1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се премолчи или да се проговори?

Дискусија во 'Врски' започната од mina, 10 декември 2010.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Што ако се најдете во ситауција како очевидец на неверство :o ? Која е тогаш правилната опција: да кажеш што си видел :talk: или да си премолчиш :x ! Според вас што е попаметно? Во која ситуација би кажале а во која би премолчале? Дали без разлика колку ви е блиска другарката вие би и кажале дека и набиваат рогови... или? како би постапиле? Дали би и рекле на вашата најверна другарка дека ја изневеруваат, дали би и кажале на некоја познаничка дека ја изневеруваат, дали во секоја ситуација ќе проговорите или полесно ви е да се правите како ништо да не сте виделе :geek: ! како би се правделе доколку другарка ви дознае дека сте знаеле за неверство? Имам уште 100 прашања но прво да ја започнеме дискусијата па потоа ќе допрашам што уште сакам да знам!
    Еве зошто ја отварам темава (која можеби требаше во општи дискусии да ја ставам но ако е потребно нека биде преместена)
    Пред некој ден со дечко ми појдовме во едно ресторанче надвор од градот! На една од масите во малото ресторанче ги видов дечкото на моја пријателка и една помлада девојка! Се запрепастив! Ми се расипа вечерата :puke: ... се покајав што воопшто ми дојде како идеја да седнеме таму! Помислив да им појдам на маса и да поздравм (само толку, колку да сфати невериот дека веќе неверството не му е во тајност), од друга страна пак мислев да излезам од ресторанчето и да одбегнам да ни се сретнат погледите! Но ништо од тоа... си продолжив да седам со дечко ми, без апетит и без друга тема за разговор туку само скришни погледи кои ме издаваа дека сум ем љубопитна ем нервозна од тоа што го видов! На крај од вечерта, кога станав да си одам конечно ни се сретнаа погледите...ме виде дека го видов... И сега не знам што да правам! Изневерената девојка ми е мене пријателка...како да кажам,блиска пријателка со која не споделувам тајни, не си ги кажуваме сериозните проблеми...туку комуницираме сосема нормално,пиеме кафе еднаш во два месеци, си пишеме често на фб и дискутраме само за општи теми! Сепак сме блиски, можеби не како друграки но пријателки кои се често во контакт! Нивната врска е сериозна и долга (5години) И не знам што да сторам!
    Искусните кои биле во таква ситуација нека проговорат...што е попаметно во такви ситуации да се проговори или да се премолчи? И сите други кои не биле во слична состојба...како би одреагирале ако се најдете во таква каша???
     
  2. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    сега вака ќе ти кажам...кажи и на другарка ти колку и да боли !!!! зашто сега ќе ти кажам пример....Мој братучед почна да излегува со девојка...излегуваа 6 месеци некаде и се им одеше ок....се заљуби он за на крај она да му раскине како гром од ведро небо и он да падне у депресија....И после од кога раскинаа негови двајца другари ја виделе оваа уште кога почнаа да излегуваат они, некаде во вториот месец со тој за кој што му раскина.....и незнаеле како да му кажат....ма немој.....и шо напраија со тоа што не кажаа? само да падне он у депресија зашто се заљубил, па уште и кога дозна дека го изневерувала, не беше за гледање, едвај се врати у нормала......а да му кажеа уште во вториот месец, ќе беше друго......значи кажи, пред да речеме они се верат или што било, па после она да дознае....незнам колаква е другарка ти, затоа тој факт за верење го пишав.....според мене мислам дека треба да и кажеш

    позз
     
  3. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    сум се нашла во таква ситуација и премолчив а потоа се каев за тоа..
    Братучед ми одеше со една девојка 7 години (беа и свршени).. еден ден со другарка ми излеговме да прошетаме... случајно ја видов девојкаму од братучедми како се бакнува со друг.. искрено не се изненадив зш никогаш таа не ми се допаѓаше... одма се вратив дома, и кажав на мајка ми, таа ме советуваше да не се мешам во други животи, и да не кажувам ништо затоа што можеше и да не ми поверува бидејќи тој неа премногу ја сакаше (цела негова соба беше излепена со нејзини слики, живот даваше за нејзе, никој пред него не смееше да каже лош збор за нејзе)... по два месеци таа побегна со другиот, а на братучедми му напишала порака "не те сакам веќе, нашата врска заврши"..
    од шок тој заварши во болница... по некое време мене ми излета и му кажав дека сум ја видела заедно со него.. братучедми ми се налутии затоа што сум криела од него и од тога не разговара со мене :( :(
    затоа не премолчувајте ги ваквите работи..
     
