Јас една од ретките овдека мазохистички настроени жени. Си ја трескам главата у ѕид зашто не ме сака, и неможам да се помирам со тој факт. Еее кога би се опаметила нема да патам толку од овој мој мозок. Ама зашто да биде просто, кога може да биде сложено!?
Не можам да одберам, едноставно ми одат едно со друго... не би била исполнета да сакам, а да не ми биде возвратена љубовта, тоа ми е без целно, а од друга страна не би можела да бидам среќна ако сум сакана а јас да не ја сакам таа особа, џабе е и угодување и се по список кога нема да ја сакам таа љубов
сакам да сум сакана ама и да сакам...според мене љубовта се прима и дава преубаво е чувството дека си сакана.секаде околу тебе пеат птици,стомакот ти е полн со пеперутки,секагаш си насмеан и весел кога сакаш го обсипуваш саканиот со внимание ,ситни изненадувања.го милуваш.бакнуваш,делиш со него преубави моменти... моментално не сум ни сакана а сакам само не сме заедно поќе...сепак вервам во љубов,дека ќе ме најди повторно...надежта псоледна умира...
Знам дека правило е да сакаш и да бидеш сакан, но јас сепак најпрво повеќе би го одбрала второто-да бидиш сакан
Едното без другото не оди. Најубаво е чувството кога знаеш дека си сакан од тој што го сакаш. А лошо е чувството да сакаш некој и љубовта да не ти биде возвратена или па да те сака некој, да гледаш како пати и тоа не е работа. Затоа најдобро е да си сакаш некој и тој тебе да те сака доволно.
Да сум сакана дефинитивно, а да бирам сама, взаемно би било најубаво..Само тогаш би се чувствувала исполнето и би ги чувствувала благодетите на љубовта.
И јас се сложувам со ова. Исто така воопшто не е убаво чувството да бидеш сакан, а да не возвраќаш. Искрено јас се осеќам како должна кон таа личност, како да не ме заслужува, ама што може да се прави не можеш да му наредиш на срцето. Тоа е најчесто момчето што е ставено во friend zone, а уште полошо ако е во brother zone.
Сега гледам можеби подобро е да си сакан. Но, не оди и ако ти не чувствуваш ништо кон тој што те сака. Па ќе бараш некој што ти ќе го сакаш...па ќе ти се погоди да не си сакана...и се така ќе бараш додека не ги пронајдеш и двете работи некаде! Абе филозофија...комплицирано е.
Сакам да сакам, и сакам, ама сакам да сум сакана кога сакам. Убаво е да знаеш да сакаш, лично за себе, зошто другите баш ги боли тасе. Се повеќе себично го злоупотребуваат тоа. А да си сакан е премногу пријатно чувство. Секој посакува да е сакан, почитуван. Кога знаеш дека си сакан се чувстуваш заштитено, среќно, посакувано. И двете имаат свои предности и маани. Но посреќна сум кога знам дека сум сакана.
Порано мислев дека е најубаво да си сакан, онака се чувствуваш поласкано, ти годи тоа што некој ти посветува внимание ама по некое време ти здосадува некој постојано да трча по тебе а ти да не си заинтересиран. Затоа е најубаво двајца да си се сакаат, чувствата се возвратени, нема зашто јас него го сакам, а он мене не или обратно..
Се согласувам со blueeparadise. Најубаво е кога сакаш и си сакан. Најубаво е кога чуствата ти се возвратени! Едно без друго некако... како да не може. Не иде. Мора да има љубов и од двете страни
едно од најтешките работи, одлуки уатеврррр Ја би и двете обострано, у иста мера ... - немогуча мисија ... Зашо секад еден ке сака повише а другиот помалку ...
да сакаш... секако дека нема ништо поубаво од тоа да сакаш и да бидеш сакана ама кога веќе мора да се бира мислам дека е многу побитно да сакаш оти за да бидеш со некој мора да го сакаш инаку не би издржила ни една недела без разлика дали си сакана или не
Никако не иде едното без другото. Долго ја читам темава, и искрено се чудам како некој порадо би избрал само да биде сакан. Нема ништо полошо од невозвратена љубов,за мене таа е празна љубов,не буквално нели, но која е магијата да чувствуваш и да осеќаш љубов а во себе да не го чувстуваш истото чувство за личноста која ти ја дарува? Мислам дека многумина од тука, имаат искусено неуспешна љубов, невозвратена и знаат колку одвратно тоа чувство. Среќа што љуби со полна пареа, а за возврат не добива ниту една искрена насмеавка, па камоли нешто повеќе. Знам дека љубовта треба да биде несебична, да љубиш без да очекуваш ништо за возврат, но за мене тоа искрено е измачување, не уживање,а во љубовта треба да се ужива. Од друга страна пак, сум почустувала и обратна ситуација, сум била сакана од личност која ништо не ми значала, ни најмалку и тоа за мене било товар, терет, грубо чувство на замарање и преголема сентименталност која ужасно ме нервирала. Зашто, бидејќи немаше никаков начин таа љубов ни најамалку да биде впиена од мене, зашто не ми беше важна, не ја посаквав ниту можев да ја негувам за да опстои и да цвета, како цвет. Себично ми е крајно да бидам само сакана, мене тоа не ми е доволно. Тоа ми е безполезно. Нема зборови со кој се опишува љубовта која двајцата ја пијат со очите. Кога барем едниот ќе престане да ја чувстува, магијата исчезнува. И повторно ќе кажам по милион пат,мразам ексремносити, секогаш бирам златна средина.