1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се надминеш сам себе

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 16 јануари 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Што мислите, што значи оваа реченица..да се надминеш или да се победиш сам себе?
    Дали тоа значи да ја скршиш внатрешната ограда во себе, да се бориш против разни пориви, да премостиш некои ограничувања..што на пр...што идеја имате....:?:.
    Исусовото учење ако го размотриме, па нели и тоа не тера на некоја борба со самите себе и ако успееме да се спротивставиме на нагоните, да се жртвуваме, е тогаш сме се победиле самите себе!?
    Многу духовни луѓе велат дека тој што успеал да се надмине сам себе е најјак човек:?:...а и многу луѓе велат дека тој што се бори сам со севе, всушност не се сака самиот, не може да се прифати таков каков што е роден..
    Ајде да видам мислења, дали е убаво човек да се надмине себеси??
     
    На Lolo5, BabyStyle, Aleksandar1212 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.051
    Пол:
    Женски
    Според Исусовото учење, што си го спомнала во воведот, да се победи човекот самиот себе значи телесното и потребите на телото да се победат наспрема духовното и потребите на она што сме ние, а ние сме душа. Некои мислат дека ние сме тело. Но во ова нема да навлегувам, затоа што темава е во категорија Психологија. Спрема тоа, да се надмине човек самиот себе, значи да постигне нешто ново, да надмине некој свој лимит. На пример, ако човекот имал страв од височина, заради некоја потреба или своја желба, сеедно, се качил во авион или на планински врв, т.е. се соочил со висината, со она од кое се плашел, па тогаш би се рекло дека се надминал себеси. И после тоа веројатно не би се плашел веќе од височина.
    Или друг пример, човек кој е уметник, ќе создаде некое дело што е поразлично и многу поубаво од неговите претходни дела, па ете, се надминал себеси. Модните креатори кога ќе создадат нешто врвно, музичарите или композиторите исто така, спортистите кога ќе достигнат највисоки резултати, сите овие се надминале себеси. Но, не секогаш ова се употребува во позитивна смисла. Човек може да се надмине себеси и во глупост.
     
    На martovsko cveke, zuto, BabyStyle и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @baba Rada навистина интересна тема :)

    Еден поединец да се надмине сам себеси ( to overcome oneself) е всушност поврзано со психолошката издржливост која секако варира кај поединците (psychological resilience), односно способноста на поединецот успешно да се прилагоди на животните задачи во услови на социјална неповолност или други многу неповолни услови.

    Во овој случај, сепак станува збор на надминувањето на самиот себе а за да го разбереме и правилно да го толкуваме ова мора прво да разбереме што претставува себе, или уште поважно - нашето себе.

    Психологијата на нашето себе е проучување на когнитивната и афективната застапеност на сопствениот идентитет или предмет на искуство.

    Во текот на нашиот ограничен живот на оваа планета би рекла дека е сосема нормално и очекувано да се соочуваме со не/веројатности на одредени околности кои понекогаш зависат а понекогаш не зависат од нас и од нашите дејствија.

    Некои луѓе го сфаќаат значењето на животот како наша реакција на неочекуваното. А би рекла дека самиот поим да се надминеш себеси е поврзано и со нашите очекувања, кои во често број случаи се големи.
    И покрај тоа што еден поединец има големи очекувања, неговите вообичаени одговори на различни ситуации се вкоренети во очекувањата кои ги поставил за самиот себе.

    Така, некои поединци веруваат дека ќе успеат, додека останатите се превртуваат под перцепираните притисоци, сомнежот и неизвесноста.

    Ако ние сакаме да се надминеме самите себеси, тогаш мора да го поставиме прашањето: Што очекуваме од нас?

    Светот во кој ние живееме можеби ни придава многу работи кои мора да ги надминеме, но понекогаш најважното нешто кое треба да го направиме за себеси е токму да се надминеме самите себеси.
    Но ова варира од количината на способноста која ја поседува секој поединец, односно додека некој има капацитет да лично да се проширува, другите имаат капацитет да се сомневаат во нивната способност да се соочат со предизвиците кои им стојат на нивниот пат.

    Според ова, сметам дека надминувањето на самиот себеси преставува личен избор - секој ја има слободата и способноста да се убеди дека ние сме она што го посакуваме, дури и кога тоа е лажно.
     
    На Srcka $, Читател, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Во животов мој два пати ми имаат кажано дека сум се надмашила себе си, кажано беше во позитивна смисла..тоа ми беше дадено како комплимент..не е битно..но ете ако се запрашаме всушност..КОЈ КОГО ПОБЕДИЛ, КОЈ СЕ ТИЕ ДВАЈЦА или КОИ СЕ ТИЕ ДВЕ ВО ЕДНО ТЕЛО..КОЈ СЕ БОРИ ПРОТИВ КОГО, ЗОШТО.....ни сама незнам која е таа која ме надмина мене....уффф..
     
    На toogood и Briar Rose им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @baba Rada во врска со твоите поставени прашања би претпоставила дека тоа претставува борба меѓу себе од психолошки аспект.
    Тоа што ти го искажуваш како "тие две во едно тело" всушност се објаснува како од едната страна се наоѓа нашето себе, а од другата страна се наоѓа она кое му пречи на нашето себе, а тоа може да биде некоја црна мисла, депресија, вознемиреност, трауматичен настан или пак едноставен обид за промена на нашето вистинско себе со идеално себе. Тие се противници кои се борат меѓу себе ако случајно се појави нешто што му претставува закана на постоењето на нашето вистинско себе.
    Кога праша зошто тие се борат, причината за нивната борба всушноста наликува на една борба за опстанок каде посилниот победува, а силата лежи токму во психолошката издржливост на поединецот каде бробата се води.
    Од психолошки аспект, најважното нешто кое еден поединец би требало да го поседува е неговото вистинско себе која ја претставува суштината на целокупниот карактер на една личност.
    Затоа и нашето вистинско себе се бори - за да можеш да опстанеш, а не да потпаднеш под влијанието на предизвиците кои ти се на патот или уште полошо, предизвиците во твојот ум.

    За овој случај би анализирала и би компарирала неколку цитати од Friedrich Wilhelm Nietzsche ;

    "Whoever fighting monsters should see to it that in the process he does not become a monster ... when you look long into an abyss, the abyss also looks at you"

    Од овој цитат може да увидиме дека треба да се бориме против она што го вознемирува нашето вистинско себе, со цел да не станеме нешто што не сме - поради тоа е и важно да се надминеме себеси, за да не го изгубиме нашето вистинско себе.

    "I overcame myself, the sufferer; I carried my own ashes to the mountains; I invented a brighter flame for myself. And behold, then this ghost fled from me"

    Овде можеш да забележиш дека умствено, борбата за да се надминеш себеси е страдање, само по себе. Но чувството на победата и чувството дека си успеала за го задржиш своето вистинско себе преставува огромен успех, како товар од која си се ослободила.

    "The worst enemy you can meet will always be yourself; you lie in wait for yourself to see in caverns and forests"

    Понекогаш неверојатноста на околностите кои доаѓаат во текот на нашите животи се само ситница во споредба со она колку може самите да си наштетиме себеси.
     
    На Lianna Anna, Someonespecial, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Од толку меѓусебни борби, незнам веќе главава кој ми ја носи:D

    Размислувам дека секогаш имаме опција да се надминеме себеси, еднаш, па поторно.. Така може цел живот нели...која е поентата!?
    Јас на пр.се надминав себеси неочекувано, дури самата се зачудив од каде ми извираше таа креативност за која добив пофалби....но како што рече, има надминување на себеси и во лоши работи, безуспешни, киксови од кои и самите ќе ќе изненадиме.

    Но, духовно ако ја гледаме таа борба, таа победа врз самите себе, тоа надминување, наидуваме на сосема друга работа...всушност мислам дека таа победа значи слобода...тоа би било борба помеѓу егото преку кое сакаме на светот да му се претставиме поинакви него што сме вистински и душата на која не и е потребен светот.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Човек може да се надмине сам себе,ама не секогаш.Затоа е потребна голема сила и енергија.Но,дефинитивно вреди.Човекот кога ќе се надмине сам себе се гордее.А,со тоа си ја зголемува самодовербата.Но,за да се надмине потребна е голема физичка,но и психичка сила.Во одредени ситуации,може да кажеме „го дадов мојот максимум“,но дали е така?Јас мислам,не.Сметам дека во определени подрачја во кои личноста е понадарена полесно може да се надмине себе си.
     
    На baba Rada и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Убав прост пример прочитав.
    Во нашето тело се игра фудбалски натпревар во кој играат две екипи, екипа на успех и екипа на неуспех..и едниот тим може да победи и другиот тим може да изгуби и обратно...но авто головите болат најмногу.
    Значи во овој натпревар може да ги победиш маните, недостатоците или пак тие да победат.
    Интересно..
     
    На Lianna Anna, Arthur и Briar Rose им се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Колку што трае ограничениот човечки живот на оваа планета, така би рекла дека сите луѓе се на некој начин приморани константно да се борат и со тешкотиите на животот, но и со својата психа што е уште потешко.

