Jас мислам да и кажеш,затоа што на мене ми се случи таа работа.Eден бивши што го сакав премногу,вени ке сечев за него тој е човекот кој најмногу сум го сакала во животот две најблиски другарки дознаа,одеа на курс по нешто,и имало таму друго девојче и си правеле муабет за дечковци,и девојчето им покажало слика од мојот дечко(тогаш на времето) и тие и кажаа дека тој оди со мене,па некако ми кажаа мене,и многу им сум благодарна,затоа што можеби ке продолжев со него и тој ке продолжеше да ме изневерува Спојлер ми имаше дадено и прстен глупакот важно раскинавме и со тежина на срцето,болка го преболив
Мина најубаво не се машај, познаничка ти е, можеби и знае, а после ти ќе бидеш крива зошто си се мешала. Ај да ти е некоја најдобра другарка, па знаеш врската каква им е, ама колку што разбрав вие не сте збореле за врските ваши. А и ретко кој не знае кога е изневерувам, се се чувствува. Затоа би ти рекла стој на страна. Не е убаво е од него што после долга врска се решава на ваков чекор, но искрено во секоја долга врска го има тоа, а најчесто партнерите знаат.
Па вака сега, да сум јас сакам да ми се каже. Од преќутување еве до кај се стасува, по седум години губам доверба, само затоа што едната ми другарка мислела дека муабетите што ги слуша не се важни и се невистинити. па настана ѓаол и пол. Ама да треба јас на некој да му кажам, е тогаш...би се замислила, зависи која е личноста, каква е, во кои односи сме. Еднаш додуша се изгоревме со дечко ми, на другар девојката му кажавме дека го изневерува, се налути, неа и веруваше, сега откако се омажи, се пцуе сам зошто не верувал тогаш зависи...а секако е поарно да се каже, па како е...е сега храброста
Леле што ме потсети беее... Инаку не сме се виделе сеуште,а и мислам дека во скоро време нема ни да се видиме! Всушност јас одлучив, нема да кажам! Можеби ако начекам поволна ситауција би и кажала...ама се сомневам,мислам дека не ми е од работа да се мешам! И она мене не би ми се вмешела (претпоставувам)
Девоки имам мал проблем, ама мене ме мачи. Не сум сведок на неверство туку на нешто многу полошо според мене и незнам како да постапам.. Накратко- Деверот (братот на маж ми) е во врска со бившата жена на неговиот најдобар другар (другар му се разведи пред неполни 3 месеци а имаат и 3годишна керка која живее со мајката). Е сеа за да биде полоша работата тој им беше и девер на свадбата и беа неразделни, буквално како браќа додека овие двајца беа во брак, а сега деверот е скаран со другар му и се гледа со бившата негова жена. Тие немаат на никој кажано, но сепак сите се сомневаат во тоа, а јас ги фатив на дело. Да кажам ли дома (на свекрва ми и маж ми)? Не сакам да го навредам деверот и да се мешам во неговиот живот, но не чини таа работа, плус сите се против таа (можна)врска. Маж ми отворено ми рече дека ако брат му имал нешто со таа девојка ќе се откажел од него зашто оваа порано му била девојка па на маж ми (Абе шпанска серија ). И сега според вас треба ли да си ќутам или да кажам. Со деверот немам разговарано за неговата врска, но со неговата ``девојка`` имам и од неа дознав дека тие имаат големи планови за иднина, брак и сл.
......... Јас мислам дека вопшто ама ВООПШТО не си во право, т.е. кој ѓавол те спопаднал да се мешаш кој со кого ќе оди? Ти си имаш сопруг/брак и гледај си ги истите. Која си пак ти и од каде мислењето дека треба да кажеш на сопругот и на свекрвата .....Ц Ц Ц Ц .... девојката е веќе разведена, што значи слободна е и никој нема право да и` се меша со кого ќе биде во иднина. А, си помислила ли дека можеби и се развела поради девер ти? Можеби станува збор за вистинска љубов, не сакале да глумат лудило и двајцата и ова (иако не е воопшто безболно) било единственото разумно решение...? Значи, никој на никого не треба и не смее да му се меша кога станува збор за интимата. Девер ти и девојката се слободни и не изневеруваат никого. Животот е краток, еден и стој си на страна и не пробувај да им го загорчиш, доволно главоболки имале до сега верувам....