  4. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Кажи и... Незгодно е, непријатно прво за тебе, следуваат прашања како да и кажеш, па после таа можеби ќе се лути и мисли дека сакаш да им расипеш врска... ехее.
    Ама сепак кажи и. Олесни се прво ти, тешко ќе ти е да носиш толкав товар со себе, секогаш ќе го избегнуваш погледот од другарка ти, а потоа поради причина што ти ја кажаа Mistery и Glamour-Lady
    Нејзе ќе и падне невероватно тешко, можеби ситуацијата ќе доведе до раскинување, нема да сака да верува, а можеби и ќе те мрази, зошто токму од тебе дознала.
    Но, ако не и кажеш и ако разбере некогаш во иднина дека си знаела, а не си и кажала, тогаш ќе биде далеку покомплицирано и потешко и за нејзе и за тебе.
    За тој идиотот што ја изневерил, не вреди да се разговара, се покажал златниот колку ја цени 5 годишната врска :x
    Жал ми е за другарка ти. Се ќе и се сруши, секоја надеж...
    Но, подобро е да се спречи, отколку да се лечи.
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ќе бидам кратка и јасна...да проговориш се разбира стависе на местото на другаркати и смениги улогите таа со дечкото и оп во еден момент го гледа во ресторанот твојот дечко со друга а таа сето тоа го премолчува и упорно те гледа во лице како ништо да не било што ќе биде кога еден ден ќе дознаае ти би и простила ли?мислам дека НЕ па ни јас ете кога во таква ситуација другарка ми би премолчила
    ако го сториш тоа на некој начин според мене значи дека го оправдуваш тоа размисли...вистината секогаш се кажува колку и да е болна подобро би ми било да ја знам вистината и да ме боли душата ќе ставам крај на све и ќе чекорам со гордо исправена глава отколку сите да ми се смеат позади грб и да одам со глупаво насмеано лице па и за таков како дечкото на другаркати не вереди пропалица ...
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    Стави се на нејзино место. Дали ти би сакала тебе да ти кажат или би сакала да си ќутат?
    Јас сепак сум за кажување. Таквите работи на крај се дознаваат, ако не кажеш ти ќе каже некој друг. И она ќе дознае дека ти си знаела, а не си кажала и ќе испадне полоша работата.
    Никој не сака да биде будала, да го гледаат во очи и да го лажат. Јас барем не би сакала.
     
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Во овој случај јас не би се мешала. Штом сте само пријателки, не знаеш доволно за нивната врска можеби имаат некој вид на отворена врска, можеби таа знае и го толерира неговото однесување, ти не си доволно упатена во нејзиниот интимен живото како што заклучив, па може да се замерите или подоцна да те избегнува и да и е непријатно од тебе, а и прашање е колку и дали ќе ти верува, бидејќи не сте баш другарки што си споделуваат се. А сигурна си дека е неверство, ги виде како се бакнуваат, држат за раце или?
     
  8. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    ^ И јас помислив да не имаат некој вид на отворена врска и дека можеби таа знае за тоа.
    Ама, пак ќе ти кажам, ти прашај ја, кажи си што виде... Прашај ја дали врската им е послободна за да си дозволуваат такви работи, ама остани си чиста со совеста.
     
  9. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Навистина не знам што да кажам. Не си ни прва, ни последна во ваква ситуација, но сепак не е баш едноставно. Од една страна можеш да си притраеш, како што ќе каже некој да не се мешаме во туѓи животи, ако не сте толку блиски. Сепак јас мислам ако стварно ти е е добра пријателка, пододбро да и кажеш како што била ситуацијата, па таа да разговара со него, и како сака нека одлучи. Можеби таа и ќе одлучи да остане со него, ама најважно од се е што ти нема да чувствуваш тежина, ќе знаеш дека си и ги отворила очите, па натаму е нејзино. Можеби и никогаш нема да се дознае, ама ако се дознае може да те чини пријателство помалку :( , што јас мислам дека не вреди. Ти можеш да си излезеш на кафе со неа и да започнеш муабет дека сте биле таму, дека случајно си го видела дечко и........и се по ред. Мој совет е тоа :)
     
    На hiena.epa.sto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.501
    Пол:
    Женски
    5 години слободна врска? Ма даааааај...
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Знам дека е малку незгодна ситуацијата, затоа што од една страна таа ти е другарка и сакаш да и посочиш на неверството, но од друга страна ти е страв да не ја повредиш и не сакаш да се мешаш во туѓи работи. Морам да признаам дека јас сум права кукавица за вакви работи, затоа што знаев дека дечкото ја изневерил другарка ми, ама не и кажав. :worried: Ќе западнев во невидена каша, а кога ќе подразмислам можеби и правилно постапив затоа што тие сеуште се заедно, а тоа се случило само еднаш кога беа скарани и се поднапил... па и тоа се случува. Си реков - ако и кажев, сигурно ќе му раскинеше затоа што таа таков карактер е, а гледам дека ја сака и дека се кае.

    Навистина не знам што би те посоветувала, можеби треба подлабоко да ја анализираш ситуацијава. Ако типот седи на две столчиња - мислам дека е подобро да и кажеш. А ако се случило еднаш, па можеби е подобро и да си премолчиш.
     
