Да се знае вистинската дијагноза - да или не?

Дискусија во 'Психологија' започната од Doozy, 11 ноември 2018.

?

Дали би сакале да ја знаете својата вистинска дијагноза?

  1. Да, се разбира

    77 глас(а)
    75,5%
  2. Не, подобро да не знам

    7 глас(а)
    6,9%
  3. Не можам да се одлучам

    18 глас(а)
    17,6%
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    59.153
    Во последно време, се' почесто слушам за луѓе заболени од терминални болести на коишто не им се кажува вистинската дијагноза со цел да не опаднат психички.

    Блиските или не им ја кажуваат целата ситуација или ја ублажуваат.

    Имав сличен пример во мое блиско окружување, каде што знаев каков зафат ќе се изведува и што значи тој. Личноста немаше поим што ќе се прави, мислеше дека оди на рутинска операција и расположението постојано беше позитивно.

    Бидејќи сме во редовен контакт, забележувам дека личност Х е се' подобро и подобро. Блиското семејство и' соопштило се' на личноста Х дури откако добиле назад позитивни резултати (all clear).

    Го оправдувате ли ова?

    Мислите ли дека е правилно да се сокрие вистината само за пациентот да не изгуби волја за живот? (нешто што се случува многу често откако ќе ја чујат вистинската дијагноза - па дури и за неполн месец - повторно еден куп примери)

    Јас не можам да се одлучам. Од една страна, би сакала да знам затоа што сакам да имам контрола врз ситуацијата и сопственото здравје. Но познавајќи се, веројатно би се опседнала со читање и истражување и факт - би опаднала МНОГУ психички.

    Па можеби ова е навистина некое решение - бар привремено - за пациентот да се охрабри и да добие желба да оздрави.

    Што би направиле вие во ваква ситуација? Би сакале ли вие да ја знаете сопствената дијагноза или не? Дали би ја сокриле вистината од некој ваш близок? Мислите ли дека тоа е правилно прво од здравствена, а второ од морална гледна точка?

    п.с. Темава намерно ја отворам во катче Психологија.
     
    На Lady Phoenix, IronLady, glosipgirl и 34 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    Убава тема, но многу тешка за давање на вистинскиот одговор..како прво, во ова наше здравство додека се дојде до вистинската дијагноза психички ке те разболат, втора работа е што нема веќе лекарска тајна, сите знаат од што си болен, почнувајки од хигиеничарката па до администраторот каде што ке одиш да наплатиш за лекарските услуги..заебаниот поврзан електронски систем со фондот......трета работа е што сега со еден клик можеш одма да прочиташ за својата дијагноза и да знаеш што ти е, да отвориш милион страни и да бараш разни начини на лекување..можеби порано на старите луѓе, пред да дојде интернетов, сигурно им било полесно и поубаво незнаењето што го имале, мислам дека полесно ги праифакале болестите, биле повеќе оптимистички расположени...и ....кај отидов па и јас...(facepalm)

    Дали би ја кажала вистинската дијагноза на некој пациент, дали на близок или на некој непознат???

    Многу фактори тука играат улога, од години на старост, од самата болест, од состојбата на пациентот...а за себе лично, да, сакам да ми се каже в очи, полесно и побрзо ќе прифатам отколку да ме мафтаат.

    А зарем може некој возрасен човек да го лажеме за било каква дијагноза, па нели секој ке побара да прочита резултат од испитувањата кои му се правени.

    Дали е морално, дали е потребна таква психолошка игра..хммммммм..еднаш во животот излажав близок другар дека резултатите од тумор маркерите му се добри....но ни самата не поверував, очите издаваат кога сакаме да излажеме таква работа....оффффффффффф....

    што и да мислам, глава повеќе ќе ме здоболи...така да, само вистина и вистина.

