Мислам дека една врска не може да опстане доколку љубовта не е возвратена. Едноставно би му рекла -Извини,ама јас не можам да сакам за двајца. И така е,само взаемната љубов ги надминува сите препреки. Колку и да сте среќни што сакате и се гордеете со тоа,порано или подоцна ќе почувствувате како нешто ви фали,не сте целосни..Едното без другово не иде НИкако ,мислам како ден јасно е- Да сакаш и ДА си сакан се друго е илузија.
Тоа да сакаш се муабети за мали деца. Не дека не е преубаво чувството, ама дефинитивно подобро е да си сакан.
:up: инаку тешко е да не ти е возвратено, ама тешко е и кога те сакаат, а ти не сакаш (гледаш како го повредуваш )
Пред некој ден прочитав еден 'цитат' од Тоше што многу ми се допадна и темава баш ме потсети на него . Беше вака: „Без разлика дали некој ве сака..совршено е чувството да сакате некого ...без оглед да ли е тоа возвратено... Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена... Кога се чувствува чувството на љубов,доволно е едносмерно...За врска треба да биде двосмерна, а за љубов е доволно само едносмерно.."
Тешко е да се избере едно од тие нешта. Да сакаш, не е убаво. Ќе патиш за нешто невозвратено. Да бидеш сакана, пак не е убаво. Напорно е некој постојано да ти се приближува а ти тоа не го сакаш.
Љубовта нели ја прават исполнета кога двајца се сакаат?Чувството да си сакан е убаво,но за џабе ако ти не го/ја сакаш.Спротивно на тоа.Ако ти сакаш некој.Да,ќе имаш мотивации за многу работи во животот.Но тоа ќе бидат само празни надежи.