1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се премолчи или да се проговори?

Дискусија во 'Врски' започната од mina, 10 декември 2010.

  1. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Јас мислам да си премолчиш.Сепак сте познанички,не споделувате ништо повеќе од еден обичен муабет и мислам дека не треба да бидеш засегната толку многу.Не знаеш во каква ситуација може да те доведе тоа што ќе и го кажеш ова на неа.Можеш да бидеш лошо сфатена,не знаеш дечкото колкаво влијание има над неа,па неговиот збор против твојот можат да направат хаотична ситуација.Друго е да ти е другарка,со која споделувате интимни работи,па без двоумење на блиска личност не е за криење сето ова.Али овака не.И да дојде ден таа да дознае,да се разделат или нешто слично,нема на тебе да ти се пожали,а ти слушајќи ја да ти биде криво зошто не си и‘ кажала на време.Секако ова тебе директно никако не те имплицира во нивната ситуација,можеш само да си избегнеш голем проблем,кога веќе таа и не ти откривала ама баш ништо што е поврзано со нивната врска.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека во моментот кога ќе седнеш спроти неа ќе знаеш дали ќе и кажеш или не. Тогаш ќе ги следиш нејзините реакции и во моментот или ќе кажеш или ќе си молчиш и толку ќе биде. Тука може до утре да расклапаме празни муабети. :)
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Сум се нашла во ваква ситуација и тоа многупати. Сега гледајќи ретроспективно знам дека многу сум грешела што сум се мешала во туѓи работи. Еднаш и до големо дојде... тој бидејќи забележа дека го видов, знаеше дека јас сум кажала... потоа успеа да ја убеди дека тоа се измислици, дека сум и ја полнела главата со глупости и некое време успеа многу да го оддалечи девојчето од мене.
    Не за џабе се рекло љубовта е слепа, некои радо би замижале, само за да не ја изгубат личноста што ја сакаат. Посебно пак дека не сте толку блиски, лесно ќе му биде да ја убеди дека сакаш да им ја расипеш врската.
    Ако сакаш дополнителни нервози, само повели. Јас би премолчила!!!
     
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Да и кажеш. Зошто?

    1) Не ја познавам неа каква е, но верувам дека ниедно девојче (секако обострано, и машко доколку девојче изневерува) не го заслужува тоа. Таа верува во него, секој ден се бакнува со него, мисли, се грижи кога и тој се грижи, ја боли кога него го боли нешто. А тој? Тој си нашол некоја друга која веројатно по некое време исто ќе почни да се чувствува и на крај ќе излезат премногу повредени личности, само затоа што тој не знаел каде му е лимитот?

    2) Изневерувањето е најподмуклото нешто што може да се направи. Де бре, ако не сакаш да си во врска, сакаш секс со други, фино лепо најди си некој фак френд па што знајте прајте. Не вака, влегува во врска (Нешто кое на денешницава се помалце и помалце се цени) и си игра со него како мало дете што си игра со неговите играчки. Епа неможе така. Тука има чувства, емоции, денови поминати заедно, денови што допрва треба да се врват заедно. Ако несакаш да се врзуваш кажи го тоа, а не да повредиш некој само затоа што тестостеронот ти се дигнал.

    3) Не би сакала пријателка ти, комшивката, школската итн, да живее во свет кој има ултратанки стаклени нозе. Што помалку е со таков гад, толку подобро за неа. Не заслужува да вложува се од нејзина страна, а да не добива за возврат. Така да не би сакала ни најлутиот непријател некогаш да биде изневерен. Никогаш!
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да одбереш погодно време и место и да и кажеш. Јас би сакала некој да ми каже, мислам дека секоја жена би сакала да знае.
    Ама треба и да знаеш дека откако ќе и кажеш може повеќе да не сака да се дружи со тебе, ќе и биде тешко да те гледа во очи.
    Порано, гласникот ако носи лоша вест го убивале :)
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Иста ваква ситуација имав и јас пред неколку години. Девојчето не ми беше другарка- другарка ами пријателка но сепак се дружевме подолго време. Јас избрав и и кажав. Следуваше драми од три четири месеци и на крај таа се смири со него и сега мене не ми зборува :!: Демек многу фала шо ми ги отвори очите ама нему му пречи да контактираме. WTF? На почетокот се нервирав дека на крај и јас излегов крива некако ама сега знам дека пак би го направила истото. Само претходно биди сигурна дека е неверство, кај мене ги видов како се бакнуваат. Така да не му биди соучесник во валканите игри, ако си сигурна во тоа, кажи и.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Еве една ситуација многу слична на мојата само што јас се покајав шо и кажав и да се врати времето никад не би. Ако раскинат, ти ќе бидеш крива, ако се смират, тој ќе ја убеди дека ти си им љубоморна на врската и нема да контактирате. Верувај во ниедна ситуација нема да си победник.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас да сум на твое место, нема да се замарам. Верувај дека никој нема фала да ти рече, а и секако не добиваш ништо. Ти си знаеш твојот дечко каде е, за другите не се замарај. Ништо не добиваш, а можеш да си западнеш во каша ни крива ни должна. Јас би си ќутела и ич нема да ме интересира. Па и на крај краева, не ти е блиска другарка. Ни лук јал, ни лук мирисал :lol: Кога тогаш ќе дознае, а зошто да дознае од тебе?
     
