Кого би избрале?! Па нормално дека би го избрала дечкото што го сакам, но само доколку таа љубов ми е возвратена. Ако не ме сака тој џабе ми е се.
Кого би избрале?! Ако дечкото што го сакам ме сака, него. А ако не ме сака и гледам дека нема шанси да ме засака ќе го шутнам. Другиот ќе го држам блиску до мене за секој случај.
да сакам.. дефинитивно.. ќе ги правам луѓето среќни бареем! не сакам да ме сакаат.. тие што ме сакаат најчесто се повредени од моја страна..
Пред некое време, мислев дека е подобро да си сакана... Ама сега знам дека подобро е јас да сакам... Иако љубовта не ми беше возвратена, јас се обидувам да го преболам, а тој тера по своето, сепак ме теши тоа што бев искрена, и дека тој беше нешто посебно за мене, значи сум доживела нешто незаборавно.
Возвратената љубов е најубава љубов Ама ако мора да се бира помеѓу овие две,тогаш повеќе сакам да сум сакана
i da sakam i da sum sakana.Ljubovta e dvigatel na zivotot,vrskata megu nas me drzi vo cekor so se,mi dava motivacija,nades i podrska.Ako ja nema ljubovta,t.e.ako ne me saka,togas dzabe si gubime vreme i jas i toj i dzabe se zalazuvame deka mozi ke bide,a toa nikogas nema da se sluci.Vsusnosto ubavo e da se sakaat dvajcata
Сите копнееме по пеперутки во стомакот, фиксирана насмевка, адреналин до небо и тн.. И кога го чувствуваме ова понекогаш се лажеме и ни делува како и другиот да го осеќа истото. Е! Во тој случај кога си се лажам себеси, сакам да сакам. Затоа што останувам слепа за моментите и постапките кои го докажуваат спротивното, дека не сум сакана, па и секој најмал негов мил гест, го сметам за доказ за љубов. Инаку нормално дека би сакала да сум сакана повеќе одколку да патам, како и повеќето, бидејќи колку и да не признаваме сите сме себични во таа смисла и ги ставаме нашите чувства пред оние на другите и не размислуваме дека на тој начин само си го трошиме времето, и нивно и свое
Подеднакво грдо ми е. Не сакам некој да ме сака, да трча по мене да се труди околу мене, а мене да не ми дреме за тој некој. Осетено веќе. Прилично грдо се заврши таа приказна и доволно ми се има изгорено срцето за еден таков човек, што знам дека не сакам да сум фраерката што не сака, а ја сакаат. Или јас побогу да се трескам од земја за некој, а да не ме ни приметува, ко живо суштество Јок бре. Да си сакам и да ме сакаат, макар што никогаш тоа не е подеднакво, секогаш некој сака повеќе и секогаш некој одсакува некого уште пред другиов да сфати дека „Љубав овде више не станује“ http://www.youtube.com/watch?v=Jf5WKKTHe8s
А може комбинација од двете заедно Или се поретко во денешно време Како и да е тогаш ми е најубаво САКАМ И СЕ ЧУСТВУВАМ САКАНА
Да сакам. Но, уште немам стигнато до тоа ниво. Јас почитувам или свиѓам, љубов немам почувстувано кон некого. Силна,искрена, да ми е доволно што само го сакам и безусловно му ја давам сета моја љубов, не барајќи ништо за возврат. Да бидеш сакан= поголема самодоверба Чувство дека постои некој на кого му си важен барем за момент и дека не си сама.
Па и да сакам и да бидам сакана, нормално. Каква врска би била таа доколку јас го сакам него, а тој не ми ја возврака љубовта или обратно. Не би ни постоела. Е сега, би сакала тој да ме сака повеке отколку јас него но во секој слуЧај и двајцата да ги делиме истите Чувства. Во секој друг слуЧај љубовта би се претворила во болка , а врската во болно потросено време.