Незнам и јас не би се мешала сериозно... Можеш самата да се вовлечеш во невоља ако проговориш. Јас мислам разумно е да молчиш, но сепак како сакаш ти, јас ти кажувам како би постапила лично. Знаеш како викаат старите - Ни лук јал, ни лук мирисал Прави се дека незнаеш ништо и мирна ти глава, не влегувај во невољи, можеш самата да си направиш за себе лошо, кавги и ред други работи
Шпанска серија ќе излезе,ако ти почнеш сега да раскажуваш на свекрвата,па таа на свекорот и на најверната комшивка,па „несакајќи“ од тебе ќе дознае и сопругот,зашто во незгоден момент ќе ти „излета“ од уста,па можеби и ќе се скрши некој сервис по дома.....мислам, чему све то?! Сакаш да се направиш добра снашка и сопруга, „грижејќи“ се за љубовниот статус на деверот???Не верувам,ама и да е така,има подобар начин,уплати и на свекрвата за 8 Март во Венеција Шала на страна-седи си мирничка
Пеперутке ниту јас не би се мешала, ама па од една страна е лошо што си дознала баш од таа девојка. Што ќе биде ако во иднина некој дознае дека си знаела па маж ти доверба ќе изгуби во тебе? Во тешка ситуација си.
Леле ама се нервирам кога ќе слушнам некој ваков муабет.Не требало ни да прашаш дали да им кажеш на домашните-секако дека нема да им кажеш.Тоа не е твојот маж,не е твоја врска и не ти е местото да се мешаш таму.Прави си се на три и пол и никому ништо.Не дај Боже утре ти за нешто можеш крива да испаднеш,па да си имаш проблеми.Понашај си се како да не знаеш нешто и гледај си за тебе,а тие што сакаат нека прават.Па и да се земат не е крај на светот,двајцата се слободни луѓе. Поздрав и чувај се настрана.
Абе не се мешам јас никаде, случајно ги начекав мислеа дека ке сум кај мајка ми на гости, но јас си заминав дома... Инаку ги сваќам јас нив, и донекаде сум на нивна страна, но ке ме сватиш ако си мажена, кога ќе разбере свекрва ми дека знам толку време а сум ќутела кај мене ке падне кривицата (си ја знам ја мојата фамилија) А тоа дека немам право да се мешам никаде сама си знам, и никогаш не сум се ни мешала во неговиот живот ни пак сум го прашала зошто со неа или од кога. Само ги видов и се направив слепа и си излегов
Нема начин свекрва ти да дознае дека ти си знаела. Како ќе дознае? Сите знаеме да изглумиме глупавост ако е потребно. Така што, терај си!
Така и планирам да направам, па тие сами нека си одлучат кога ке кажат и кому... Ке изглумам и јас изненаденост кога ке слушнам, нема да ми е прв пат
А зошто да бидеш ТИ крива? Крив ќе биде девер ти затоа што не им кажал на сопствените родители, а не ти што не си им кажала на свекор ти и свекрва ти.
Пеперутка, јас на твое место би кажала на маж ми, зашто за тоа секако еден ден ќе се дознае, а ако се дознае и дека си знаела, а преќутела ни маж ти ни неговите ќе имаат пак доверба некогаш.Ти сепак си му жена и и било каква случка во фамилијата ќе влијае и на тебе, затоа мислам да кажеш.Секако ти е побитно што ќе мисли маж ти, отколку деверот нели.
Е па тоа ми е мислата и мене, од една страна несакам да се мешам во приватноста на девер ми , од друга страна сето тоа влијае на мојот однос со маж ми и свекрва ми... Незнам сега за сега ке молчам, немам храброст да му кажам на маж ми зашто знам дека многу бурно ке реагира зашто тој е мноогу против таа врска (премногу е принципиелен и нема да се помири на неморалот на брат му).. Уфф како не си отидов кај мајка таа ден, сега немаше да ме боли главата и за туѓи проблеми
Јас секогаш сум искрена со мојот маж, немаме тајни и се си кажуваме и мислам дека искреноста е многу битна за една врска. Да сум на твое место би му кажала и воопшто не би се двоумела, затоа што потоа кога маж ти ќе дознае дека си знаела, може девер ти да каже дека си ги затекнала, може тебе да ти се налути. Сепак мислам дека до сега си требала да разговараш со сопругот и да му кажеш. Јас така мислам.
Пеперутка мое мислење е дека треба да му кажеш на маж ти,бидејки кога тогаш еден ден се ке излезе на виделина,а од кај знаеш девер ти можеби тогаш ке каже дека си ги видела и ке ти направи проблеми.Затоа најдобро кажи му на маж ти за да потоа не си имаш ти проблеми со него,а воедно ке си ја изгубиш и довербата.