Да си сакан е подобро, а веќе ако сакаш тогаш си изложен на се во љубовта. Јас и сакам и сум сакана, но и сум страдала поради тоа што сакам..
Комбинацијата од двете е дефинитиввно најдобра...Јас сакам и сум сакана скоро 10 години и тоа е најубавото чувство на светот...на сите им го посакувам од срце...
Па според мене е поубаво да си сакан Но, убаво е и да сакаш! Не е доволна љубовта само од една страна. Добро би било кога би постоела некоја комбинација! И двете страни да вложуваат подеднакво исто и да се трудат љубовта да опстане. Колку и да сака само еден од двајцата таа љубов не тера многу далеку. Затоа што за врска се потребни двајца! Што би се случило ако машкото на пример е заљубено во својата девојка, а таа го сака некое сосем трето машко (или обратно) ?! Тогаш ништо не би имало смисла.
Да сум сакана. Кога ке бидам сакана и јас ке засакам. Можеби не со ист интензитет но доволно за да не повредам.
Да сакаш.. Чувство кое нема замена.. Впрочем колку би било убаво и љубовта да ти е возвратена... ...Сепак признавам подобро е да си сакан..
Во секој случај е поубаво да си сакан но за да бидеш сакан пред се треба да сакаш.Ако не сакаш никогаш нема да забележиш колку си сакан од страна на партнерот.Јас сум за да сакам.Иако ме повредиле многу пати само поради тоа сепак за да можам да сватам колку партнерот ме сака прво јас треба да си расчистам колку уствари јас го сакам.Ако некој не го сакаш неможиш да ги почуствуваш оние чуства кој ги има тој спрема тебе.Може и тој не те сака само му се свиѓаш малку повеќе отколку он тебе а ти си мислиш дека те сака затоа шо и посветил малку по големо внимание.
само да сакаш а да не те сакаат е болно исто како и да те сакаат а да не сакаш.. затоа едното без другото не иде .. не ферски е
И јас би се согласила дека едното без другото не може. Сум почувствувала како е да сакаш, а да не си сакан, но никогаш да сум сакана, а јас да не сакам. Сега кога е взаемно чувството на љубов, гледам дека едното без другото не може, и дека тогаш е потполно и совршено.
Не е можно едното без другото, сакам да сум сакана но сакам и да сакам што ќе ми е некој да ме сака ако јас не го сакам него?? или обратно...кога двајцата делат исти чувства тогаш е најубаво
Во досегашниов "љубовен" живот, сите што ме САКАЛЕ не сум ги сакала. Ми биле досадни и патетични. Не се случило до сега да го сакам оној што ме сака. Тие што сум ги сакала или биле зафатени, или дигнати кретени. Кога подобро ќе размислам, тешко мене некој да ми удоволи. Би избрала да сакам.