Да сакаш или да си сакан?! Тешко прашање навистина. Кога би требала да бирам, би одбрала да сакам! Поради тоа што секогаш скоро сум била сакана, но измачувана поради моите чувства дека спротивниот пол не е подеднакво сакан. Како и да е, несакам секако да сакам, а да бидам отфрлена! Сакам да сакам, колку да се чувсвувам убаво за своја душа
Дефинитивно да бидам сакана Колку и да немам чувства за таа личност, сепак на некој начин моето его се храни и со тек на време личноста ако прави некои дела кои ви се драги, некако ве придобива. А не сум за тоа да се изживуваме со оние кои не` сакаат, да ја злоупотребуваме таа љубов и да ја исмеваме. Ако веќе некој ве сака, а вие не, треба да решите дали сакате да пробате нешто, со надеж вашите чувства да се променат во иднина, или пак фино лепо да кажете дека не сакате ништо со личноста, за да не продолжува да се залажува. А нејќам да сакам безнадежно вљубена и таа љубов да не ми е возвратена- обично се контролирам да не се затрескам толку во некого, бидејќи после се нервирам кога ќе видам дека ме одбил, а која му е женска и ми иде да му одржам некоја лекција ама мирно си велам- кога е глуп нека му е, и продолжувам напред .
Најдобро е и двете, но ако треба да бирам, би избрала да бидам сакана. Колку и да не го сакам некого, среќна сум што тој ме сака, исполнета, знам дека некому му требам, му значам. Можеби звучи малку себично, но може со тек на време да ме освои
најдобро е да бидат двете и да сакаш и да бидеш сакан али сепак поубаво е кога знаеш дека има некој што те сака и кому му значиш многу и прави се за тебе
Да бидам сакана! Ако сум сакана и ќе сакам,ако не џабе ми е се. И така сум тешка во врски и барам мн. Но,ако сум сакана колку што јас сакам и барам се е ок...но и ќе сакам и ќе дадам се од себе за таа врска!
Ретко кој ја цени љубовта. Полесно е да си сакан, одколку да сакаш. Кога сакаш - некогаш боли, некогаш не. Доколку е љубовта возвратена нема поубаво чувство. Доколку не е - нема погадно чувство. Се бориш, трчаш по некој, правиш се за него, но џабе, се ќе отиде во вода. Ти се чувствуваш повреден, осамен, тажен. Ти страдаш во оваа ситуација. Кога си сакан - полесно е, нема што да изгубиш тука. На сите ни ласка кога некој прави нешто за нас, кога знаеме дека му значиме на некого. Со тек на време ќе почне полека полека да ни се вовлекува во кожа до тој степен што не можеме без него. Но, не секогаш завршува така среќно. Постојат многу такви кои не ни се допаѓаат, кои ни се одбивни, некои кои дошле во многу погрешен момент. Полесното е што тука ти не си повреден. Да, повредуваш некој друг, можеби чувствуваш грижа на совест, но не те боли колку што го боли него, не боли колку кога љубовта не е возвратена. Така да - да си сакан.
Се согласувам во потполност со Bloom. Ретко кој ја цени љубовта денешно време.Се бориш за личноста уште од самиот почеток за на крај да сфатиш дека џабе си трошел време. Би избрала да бидам сакана зошто е убаво чуството кога знаеш дека таму некаде на некој му значиш,дека се ке направи за тебе.И би било одлично доколку љубовта е возвратена.Ама за жал ние девојките оние кои не сакаат ги игнорираме а бркаме недостапни личности зошто ни се поинтересни а на крај остануваме повредени.
хмм,незнам навистина што е подобро. Да сакаш или да бидеш сакан .. хмм, навистина добра тема морам да признаам Еве јас како размислувам. Доколкку сакаш,треба да сакаш со сето твое срце. Да ја делиш и пружиш љубовта која мислиш дека тие луѓе ја заслужуваат. А да бидеш сакан е мислам најисполнителното чувство што постои. КОј не би сакал да се буди со мисла дека некој сега мисли на него,дека некому е потребен,дека некој го сака Но, како ќе добиеме доколку не дадеме,зар не?!
Знам дека повеќето би избрале да бидеш сакан. Мал број пак би рекле дека е поубаво да сакаш за да бидеш исполнет. Но јас и некои останати како мене би рекле да сакаш и да бидеш сакан. Сум ги искусила и двете и знам дека не за џабе е речено љубовта е за двајца нели?
Едното без другото мислам дека не оди. Не можеш да бидеш среќен ако сакаш, а знаеш дека не си сакан. И обратно..не можеш да се чувствуваш исполнето ако не сакаш некого со кого ги минуваш најубавите моменти.
Кој не сака да биде сакан ? Сите на некој начин сакаме да бидеме сакани Што се однесува до мене јас сакам да сум сакана
Да си сакан, секако.Да сакаш е многу покомплицирано.Еве во моментов, јас сакам, но не знам дали таа љубов ми е возвратена.Не патам и не сум падната во депресија заради тоа, ама сепак помислата дека можеби не ме сака е многу разочарувачка.А кога знам дека сум сакана, се е полесно-чиста ситуација...
Значи вие девојки обожавате кога некој трча по вас, ви угодува, а вие уживате и не се замарате. А додека пак, не сакате и се чувствувате несигурно кога вие сакате, и (не)знаете дали љубовта ви е возвратена??? Јас лично, подобро се чувствувам кога сакам и се борам за оној кој го сакам.. кога се чувствувам како да ПРАВАМ нешто... А нормално, најубаво е кога двајцата се заљубувате во исто време, и двајцата правите СЕ за вас и вашата иднина.. Некој да ме сака додека јас уживам во неговите угодувања и не возвраќам со ништо, ме прави да се чувствувам неправедно.. (сепак, јас сум вага во хороскоп ) Значи.. да сакаш и да си сакан е совршено... А ако морам да бирам меѓу да сакам и да бидам сакана... Па... сепак да сакам