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Зависи од тоа каква личност е другарка ти...Јас имам еден пример девојката го изневеруваше и еден негов другар му кажа, а тој го претепа :x Премногу и веруваше неа и не сакаше да поверува дека таа навистина го изневерува, а го зиневеруваше на скеој чекор па така другарот што сакаше со најдобри и најискрнеи намери д апомогни го крка подебелиот крај...
    Инаку јас сум за да и кажиш оти с еставам на нејзино место и би сакала да ми кажи некој доколку се најдам јас во таква ситуација, но реакцијата е индивидуална...не секој сака да знае се... Затоа размисли како би можела да изреагира другарка ти...
     
  10. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Кога прочитав прво нешто што си помислив е веднаш да и кажеш... НО, ме замисли тоа што вие не сте биле никогаш блиски и никогаш не сте споделиле ниеден проблем, ниедна тајна, ниедно искуство... таа има 5годишна врска, да, но ти не знаеш каква им е врската. Можеби им е отворена, можеби моментално се на пауза, можеби не е ништо од тоа и тој ја изневерува без таа да знае...
    Јас лично би сакала да знам, но кога ќе подразмислам, па и не би сакала да дознаам од било кој.
    Мислам дека е најдобро да се поставиш на нејзино место. Дали ти би сакала пријателката да ти каже дека го видела дечко ти со друга или пак, сметаш дека е подобро да не знаеш, отколку да ти каже некој, со кој пиеш кафе еднаш на два месеци и не знаеш ништо за неговиот личен живот.
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Заборавив да си кажам од лично искуство како ЈАС не и поверував на една комшика кога ми кажуваше дека еден бивши ме изневеруваше. Типот имаше и лице да отиде до кај неа до дома само за да ми докаже дека лажела. Комшикава нормално несакаше дополнително да се меша и не излезе. Јас си помислив дека ме лаже таа, затоа што не сакаше да излезе и да каже, помислив се крие. Толку многу се налутив, не и ни правев муабет, не сакав да ја видам, сигурна во него му верував мада не бевме долго заедно, некои 4 месеци можеби... По некое време излезе дека девојчето било во право, дознав од друго место. Немав лице да ја погледнам, во земја пропаднав. И се извинив тогаш најпонизно затоа што ја направив лажга и расипувачка на врски ... Затоа Минче, не се мешај, ако треба да дознае ќе дознае од друг.
     
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Незгодна ситуација.
    Ако некој ми каже дека мојот дечко или маж е виден некаде со друга, тогаш ќе ја земам работата во свои раце. Не сакам да ја направам неа лажга, нити па него слепо да му верувам.
    А убаво знам да проценам кога некој в лице ме лаже.
    Јас сум се нашла во ситуација, пред 5-6 години, дечкото од една моја школска да ми дојде и да ми рече да не и кажувам дека сум го видела тука. (Тие беа од друг град)
    Бев средно, и се мислев некое време и фала му на бога уште тогаш добро сум размислувала па постапив така што не и кажав ништо. Девојчето ми беше само школска, нормално доколку се работа за блиска другарка би кажала. Не сакав да се мешам, се сомневам дека ќе ми поверуваеше, во тие години девојките страшно им веруваат повеќе на дечковците отколку на другарките. Па си реков да не се мешам, ќе си дознае кога тогаш од друг, прв пат не ја лажел.
    А инаку во друга ситуација имам направено друга работа, бидејќи скоро секогаш носам во мене дигиталка, еднаш сликнав една особа скришно, па ете, имав доказ. Се работаше за поблиска другарка.
    Кој детектив сум 8)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Некако посилни ми се причините за да не и кажам! Признавам дека е себично од моја страна, признавам и дека никој нема да сака да биде на место на изневерената, признавам дека ќе треба лице да и правам после се што го знам... Ама... :x :worried: :tmi: Не е едноставна работа, станува збор за долга врска, многумина би излегле повредени ако се стави крај на врската...а и јас не би останала рамнодушна ако распадот на таа врска е делумно предизвикан од мене!
    Теоретски би требало да и се каже,но во пракса, во реалниот живот е тешко да си дадеш за право да му ги отвараш очите на некој што свесно или несвесно е наивен!
    Да беше моја другарка ќе и кажев, но како што напоменав ние сме пријателки кои никогаш не започнале тема ,,мојата врска,, Дури се прашувам и на каков начин би го започнала муабетот за да и го пренесам тоа што сум го видела! Подобро не... да не се вмешам таму каде ми ствиле на знаење дека нити ме прашуваат нити пак треба да ги прашувам за нивниот љубовен живот!
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Токму така мина, убаво си напишала. Особено последната реченица ми се допаѓа:
    да не се вмешам таму каде ми ствиле на знаење дека нити ме прашуваат нити пак треба да ги прашувам за нивниот љубовен живот.
     
