@Briar Rose дали се имаш победено себе до сега, го имаш ли доживеано тоа прекрасно чувство на неверување!? Еве друго прашање, сама на себе не си верува, така јас се имав осетено..хаха
@baba Rada да, можам да кажам дека успеав да се надминам себеси во поглед на еден мошне трауматичен настан и тоа на долготраен рок, можеби и доживотно. Ама во процесот го изгубив своето вистинско себе ... но не се каам ни најмалку за тоа.
Интересно.. get over yourself - да се надмине нечие себе, арогантно однесување или кретенско. To overcome yourself - е она за кое зборувате вие и сите коментари држат вода, но најмногу ќе се сложам со Брајар, борба со себе. Нашиот најголем непријател е - стравот, избори се со него и ти си слободен човек кој се надминал, навистина се надминал.
@blonde_supergirl тоа е точно, но верувај ми, за да се избориш со своите стравови треба да бидеш и подготвена да платиш одредена цена за тоа...
Јас лично сум задоволна со моето себе кое го имам сега, но некои не го перципираат тоа како такво. Иако верувам дека скоро сите овде би ме опишале како мизантроп, нихилист, макијавелст, апатична, себична...
Не можам да кажам како другите те доживуваат. Споделуваме слика што сакаме да ја споделиме, зарем не? Битно е ти како се чувствуваш, навистина, а штом велиш дека вредело, не се сомневам во тоа. И кај мене вредеше, барем така се чувствувам. Секако, има уште многу што да се работи.
Ако вистински се има некоја идеја/насока во животот не би требало да се надминеме инаку идејата кон која што се стремиме да ја оствариме во текот на целокупниот живот , ќе ни пропадне. Надминување на себеси би било според мене на физичка основа. Трчање, слабеење, џогирање...
Па не е надминувањето сам себеси само во спортот..може да биде и во уметноста, пеење, сликање, готвење итн.....но гледано од психолошка страна, зарем не можеме да кажеме дека елиминирањето на сите работи кои ни нанесуваат чемер, јад, мака..зарем не е и ова победа!?
Мислам дека надминувањето на себеси претежно зависи од психата на човекот... Физички можеме да направиме многу, се додека мислиме дека можеме... Психата е таа што нѐ кочи, самосвесноста, она мислење што го креираме сами за себе... Секогаш кога ќе се убедиме самите себеси дека можеме нешто повеќе од тоа што сме постигнале досега,се надминуваме самите себеси
Само кога ќе го оствариме на дело, со докази тоа убедување за кое велиш, е тогаш сме се надминале себеси..
Можам да се надминам себеси во позитивна смисла, ама ме мрзи. Можам да се надминам и во негативна, ама не ми се трпат последици. Златна средина.
Секогаш гледам да се надминам самата себе си.И секој пат да бидам поуспешна од претходниот за било што.
Да се надминеш самиот себеси ?! Хм, можеби не е за овде моето животно искуство ама ај.. На 18тина години, се заљубив, и планирав да се спасам на некој начин од предходниот живот (тинејџерски живот во кој немав време ни за излагање ни за ништо- освен работа и работа) Но ете, се погоди една личност која ме одтргна од се, та дури и од скоро целокупна фамилија (која се противеше на врската со таа личност, но за жал скоро 1година траеше тој заеднички живот, без разлика на се му сум пре пре пре благодарен и до ден денес на таа личност) Од кога ја официјализирав врската, имаше енормно екстреми негодувања од страна на тие што ги мислев нај блиски, па така на крај останав сам односно мајками која ме поджа во се! Девојката беше постара од мене, но мајками сепак веруваше во мене!! (и не згреши) Мајками не работи никаде, тогаш се сеќавам тоа што ке сработев јас и тоа што ке земеше пензија бабами ни беше приходот... нејсе имав злобен Вујко (незнам дали да го наречам Вујко ама ај) бабами нормално жена стара, ги послуша муабетите на тој Идиотот вујко, и за 2 минутки се најдовме на цедило вклучувајки ја и мајками Но како што одминуваше времето, сваќаш дека немаш ни за леб едноставно пари, а камо ли за друго! Пробав/ме се но не беше успешно ништо, и тоа кулминираше со крај на „ВРСКАТА“ останав скрос сам односно јас и мајками.. Е сеа, имав веќе завршено „Електро Техничко