    Тоа его всушност го претставува нашето идеално, односно посакувано себе. Тоа скоро и делува како маска која ја ставаме на нашето лице секогаш кога излегуваме надвор во јавност.
    Меѓутоа, борбата овде каде треба да се надминеме себеси е помеѓу нашето вистинско (реално) себе и вештачката маска која ја ставаме.
    Вистинското себе се обидува да се избори да не биде заменето од маската која, колку почесто ја ставаме на лицето, толку повеќе таа се топи како гума на нашата кожа додека не стане вистинското ние.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Може овде да ми го објасниш делот кој сакаш да го кажеш поврзано со душата? :)
     
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Сакаш да кажеш дека тргањето на лажната слика која сме ја створиле за самите нас ќе не одведе до победа!?
    Можно е, сигурно после тоа доаѓа до ослободување...но ова е психолошкото размислување....но што се случува во борбениот дел кога креативноста игра улога, рушење на пр.некој светски рекорд или сопствен, не е битно...кај се кријат изворите на изненадувањето!?
    Зошто се вели дека човек е јак кога ќе се победи самиот а сигурно е дека времетраењето на таа победа не мора да значи долготрајно!?
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, тоа е добар пример. Реалноста е дека секој човек има свои мани и недостатоци. Совршенството не е константно - нема унифизирана дефиниција, туку е променливо во зависност од перцепции, стандарди и критериуми.

    Во овој случај да се надминеш себеси би било да прифатиш да живееш со недостатоците, а поразот да дозволиш тие да го водат твојот живот исполнет со несигурност и очајно обидување да го промениш твоето вистинско себе.
     
    На Lianna Anna, GirlRose и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Можеби требаше темава да биде во религија, еве и зошто...Сигурно Исусовото учење да го љубиме непријателот свој како што самите се сакаме е таа победа, тоа надминување на самите нас..е кога тоа би можел секој човек да го стори е навистина јак човек.
     
    На Briar Rose и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Лажната слика му претставува закана на вистинското себе да опстои.

    Тоа што го спомена за креативноста и рушење на некој светски рекорд е само подобрување и надоградување на твоето вистинско себе.

    Времетраењето зависи од психолошката издржливост на поединецот - ако поединецот не подлегнува лесно на животните предизвици и ако е задоволен со своето вистинско себе, тогаш победата ќе трае подолго.
     
    На Lianna Anna и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.432
    Пол:
    Женски
    Ако би поставиле некоја цел која е над нашите можности и да ја постигниме, би било во мои очи надминување сам себеси. Насилно прикривање на нагони можи само да донеси последици на човекот и нема смисла да се рачуна за надминување сам себе. Просто носи само лошо, на психолошко ниво. Надминувањето сам на себе, према мене можи да биди на интелектуално, креативно, социјално ниво, итн. И, под услов да се работи на некоја вештина која ја немаме и која е над нас, а не на нагон кој е нормален и вграден во нашата природа.
     
    На Lianna Anna, Someonespecial, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, од научен и од психолошки аспект можам да го објаснувам овој концепт ама во поглед на религијата можам само да претпоставувам и тоа од туѓи мислења и одговори бидејќи не сум побожна и не верувам дека душата постои ...
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Да, но многумина живеат со мислење дека се среќни, не сакаат да прифатат друга опција..многумина се качени во погрешен воз и секоја станица им е погрешна, но сепак не се симнуваат од возот...
     
    На Brokeneyes, Плавуша123 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Значи сепак знаат длабоко во себе дека не се среќни, ама сепак се обидуваат самите себеси да се залажат. Тоа е веќе друга приказна - во овој случај тие никогаш не се надминале себеси и многу е мала веројатноста дека ќе се залагаат да се борат.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Основата "да се надминеш сам себе" всушност прво е психата,а потоа физичката сила.Многу полесно човек ќе надмине пречка,ако се убеди дека го може тоа.Човекот е свој најголем критичар.Ако човекот е задоволен од сам себе е секако добра работа,во одреден контекст.Но конкретно за темава е хендикеп.Зошто?Бидејќи единката нема да превзема ризици,и ќе биде во сигурна зона во која не може да напредува.
     
    На Lianna Anna, baba Rada и Briar Rose им се допаѓа ова.
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Да се надминеш себеси, од психолошки аспект, е поврзано и со борењето со сенката (нашата темна страна) каде борбата се одвива по дејствијата кои ги правиме додека нашиот ум е свесен и кога нашиот ум не е свесен.
    И таа сенка, односно темна страна е дел од себе кој не го манфестираме со нашето вистинско себе, не може така да се каже поради не/свесноста на нашиот ум но е поврзано.
    Единствената причина поради која се води борба меѓу вистинското себе и сенката е поради тоа што темната страна (сенката) има тенденција да премине и да дејствува со свесен ум, а не кога умот е несвесен.

    Сепак, има посебна тема за сенката (нашата темна страна) каде може да ги искажете мислењата, во оваа тема тоа само го наведов како пример.
     
    На Lianna Anna и baba Rada им се допаѓа ова.