  15. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Мина, јас мислам дека пред да одлучиш било што, треба да направиш мало истражување. Можеш малку да се распрашаш, за да дознаеш малку повеќе за нивната врска. Прашај ја неа, онака одоколу, како им е во врската, дали би простила неверство и сл. Нека биде тоа како некој општ муабет, за да не се посомнева дека разговорот го водиш со некоја намера. Ако таа и понатаму одбегава да разговара со тебе на таа тема, тогаш, застани си настрана и не се мешај. Многу е голема веројатноста да не ти поверува ако не сака да сподели интимни работи со тебе. А ако се отвори и почне да ти се доверува, тогаш премини на чекор број 2. Распрашај се од други, пак онака одоколу, дали имаат слушнато некои муабети за него, дали го има некој друг видено и сл. Ако типот е подолго време неверен, секако има уште некој што знае за тоа. Башка и кога така си седи слободно во некој кафич со друга, несомнено знаат повеќе луѓе за таа работа...Е сега, ако тоа се случува подолго време, мислам дека треба да и кажеш. А ако не добиеш никакви информации или гласини за тоа, молчи си :) Јас да сум на нејзино место, би сакала да ми биде кажано, без разлика дали личноста ми е блиска или не. И како што кажа Лакримоса, ќе ја преземам работата во свои раце и ќе ја истражам ситуацијата, пред да донесам заклучок дали тој што ми кажал ја зборува вистината или не. Сепак, стварно лошо е кога некој ти набива рогови и пола град знае за тоа, а ти не...И на крај, откако ќе раскинеш, сите ќе почнат да ти кажуваат што и како правел, па уште ќе ти речат дека отсекогаш сметале дека тој не е за тебе :@ Па боже мили, требало да ми кажеш тогаш, а не сега кога веќе ништо не ми значи тоа дали ме изневерувал или не, само повеќе болка ми нанесуваш |(
    Бев јас еднаш во ваква ситуација, моја другарка (и тоа блиска) криела од мене, а кога раскинав, ми плесна се во фаца...Еден ден после раскинувањето :@ Не можела повеќе да издржи да го крие тоа |( Па како до сега издржала? Ауф, како се нервирам сега кога ќе се сетам! Се чувствувам како магаре!
     
  16. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Да ме прашаше некој пред околу 10 години ќе советував да и кажеш.
    Но денеска би ти кажала да не и кажуваш никако.
    1.Таа не ти е другарка па да имаш грижа на совест што не си и кажала.
    2.Можеби знае а се прави будала и после ќе и биде срам да излегува со тебе.
    3.Не си сигурна 100% дека ја изневерува.
    4.Можеби тој ќе ја убеди дека лажеш, и таа ќе ти се налути.
    5.Можеби ќе му прости а тој ќе и забрани да се дружи со тебе.
    6.Не мора ти да бидеш таа што ќе се меша. Ако тој јавно си седи во кафана со швалерчето ќе го види и некој што и поблизок па ќе и каже.
    Ти не кажувај никому што си видела за да не се рашири муабетот. Ако на крајот таа дознае од некој друг а дознае дека и ти си знаела и почне да ти се лути можеш да кажеш не си очекувала дека ја изневерува и си мислела со пријателка/братучетка седи.
    Јас пак ќе кажам ако некој сака да дозне дека е изневеруван - ќе дознае :!:
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тие што треба да знаат секогаш последни дознаваат
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    ако се одлучиш да и кажеш јас мислам дека ќе е најдобро да и напишеш анонимен мејл.. доволно е само да и ги отвориш очите, да почне да се сомнева во него, и да ја истражи ситуацијата.. таа сигурно има голема доверба во него, сепак 5 години се заедно (сигурно нема да ти верува тебе ако и кажеш лично, туку него)..
     
  19. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Мина мое мислење е дека добро си одлчучила да не и кажуваш на пријателката.Сама кажа дека не ти остава многу простор да и се ,,мешаш,,во личниот живот, па според тоа и немој.Доколку сте ептен блиски и знаеше дека ќе те свати правилно со тоа што ќе и го кажеш ајде де, ама вака само ќе и кажеш и незнаеш што ќе испадне од сето тоа како резултат.Од лично искуство ти велам остај ги работите такви какви што се, јас сум кажала повеќе пати и секогаш сум испаѓала виновникот, во првиот момент се додека не си увидат жртвите и сами.Да ти е блиска вреди и да ризикуваш и да ја изгубиш, а само да и ги отвориш очите и да и помогнеш да го осознае човекот што го има до нејзе.
     
  20. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    138
    овој коментар ме поттикна на реплика :) па добро таа ли ке го оправа опстеството? демек ако казе нема повеке да има изневерување, ке направи добро дело и некој ке и реце фала за сето тоа? како па да не, убаво си писало девојцето, кога некој не ти дозволува да му се месас во интимата зосто упорно да го правис спротивното? седи си мирна и немас зосто да цувствувас гриза на совест,секој си има свој зивот и си го зивее како сто сака.ни ти не би сакала некој да ти се меса нели? и кога децко ти би те изневерувал не би сакала од било кој да слуснес, сигурно ке сакас тоа да е некоја блиска другарка со која делите се. сепак тоја е одлуката ;)