    Децата се посебна категорија, тука треба посебно да се обрати внимание..тоа е нешто најболнотото да се соопшти.....тука незнам како:(
     
    На candy.cane, H.VAGA, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.672
    Допаѓања:
    19.600
    Пол:
    Женски
    Искрено, што и да ми се случи (не дај Боже) дали здравствено умствено или не сакам да си ја знам здравствената состојба каква и да е.Морам да се носам со тоа, за други не можам да кажувам ама јас би сакала да ја знам мојата здравствена состојба.Не би сакала пример моите блиски да знаат и да кријат од мене поради сожалување и не знам ти што.И на моите што и да има би им кажала.Не сакам да кријам такви работи нити да ми кријат.Некои работи кога ќе се појават, а не може да ги снема не треба да зажмуриме на тоа.Треба да се соочиме со нив колку и да е тешко.
    Баба ми има вид на Алцхајмер, заборава некои работи или истите ги побторува по 100 пати.
    Меша денови, датуми имиња.Заборава свој или роденден на дедо ми..ние сме свесни за нејзината здравствена состојба но она не е.Упорно пие лекови кои се штетни се нејзиниот мозок и ги одбива тие кои и помагаат.Мисли дека ние за лошо и збориме..не го сфаќа ризикот од тоа сама да искочи надвор или сама да остане дома..Не сака да ја прифати состојбата таква каква што е..и со тоа не ни дава да и помогнеме.
     
    На PaLaVa, Doozy и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.935
    Допаѓања:
    260.395
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека мајка ми поради ова умре само 20 дена по дадената дијагноза,и нема да си простам никогаш.Она имаше најобични симптоми на грип,кои траеја не вобичаено долго.

    Ја убедив да направиме ртг на плуча која не се покажа добра,од таму истиот ден на томографија и веќе имавме дијагноза рак.Сама бев дента со неа.Ја однесов кај моја пријателка радиолог ни не сумљајки шо може да излезе.Оваа отварајки цеде то на монитор се врти кон мене и ми вели ..Види рак е ова,нема простор за дискусија и тоа метастазиран е.

    И јас и мајка ми останавме неми..она буквално се вкочани.Да напоменам дека мајка ми ден пред тоа патуваше 4 часа со автобус,се смееше,бевме на кафе.Ден по дијагнозата она буквално се стопи,ја снема.

    Опадна физички психички емотивно..несакаше да зборува веќе со никого.Не сакаше да прима терапија.Точно после 20 дена умре

    мислам да дента не беше присутна и да не го слушнеше зборот рак ке живееше подолго или барем ќе имав шанса да и помогнам на друг начин..
     
    На Harper, mareane, dunika и 31 други им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    49.140
    Пол:
    Женски
    Имав сега скоро случка со блиска личност, поради многу непрофесионален доктор, цела фамилија неколку дена мислевме дека има рак на кожа. Постар човек е, најчесто полн со енергија.
    После “дијагнозата” опадна и психички и физички, не ми се веруваше како можел да изгледа. Без волја да се помести, облекол сто џемпери и пак се тресе, плус во некое меланхолично расположение.
    Се додека не го однесовме на второ мислење, за да испадне дека не е тоа. Еден ден подоцна личеше како да е десет години помлад.

    Не знам. Тешко прашање. Сакам да верувам дека можам да се носам со се, ама не сум сигурна дека е точно.
     
    На mareane, dunika, Carissa и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    12.824
    Пол:
    Женски
    Ох, колку е неблагодарно кога треба да одлучуваш за туѓ живот.
    Секој ден си викав и си викам сеуште дали беше правилно што на блиска личност не и ја кажавме дијагнозата, која патем беше неизлечлива. На секоја нејзина реченица која почнуваше со: “Кога ќе оздравам...” голтав кнедли, но од друга страна бев воодушевена од желбата за живот што ја имаше. Многу пати ми беше на врв на јазик да и кажам каква е ситуацијата, најчесто во моменти на очај кога не знаев да и објаснам зошто некои работи мора или не смее да ги прави. Ама, сакам да верувам дека со тоа што не знаеше каква болест има и кој ќе биде неминовниот исход, полесно го пребродуваше секој ден. Пак ќе речам- сакам да верувам дека беше така...

    За себе мислам дека би била многу деструктивна доколку би знаела дека имам тешка дијагноза и многу брзо би се откажала од борбата. Можеби би било подобро да не знам со што се соочувам. Од друга страна, не би сакала моето окружување да живее во агонија, носејќи го товарот на тајната...
     
    На theowndemon, Annath, *Ench@nted* и 11 други им се допаѓа ова.
  7. naturallmess

    naturallmess Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    2.523
    Пол:
    Женски
    пред неколку години добар пријател на мојот сопруг 40 год човек .. му дијагностицираа рак на желудникот , после првата операција неговото семејство одлучи да не му соопшти дека ракот е метастазиран ..човекот некако знаеше, чуствуваше дека го лажат , јас бев многу лута бидејки бевме блиски со нив , за неполн месец се заврши агонијата и го седнав сопругот ден после погребот и му кажав " немој никогаш во идниот заеднички живот што ќе го имаме да се осудиш да ја прифатиш целата ситуација на своја рака и да воопшто помислиш да сокриеш нешто од мене што е поврзано со моето здравје " ... ја мислам дека е тоа човечко право да ја имам силата во свои раце .. претходните постови беа поприлично во негативана смисла за информираноста во дадена ситуација , но не мислите дека тоа зависи од карактер до карактер? не мислите дека доколку знаете за што се работи дека нема да направите повеќе за себе, нема да се борите пожестоко и нема да се обидете да најдете решение ? Можеби само јас така размислувам ама како за позитивните работи така и за негативните .... сакам да знам затоа што тоа сум јас и ова е мој живот посебно ако се работи за неговиот крај не би го оставила во ничии раце а јас да доживеам и тоа малку што го имам во заблуда и во лаги :)
     
    На dunika, mira.mira, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    50.002
    Пол:
    Женски
    Дали е воопшто етички да не се кажува дијагноза на пациентот? Нели самиот пациент треба да одлучи на кого ќе ја каже својата дијагноза, а не обратно?
    Што ако треба да се одбере со каков третман ќе се пристапи, кој освен пациентот може да одлучи како ќе се бори за својот живот ако е загрозен?

    Сакам да знам сѐ поврзано за моето здравје и јас да бидам таа што ќе донесам одлука како понатаму. Грозно ми е некако ова криење и не би сакала мене да ми го направи некој. Маж ми веќе знае дека никогаш и во никој случај не смее од мене нешто да скрие. Сметам дека повеќе би се борела доколку знам.
     
    На bittersweet, dunika, Carissa и 18 други им се допаѓа ова.
  9. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.541
    Пол:
    Женски
    Бев за жал во ваква ситуација пред некоја година со блиска личност.
    Како медицинско лице да, осетив премногу срам и грижа на совест што не ја соопштив дијагнозата.
    Иако сите знаевме а се правевме дека се е океј, верувајте дека личноста знаеше точно што се случува. Дури и уште полошо е кога така глумиме среќни пред нив и ги труеме со муабети дека се ќе биде во ред да не се грижат. Па тоа мислам дека може да упали само кај мали деца, возрасни луѓе чувствуваат кога нешто не е во ред.
    И после милион мои лажно позитивни одговори на прашањето "кога ќе оздравам?", на крај само ме праша "кажи ми барем уште колку време?". Верувајте дека колку и да сакате да се скриете позади насмевката, во очи ви се гледа болката и тагата што лажете и знаете дека нема повеќе да бидат дел од вашиот живот.

    Голем хипохондрик сум, признавам, но кога не дај Боже би дошло до некоја таква ситуација би сакала да знам. Знам дека е тоа нож со две острици, или психички ќе ме уништи и ќе се изолирам од светов откажувајќи се од себе, или ќе застанам цврсто на нозе и лавовски ќе се борам до последно.
     
    На Carissa, theowndemon, SnowWhite8 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Ана на мама

    Ана на мама Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    1.817
    Пол:
    Женски
    Пред се зависи од карактерот на болниот. На пример ако мене ми кажат дека нешто не се лечи јас воопшто нема да помислам да легнам и да тагувам, него од петни жили ќе се заинатам да си најдам лек.
     
    На Annath, cresa-jagoda, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.935
    Допаѓања:
    260.395
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека треба да се соопшти вистината..мн побитен е моментот и околностите во кои се соопштува.
     
    На dunika, Annath, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.088
    Допаѓања:
    38.198
    Од моментална гледна точка, за мене би било подобро да не знам. Повеќе ќе ме уништи самата помисла, отколку дијагнозата. Но, од друга страна, мислам дека ако веќе знаеш што и како се случува, имаш колку толку некоја контрола врз работите и шанса да се избориш, ако е можно секако.
     
    На Annath, cresa-jagoda, toogood и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    12.208
    Допаѓања:
    132.819
    Пол:
    Женски
    Психата игра многу улога во вакви ситуации. Не би сакала да знам. Подобро да ми кажат некоја полесна дијагноза, да си мислам цело време дека ќе се излечам, да сум мотивирана и надежна, позитивна, дека има спас итн, а ако на крај се излечам и помине се супер нека ми кажат вистината. Тогаш нема веќе да е толку болно.
     
    На Unique__, Annath, *Ench@nted* и 4 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    51.011
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ме лажат.Не простувам лаги.
    Лагите би ме уништиле побрзо од болеста.
    Би сакала веднаш да ми ја кажат точната дијагноза.
     
    На mira.mira, naturallmess, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    3.355
    Пред се зависи од возраста и емотивната состојба на пациентот и каков всушност карактер е. На возрасни личности од 20+ години не може да им се скрие секако, истражуваат, се информираат, бараат второ мислење така да јас лично сметам дека би знаела секако затоа што најчесто самиот пациент е тој што прави разговор со лекарот. Плус може да се бара друго мислење, самиот пациент да одбира терапија. За постари, да не речам 50/60+ години личности мислам дека е поразлично и зависи од самиот карактер на човекот. Некои и сами ќе разговаат со лекарот, ќе сакат да знаат зошто одат на преглед, каде, какви се апчиња пијат и ниту може да им се скрие нешто, ниту пак ќе биде позитивно да се лажат, другите пак што се паничари по природа, емотивно послаби, сметам дека подобро е да им се каже некој ублажена верзија на дијагнозата за да можат психички да продолжат да се борат.
     
    На naturallmess, Annath, SeaMermaid и 3 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.312
    Допаѓања:
    291.071
    Јас би сакала да знам.
    Знам дека би се борела за ден плус да останам на овој свет:(

    Ама има луѓе кои кога ќе сфатат од што се болни, психата ги бутка надоле и им го скратува и тоа време што му останало:(

    Чудно, ама ЕДЕН постојано подшмркнуваше и поткашлуваше.Со години.Се беше ОК додека не му кажаа дека има рак на плуќа.Од моментот кога му кажаа до погребот имаше само два месеци;(
    Се исплаши од болеста, уфкаше, се туфкаше и замина:|
     
    На theowndemon, eli25, naturallmess и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.102
    Допаѓања:
    17.600
    Многу тешка тема Дузи..

    Но, токму она што го напиша @joy1 на темава е еден од најголемите стравови речиси кај секој човек. Наглото дознавање дијагноза и заминување на близок член од семејството..

    Што се однесува до темата, верувам дека кај сите е различно. Еве читате, некои сакаат да знаат и свесно да се борат, додека други едноставно сакаат да бидат лажени.

    Мое субјективно гледиште е дека моќта на плацебо ефектот умее да биде голем, и дека истиот успеал да спаси многу животи. Добро одглумената насмевка, финиот пристап, ден по ден може да придонесе за подобра благосостојба кај пациентотот, а со тоа етапно можеби..само можеби, и да почне да ја лекува состојбата. Сепак, успешноста на било кој третман многу зависи и од внатрешното уверение на личноста.
     
    На Желба, theowndemon, naturallmess и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    13.282
    Пол:
    Женски
    Ако боледувам од некоја сериозна болест и ако сум во крајна фаза односно немам уште долг век, не сакам да знам. Знаејќи се како стојам со психава, пред време ќе умрам. Пред другите можам да сум суперпозитивна и желна за живот ама кога ќе останам сама ќе се изедам.
    Ако е излечлива полесна болест сакам да знам, како и што си знам за сегашнава. Во мојов случај нема лек, сеуште се бараат решенија.. па не ми преостана ништо друго освен да си се помирам така како што е. Функционирам нормално, без посериозни проблеми само од време навреме знам психички да опаднам. Затоа излегувам, постојано слушам музика што мe смирува и расположува и после се враќам во нормала.
     
    На Желба, mira.mira, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.755
    Пол:
    Машки
    На прашањево нема универзален одговор освен – зависи од личноста.

    На времето имав покрут став околу прашањево, но сега дури не би рекол ни дека е неетички да се скрие дијагнозата од страна на лекар за даден пациент – барем не ако е голема веројатноста дека тој ќе може да се справи со тоа и дека ќе биде контрапродуктивно, па дури и штетно за неговото (психичко) здравје.

    Од мое искуство, најголем дел од оние кои не ја знаат сопствената дијагноза се токму оној тип на луѓе кои и не сакаат да ја знаат и кај кои denial-от е некаков coping mechanism. Знам за случај кога на дадена личност ѝ беше дијагностициран рак – имаше операција, одеше на зрачење, примаше хемотерапија – и притоа, роднините и блиските упорно ја убедуваа дека „не е рак, нешто друго е“ и таа упорно веруваше во тоа. Очигледно беше дека сака да верува во тоа и дека така ѝ беше полесно да се справи со болеста.

    Јас лично дефинитивно би сакал да знам, без разлика каква и да е дијагнозата, но апсолутно ги сфаќам и оние кои сакаат – конечно, исто како што и во животот сите имаме различни начини за справување со проблемите, истото важи и за болеста, па и за смртта.
     
    На do-re-mi, Желба, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Koga izbiras doctor dobivas prasalnik koj si go zemas doma I go potpolnuvas, a potoa online go isprakas na tvojot izbran doctor.
    Prvoto srekavanje e samo "meet and greet" I na toa viduvanje ke si kazes sto imas , po red ke odis na sekoe prasanje so doktorot.
    Imas izbor da se izjasnis do koj stepen sakas da ti se kaze tvojata diagnoza , a od tamu pa natamu ovlastuvas lice, vo mojov slucaj mojot maz. Toj sum go ovlasila celosno da znae za mojata diagnoza. Jas ne sum zainteresirana, I da mi kazuva nisto neznam koga podaleku od andol I analgin ne sum se napila, a internet ne bi konsulttirala ni po edna osnova zosto pozadi toj site mozda stoi konduradzija.
    Veruvam vo sistemot I veruvam deka ke me lecat so site raspolozlivi sredstva, nemam potreba sto da navleguvam vo detail I da izigruvam doctor koga ne sum.
    Na kraj kraevake moram da odam, vecno nema da se zivee.
    Od smrta sekoj se plasi I toa go pisuva vo miljon knigi I mal miljon dokumentarci . Ne smrt kako bolka nego strav od neizvesnosta sto ke bide koga ke gi zatvoris ocite.

    Od druga strana imam potpisano deka gi davam mojte organi vo slucaj na nesreka, a tie se seuste upotreblivi. Mojot soprug otide podaleku, vajda e pohrabar. Se potpisa za " doctor assisted suicide" za site bolesti koj se na listata koga ke bide vo treta faza na bolesta. Ok site imame izbor I neka pravi sekoj kako misli deka treba.
    Jas licno I da neznam sto e ke se boram do kraj ama pravata vistina ne ja sakam da ja susnam I doktorski predviduvanja od eden, dva ili tri dena ne me interesiraat.
     
    На naturallmess, SeaMermaid, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.