метафорички ,иако не гледам така на тоа ) ,а и може да биде едно огромно срањееееееее..... Тиранин сум кога се работи за чувствување на љубов ......
ДА САКАМ бидејќи знам дека таа моја љубов некогаш ке биде возвратена и така ке бидеш сакан навистина е прекрасно чуството да бидеш сакан,посакуван,да постои некој кој те сака, мисли, се грижи за тебе...гледа постојано да бидеш среќна(иако е тоа невозможно секој ден да те прави среќна ама...) но исто така прекрасно е и да сакаш..има со кој да кроиш планови, да го правиш среќен, има на кој да му кажеш те сакам, да му кажеш сто чуствува срцето, сто се кре во душата, да има кого да прегарнеш во тешките денови...се надеваш дека и тој те сака...бла бла блаааа.....итн најважно е да сакаш за да бидеш сакан!!! -
Па интересна тема. Многу многу сакам љубовта да е взаемна. Да се сакаме и двајцата и да бидеме среќни. Ако ме само сакаат а јас да не можам да возвратам, во случај на некои многу емотивни дечки, ич не сакам да се наоѓам во такви ситуации. Ме молеле, ми плачеле (не би го нарекла тоа лигавење), ич не можам да поднесам машко да плаче. Не го сакам и не сакам да ме сака. А пак ова јас само да сакам некако ми е интересно, ама не многу да сакам, онака симпатии и хемија. Можеби сум луда но ми се допаѓа кога машко ќе ме игнорира за разлика од некои што ќе ми удоволуваат, некако здодевно е. Сакам да бидам со некој многу различен од мене, да имаме различни погледи и различни размислувања. Сега сакам и сум сакана и не сакам да ми се промени оваа состојба. Премногу сум вљубена и ако се разделиме не би можела да поднесам
Мислам дека на секого му годи да биде сакан. Ама под тоа сакан подразбирам личноста која те сака кон тебе да се однесува учтиво и културно и најбитното - да не биде замарант. Да знае до каде му е границата, е сега ако мене ми се допаѓа или го сакам ќе му возвратам, а ако не, да знае да си се повлече. Ме нервираат оние кои така наречено ' ме сакаат ' а всушност не сваќаат или не сакаат да сватат дека ме замараат и не сакам да имам ништо со нив. Под ова се оние што се лигават, пре емотивни дечки, ти симнуваат ѕвезди или па манијаците. Јас сакам да сакам некој, но тоа да не биде некоја преголема љубов. Како што рече Штрумфетата неколку искрички, да си имам некоја хемија и тоа. Не сакам да се затрескам во некој а тој да не знае дека постојам. Најмногу ме болат таквите љубови - невозвратените. А некогаш убаво ми е да сакам некој и онака да си го бркнам ама да не сакам да имам ништо со него.. Онака, да остане се на симпатии. Исто, не сакам некој што премногу ќе ми удоволува, зашто веќе ќе стане тоа монотоно ама не сакам ни некој што ќе ме игнорира. Ете, некоја златна средина. Нека се почувствувам сакана, но не премногу. Да не почнам после да си ласкам сама на себе и да станам горделива, па после што ќе правиме. Се шалам. Ама, покрај се - најубава љубов е онаа која е возвратена. Тоа го знаеме сите, нели?
Знаеме дека најубаво е коа и двете страни сакаат али ако веќе морам да бирам меѓу тоа да бидам сакана или да сакам, тогаш бирам да бидам сакана ... повеќе ми годи
Нема дилема дека најубаво е кога постои взаемна љубов,ама ако мора да бирам јас сум за опцијата да сакам.Кога сакаш и најмалата ситница те радува, а кога те сакаат а ти не, џабе ти се и ѕвездите да ти ги симнат.Ништо нема да те допре и ќе ти биде баш сеедно.Никогаш не ми годело да трчаат по мене, ме нервира досадувањето и лигавењето од типот Јас те сакам ( а освен здраво,пријатели на фб и две три речи, не сме поделиле ништо друго). Сакањето е многу поразличлно од пеперутките во стомак и страста меѓу двајца,точно дека за да стигнеме до љубов овие две со идеална основа, но времето и поделените нешта прават да може да кажеш те сакам.Барем кај мене функционара вака Ако грешам..нека изгорам..
Најубаво е чуството кога и двете страни чуствуваат љубов и се сакаат ама ако бирам помеќу да сакаам и да бидам сакан ..... изборо ми е малце тежок но мислам дека подобро е да ме сакаат
Во овие тешки времиња да најдеш некој кој ќе те сака без малку да има корист од тебе е прекрасно. Јас го засакав мојот сопруг баш заради таа нежна, заштитничка и безусловна љубов која ми ја пружа од самиот старт. Кај мене тие две работи се поврзани, јас сакам кога сум сакана, се друго е опсесија и фантазирање. Зборувам за себе, не општо.
да сум нај сакана од оној што го сакам,љубовта е двонасочна улица даваш-примаш,ако е насоката една ,е тогаш оди и побарај си го вистинскиот пат
Многу јасно! Да Сакам и да бидам сакана од тој што го сакам Нема поубаво од обострана љубов Што ако ме сака некој што ја го нејќам или ја сакам некого а он не ме ни приметува Не иде....нема тука среќа според мене! Сакам да сум сакана од дечко ми и сакам да го сакам ја дечко ми! Битно е дека ние си се сакаме и сакаме да си продожиме да си се сакаме. Сакам кажам не знам речам...
Кого би избрале?! Драги мои феминки не верувам дека никоја од вас не се нашла во ваква ситуација па ајде да продискутираме на темава, кого би избрале "Дечкото кого го сакате" или "Дечкото што со сите сили се бори за вас"
Кого би избрале?! Дечкото што го сакам Мислам овде нема што да се дискутира, повеќето би го избрале тоа
Кого би избрале?! Би го одбрала дечко то што го сакам баш се имам најдено во истава ситуација но тогаш постапив подруго но подоцна се каев но сепак тоа е тоа ... па затоа сега ако се најдам во таква би го одбрала дечкото кој го сакам
Кого би избрале?! Секако, дечкото што го сакам... Доколку и тој ме сака мене, ако не... мамата негова хаха