за КТА“ а пред тоа, бидејќи спомнав дека сум работел, фамилијарен занает ни е Дограмаџилукот и да речам „паркетарството“ (тој занает со ДРВЕНАРИЈАТА) и да не сакав едноставно, во генот ми е и го знаам повеќе од себеси! повеќе време посветував на работата него ли на учење! Долго време, размислував сам, да почнам да работам, ноо едноставно, после забивањето нож во ГРБ од најблиските, имав само еден ЧЕКАН СО СКРШЕНА РАЧКА! всушност не ни можев да замислам дека можам со чекан со скршена рачка да започнам да работам !! Но ете, упорно се трудев на некој начин, да успеам да заработам за да купам барем еден АЛАТ! Се трудев, максимално работев се и сешто: од сервисирање на Компјутери, инсталации на електрични мрежи пааа се до редење на ПАРКЕТ без негова обработка.. Но некако несвесно започнав да заработувам, до тој степен што успеав да купам МАШИНИ и АЛАТИ (современи) за кој дури ни тие што сакаа да ги купат А ИМАА, не успеаа да ги купат! И се тргна некако на убаво (нормално алатот е пола од мајсторијата), така да 2014 година се охрабрив и регистрирав „Фирма“, ситуација за која не ни можев да замислам дека јас ке стигнам до ТОА НЕКОЕ СИ НИВО! Да не речам од парталко, оставен самиот на себе да стигни до некој ај пак да не речам газда.. Но ете се случи, сега моментално со ГОРДОСТ кажувам дека СУМ НАСЛЕДИЛ ЗАНАЕТИ од дедоми и ГОРДО ГИ РАБОТАМ!!! Сега знам дека им е жал на сите во фамилијата, што изгубиле еден член, но тоа е јбг живот иде даље ! (п.с, незнам дали е дозволено, али ако е дозволено, би оставил „ЛИНК“ од фирмата (нормално со слики и свашта работи за кои сум сработил ЗАКОНСКИ до сеа) Инаку се обидов во кратки црти, да се опишам самиот себеси кој БАРЕМ мислам дека се надминав себеси..
Наједноставно кажано, соочување со своите стравови, признавање на истите и дејствување и покрај нив, кон повисока цел. Да се надминеш себе е детерминирано од целта, човековите граници и можности и е индивидуално. Секој човек има поставено граници во рамките на кои дејствува. Ако ги надмине истите, се надминал себе. Но е важно тука, дали истиот ја препознава способноста која лежи во него, за да ги надмине, или пак, преовладуваат сомнежи, стравови, недоверба. Оној, кој е способен да се соочи со своите стравови, не и да ги поттисне, се бори и покрај сомнежите и има зацртано цели за остварување и се стреми кон нив, го зема животот во свои раце и го обликува својот свет. Важна е вербата во себе. Бидејќи ова има мотивирачки ефект и води кон иницијатива за остварување на целите и најчесто кон успех.
Денес повторно си докажав, после толку порази што ги имав изминативе месеци, дека Најтежок противник сум си јас...неможам никако да се победам сама себе... Тешка борба ќе биде ова, ќе се давиме двете во море на емоции, во сеќавања, спомени, во свеста и подсвеста...страв ме фака понекогаш што незнам, ете и сега во овој момент, која пишува
Да се надминам сама себе е место 3 да изедам 6 сарми, -место планирани 3 кила во минус јас да одам 5 во позитивна насока -место 3 вотки да испијам 6 ОВА СЕ ТРИТЕ РАБОТИ ВО КОИ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ НАДМИНАМ Според мене ПРОСТУВАЊЕТО е најголемо емотивно надминување. Ама вистиско простување не само на зборови. Се имам надминато многу пати во животот и емотивно и финансиски и во секакви области освен во држење диети. Добро постам секоја година се построго ама тоа не е диета. Заработувам подобро од што очекував , макар што ете не зависеше тоа само од мене туку и од среќа. Имам подобро образование од тоа што мислев дека ке имам некогаш, скоро се запишав на докторат, за рок од 4 години научив 2 странски јазици течно да зборам , пробувам да градам нешто интернационална кариера ( не сум Бил Гејтс само пробувам да си ги пласирам услугите во странство), ете дури се научив и паралелно да паркирам , ги надминав сите мои стравови (уше неколку ситни имам ) и тоа е. Ми останува уште да се реализирам како сопруга и мајка , за тоа неам големи очекувања сама од себе дека ке бидам којзнае што , ама се надевам и во тоа ке си ги надминам очекувањата.