  12. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Јас пак ќе кажам......КАЖИ И НА ДРУГАРКА ТИ.....5 години врска и он да праи така? ма ајде немој....Мирна совест на тебе, а може да ти се налути на почеток, ама после ќе те цени многу повеќе....ова е мое мислење...зашто знам дека јас би сакал да знам....и ако дознаам дека женска ми ме изневерувала да речеме веќе 3 месеци а некој мој другар знаел, и знаел дека јас одам со неа? јас веќе нема да му прозборам !!!!!!!! ти шо ќе напраиш си е твое
     
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Леле незнам како да почнам...Мене ми беа набиени рогови и тоа е нешто што никогаш неможам да му го опростам на дечко ми. Луѓето што ја знаеа ситуацијата не ми беа некои блиски, али сепак многу е одвратно и незнам...ниско чувството кога ќе дознаеш дека си излажана, знаеле одредени луѓе за тоа, а ти не и притоа си шетала со роговите на глава....
    Мина јас мислам дека треба да и кажеш на другарка ти. Најди начин и полека објасни и што си видела. Никој не заслужува да биде изигран, она може и да не ти поверува и свашта да си помисли, ама твое е да и кажеш, а она ќе си одлучи што ќе прави.
     
  14. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Да ми беше другарка јас знам дека немаше да се двоумам...уште истата вечер ќе и кажев! Ама вака... девојката не ми е другарка, само сме пријателки кои никогаш не проговориле за својот љубовен живот! од друга страна комуницираме, се гледаме понекогаш и пиеме кафе зборувајќи на секакви теми само не за љубовниот живот! Таа никогаш не ми дала за слобода да искоментирам било што (лошо или добро) за нејзниот дечко... нејзиниот љубовен живот си е само нејзин, нити совета бара,нити искуство споделила, нити прашала за мојот љубовен живот...тотално ништо! Со неа може човек да зборува на секаква тема но баш за дечко и не одзборила досега ништо! Тоа ме тера да се поколебам дали ми е правилн избор да и кажам! Што ако ми каже дека треба да се соочиме со дечко и? Што ако дојде мојот збор против неговиот? Одбегнувам такви проблеми, искрено не сакам плачки и убедување, не сакам да си створам проблеми!
    Од друга страна пак се ставам на нејзино место... :x и ете тогаш застанувам со размислувањето...си велам дека не вреди ни еден никавец да му се прегледне низ прсти кога прави неверство!
    Засега сум сеуште недолучна...
     
  15. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    138
    делумно сум се насла во ваква ситуација, и бидејки девојката ми бесе познаницка си премолцив.прво не сакам да се месам зосто мозе да бидам погресно сфатена (на пр. дека сакам да им растурам врска), но тоа да и се слуци на некоја другарка ни не размислувам - ВЕДНАС КЕ И КАЗАМ :!: па понатаму е нејзино колку таа мене ке ми верува. но, прво морам да бидам сигурна во изневерувањето т.е. да видам конкретна слика, а не само седење во ресторант или пиење кафе
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски

    епа тогаш не се мешај ни таа не би, верувај
     
  17. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Во тој случај, ако таа не остава простор да се проговори за нејзиниот дечко или љубовен живот, можеш да си траеш. Најпрво сметав дека треба да и кажеш, но по ова што сега ни го кажа, јас мислам терај си ја твојата работа и продолжи како ништо да не било. Можеби и друг пат тоа се случувло и и кажувале, но јас мислам дека кога човек не дозволува ништо да се каже за неговиот љубовен живот, тој слепо му верува на партнерот, така да нема потреба да и кажуваш. Сепак не станува збор за ептен блиска личност .
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    јас на твое место уште истата вечер би и кажала...а на нејзино место би отишла до ресторанот веднаш и би направила таква сцена што ќе ме памети цел живот тоа не е мој стил за решавање на работи ама само дечкото онака да знај со кого имал работа и плус 5 годишна врска? па за таквите како него треба да постојат жени што ќе ги газат и ќе му покажат како по 5 години со некого треба да се однесува смачено ми е од такви туапци како него а и нема потреба да се премолчи колку и да боли сега верувај дека еден ден ќе ти заблагодари...
     
  19. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Чим пиете кафиња и си правите муабети на секакви теми,а таа по муабетов како да ја одбегнува темата за дечко и помислувам дека знае ама си трпи или така нешто,зошто јас имав другарка на која и и кажуваа и се а таа не му ни спомнуваше од страв да не го изгуби мислам немам коментар на тоа катастрофа,па колку и да го сакам нема да трпам некој да ме изневерува цело време тогаш поубаво да сум сама,ама ете некои девојки едноставно се такви.И јас сум за тоа секогаш со вистината па макар и да ми се налути ќе сфати со тек на време,ама чим не ти е блиска не кажувај,или пак кога ќе се видите следен пат почнете муабет за дечковци види како збори за него,спомнете за изневерување општо не конкретно за вас туку онака што сакаш во една врска кажи си и ќе видиш како она гледа на работите и по тоа ќе сфатиш дали знае и си трпи или поим нема.Ако мислиш дека не знае каков е дечко и тогаш кажи и
     
  20. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Јас пак си останувам на моето мислење да се каже, иако не ти е баш најблиска.
    Греота е девојката така да и се набиваат рогови. :worried:
    Ако не и кажеш ќе те јаде некое црвче од внатре, а дека е така, така е, бидејќи ако не било, немаше да се посоветуваш овде со нас...
    Убаво спомна јарец6, почни околу, види го нејзиниот став и доискажи се... :tmi: