Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да се премолчи или да се проговори?

Дискусија во 'Врски' започната од mina, 10 декември 2010.

  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Воопшто не требало да дозволиш да се случи тој разговор помеѓу тебе и девојката! Штом толку се плашеш од расплетот на ситуацијата требало да се држиш настрана! Си ги видела заедно и крај! А кога почнала да ти објаснува девојката за нивната врска требало само да кажеш дека не е твој проблем и дека не сакаш ништо повеќе да знаш! Ме сфакаш? Требало да покажеш незаинтересиреност и воопшто да не ги слушаш приказните за нивната врска од таа девојка! јас не знам како воопшто си допуштила да зборуваш со девојката кога толку многу се плашеше од тоа што го знаеш! :fubar:
    Инаку во твојот случај јас не би се мешала но би му кажала на мажот ми! Ќе биде полошо ако се дознае дека си знаела (а има шанси да се дознае) мажот ти најверојатно ќе изгуби доверба во тебе!
    Затоа кажи му на твојот сопруг за тоа што си го дознала и барај од него да не те вовлекува во непријатни сиуации, односно да те заштити и поштеди од непријатностите кои би избиле во семејствотот! Нека си молчи додека сам не ги фати, а кога ќе ги фати тој нека си одлучи сам како ќе се однесува кон својот брат!
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Да се премолчи или да се проговори??? сигурно во главата ни се врти тоа прашање кога ќе видиме како некој ја изневерува нашата другарка или другар без разлика.... како би постапила јас во таков случај! доколку се работи за особа која навистина е во најтесниот круг на пријатели и роднини (брат, сестра, братучеди, најнајблиска другарка) првин ќе се осигурам дека дечкото/девојката кој сум ги видела се навистина сплеткани, ако нема некој интимен контакт не би реагирала. замислете ситуација идете во друг грат и седите на кафе со братучет и се смешкате штипкате ако сте блиски и закачате и наеднаш се појавува од нигде никаде ете дошол на журка другар на дечко ви ?? што ќе му пренесе тој ?? значи ваквите трачарски ситуации се многу незгодни. што ако не сте ја оцениле ситуацијата а сте изјаале еј го видов твојот со друга ??? па мене некој да ми каже би му рекла не е твоја работа што ти е гајле каде е мојот.... што ако јас знам дека тој е вечерва со колешка деловно на вечера... значи јас би рекла ако ептен ви е близок можете одоколу да прашате еј каде бевте викендов (или денот кога сте го виделе ) и ќе видите дали знае или не и после кажете. што се однесува до подалечна другарка воопшто и не се мешајте. што ако дента раскинале? или едноставно ете не сакаат сите луѓе да им се мешаат во врска. не си правете непотребни проблеми и грижи и пред се кој како си надробил така нека си срка. секое зашто си има свое затоа.
     
  3. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Не би сакала да бидам никогаш повеќе во таква ситуација,но сум била,не дознаа на крај од мене зошто тој што сака некогаш е слеп пред тоа што се случува и може слепо да верува во друугиот па после пријателството ќе замине по ѓаволите..Искрено чувството да знаеш такво нешто и да го криеш е многу лошо но сепак јас не сум таа која треба да ја сноси кривицата, би кажала на некој поблизок но никогаш директно не би кажала ,не сакам да бидам причината (индиректно) за нечие разочарување...Тој/Таа што изневерува треба самиот/самата да си признае а доколку не го направи тоа тој/таа само покажува колку само беден/бедна е .......И лично за тоа дека ме изневерувал некој сум дознала од други ,добив дури и цела листа ,се чувствував понижено,бедно ,слабо ,се чудев како тоа можело мене да ми се случи зошто јас никогаш не паѓам на такви ниски нивоа , но сепак благодарна и бев ан личноста која ми го кажа тоа и ми ги отвори очите ..........а јас дека ќе кажам незнам дали секој би имал разбирање за таква искреност и како ќе ја прими сепак ,секој не ги прима сите работи на ист начин ....
     
  4. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    се согласувам со марамка во целост и додавам,,ниту една жена ,ни маж не се идеални :?:
     
  5. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    12
    Најдобро да премолчиш бидејќи и да ја кажеш вистината таа пак ќе верува на него и на крајот ќе испадне дека ти си им љубоморна и дека сакаш да ги скараш или дека го свиѓаш биди сигурна во тоа. Затоа најдобро чим не ти е најверна другарка премолчи! зборувам од искуство! поздрав
     
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас само ќе кажам еден пример- Другар мој излегува со девојката, а нејзина другарка требала да дојде со дечкото. И доаѓа другарката, ама со ЗЕТОТ на другаров :o . Добро, не зет за сестра, туку за прва братучетка. И што мислите, кажа другарчево на братучетка му? Никако! Вика „Јас да си кршам глава после, да испадне јас растурам бракови, мене да ме мешаат кај што не ми е место... нема шанси!“ И друго, вели „Што мисли па таа (братучетка му) кај иде овој кога излегува навечер и ѝ се враќа во два-три сабајле? Дека сади тутун?“ :D Неговиот став е дека не сака да решава туѓи проблеми, посебно што во тој брак братучетка му била буквално потчинета на мажот, па вика ,ако неа така и чини, нејзин проблем.
    Плус, мислам и дека машките малку поинаку размислуваат на таа тема. И да знаат, и да видат, тешко прозборуваат (освен за некој ептен, ептен другар).
     
  7. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Се зависи од тоа колку си блиска со личноста... Ја лично не сум особа која би премолчела вакво нешто, посебно ако е во прашање личност од мојот потесен круг на блиски... Едноставно знам како би ми било мене кога би дознала дека некој ми криел такво нешто. Но сепак, зависи и до карактерот на таа личност. Знам многу случаи кога ќе кажеш некому нешо такво, а тој не само што нема да ти се заблагодари, туку и ќе те обвини дека се мешаш у туѓи врски, дека има завидуваш и сакаш да им ја расипеш врската и не знам што. И ајде оди и разбери се со личност која не сака да и ги отвориш очите... у такви случаи многу подобро е да си премолчиш отколку да се ставиш у незгодна ситуација.
     
  8. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Имам другарка кој што татко и е во Италија. Па случајно денеска го видов во паркот овде во Италија како се шета со една жена за рака фатени а потоа се гушнаа. Тој не ме виде а јас се потргнав на страна за да не ме забележи. Другарка ми е сега во Мак со мајка и и го чекат татко и да се врати од печалба а всушност тој има таму друга жена. и сега да и кажам ли на другарка ми или да си молчам?
    Дали сте имале вакво искустви и каков бил исходот?
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Би било нефер доколку тоа го направиш сега.
    Можеби е веќе јасно дека има љубовница, но нејсе.
    Таква вест не се соопштува лесно.
    Имај во предвид дека може да човекот да си ја сврти приказната на своја страна, иако нормално ти немаш никаква причина да лажеш. Сепак, доколку се нафатиш, провери ја работата, доколку често го сретнуваш човекот, или пак ако можеш сликај го. Знам дека звучи детективски, али не знам дали ќе ти поверува некој на кажаниот збор, доколку немаш нешто на дело, некој доказ.
    Малце правнички делува, ама што да се прави, навлезено ми е. :)
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Убаво е што сакаш да помогнеш, ама сепак, седи си настрана. Сепак се работи за фамилија.
    Не се кажуваат такви работи лесно, туку така.
    И да, можеби се знае работата веќе, ама сигурно другарка ти нема да ти каже, еј вака и вака татко ми.
    Никој не ги знае проблемите на секој.
    Озбилна работа е ова.
    А на крај краева, можеби сценарио е ова, можеби и тие дома знаат, па таткото ја вртка некоја за документи, едно друго.... а ти сигурно нема да знаеш и да е така.

    Во секој случај, не би се мешала за ваква работа.
     
    На LaFemina и N.A.T.A.S.A им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Како прво - за каква другарка се работи? Прашај се. Ако ти е неразделна другарка, онаква која би ја поистоветувала со сестра можеби би размислила за можноста да кажувам, ама кога втор пат ќе размислам поарно, па дури и тогаш би размислила дали да кажувам. Некако инстантно ми се создаде горчлив вкус во градите.

    Ситуацијава е многу деликатна и непријатна а јас би те советувала - не се мешај и заборави дека си видела нешто. Впрочем, не можеш да знаеш дека тоа што си видела е сигурно неверство. И ако кажеш нешто ќе направиш додатни проблеми и ќе предизвикаш болка и кавга, за што? За тоа што си видела едно гушкање во парк.
    А ко второ и основно - не прераскажувај за ова. А ти веќе си пишала на форум, а светот е мал. Ама ајт, нема врска.

    Значи закопај ја тајната, не зборувај за ништо - ова не е твоја работа. Тука не се работи за неверство во однос на другарка ти туку во однос на нејзин родител а тоа е многу покомплексно.
    Се разбира ако воопшто се работи за неверство.
    И гледај да не излезе во јавност ова како тајната за магарешките уши на Мидас ;)

    А претпоставувам ако си го сретнала еднаш, ќе го сретнеш и втор пат. И не се криј ко Шерлок Холмс, поздрави се најкултурно со човекот. Вака искача ко да го демнееш. Ако некој треба да се крие тоа е тој, нели ако навистина има љубовница. А не ти. Впрочем кога ќе го сретнеш по реакцијата ќе видиш што и како - ама и да видиш, како што реков, ова не е твој проблем ниту твоја работа. Така да ќути си трај си би ти препорачала.
     
    На Sparks и sesilija им се допаѓа ова.
  12. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Јас мислам дека сепак треба да и кажеш, доколку ти е блиска другарка,
    Послушај го советот на Пирамида и доколку го видиш пак не се криј туку поздрави се со него па и со жената со него, па прашај како е Х ( другарка ти) и тетка Х (жена му), поздравете ги кога ќе се слушнете или видите, па ќе ја видиш и неговата реакција, а воедно и реакцијата на жената со него(која иако можеби му е љубовница не знае можеби дали има семејство)

    Можеш да почнеш едноставно, еј го видов вчера татко ти во парк,он не ме виде, беше со една жена па кажи гушнати беа, може роднина ви е, ваљда не му беше швалерката, па насмеј се онака ко демек се зафркаваш за швалерката, ќе видиш и она како ќе реагира, можеби од околу ќе го потпрашаат таа и мајка и кај бил што правел, па ако ги излаже самите ќе почнат да сомневаат дека има нешто.

    Сепак ова е само мое мислење, ти како сакаш...

    Edit -тоа со фотографирањето можеби е и премногу, но другово и не е.

    Сепак девојката побара мислење наше е да си искажеме секој свое мислење а таа да одлучи дали ќе проговори, и не е така лесно и да го заборавиш тоа што си го видел особено не ако потоа се сретнува почесто и со другарка и и со татко и, доколку станува збор за неверство, доколку не станува збор за неверство нема ништо доколку каже дека го видела татко и.
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Луѓе што ви е, Сарасвит- се читаш ли што пишуваш?
    Да го слика па да е шегува дека го видела татко и со друга жена :^) ? :fubar:

    Дај ве молам сите да си гледаме во сопствениот двор, да не се мешаме во туѓи работи- многу често работите не се како што изгледаат- еве пример јас кога сум имала љубовни проблеми и барав совет од една личнот која можеше да ми помогне, и во очај онака се гушнавме силно, и сега некој да ме видеше од страна што ќе си мислеше?

    Па крај краева, и да му е швалерка, од каде знаеш каков е нивниот брак, од што произлегло ова?
    Не е твое да демнеш и да се мешаш!
    Впрочем, не појде за тоа во Италија, нели?

    Престани да бидеш детектив и посвети се на дечко ти!
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Добро ,што ја нападнавте толку? За што отишла,ова она.
    Нејзино си е за што е таму,побара совет,дајте и нормален.
    Нормално дека сака да каже,другарка и е побогу,сигурно се грижи за неа. И да,сфаќам дека не е се така како што изгледа, ама ја држел за рака,и се гушкале. Сигурно не му е онака другарски тоа,нели?

    Како и да е,мажот и жената најдобро си знаат што е како е,така да Наташа и јас ќе ти дадам совет да оставиш се како што е,може кога тој ќе се врати тие ќе расчистат. :)
     
    На N.A.T.A.S.A и julie77 им се допаѓа ова.
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Маца, вака и кажуваме затоа што цело време сакаше да оди таму, а кога појде реши да изиграва детектив.

    Мене ме изнервираа советите да го слика, или на шала да и спомне бре.
    А за неверството- жените не се глупави, осеќаат кога нема веќе страст во бракот и не штима, па нема потреба Наташа тоа да го каже, за мајката да знае- што да не таа не осеќа дека маж и не е ист?

    Можеби се помирила со судбината, си молчи за ќерка и, маж и носи пари и готово.
    Знаеш ли какво е чувството кога ќе дознаеш дека татко ти/мајка ти има друга личност во животот?

    Точно е дека секој има право на сопствен избор и живот, ама во такви моменти го гледаш тој човек со други очи, ти делува, бедно, гнасно, никакво.

    Јас ако имам другарка и ја сакам нема да и кажам, да беше за нејзин дечко да, ама за родител- никако.
     
    На rossonerka и Phyramide им се допаѓа ова.
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Ова за сликиве и шалава е крајно незрело и детско,богами само дете така размислува.

    Те разбирам што сакаш да кажеш и те поддржувам потполно,само некако груб ти беше пристапот,најверојатно од тоа дека те изнервирале советиве пред тоа. :)
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Мора да се пристапи грубо, за да се свестат овие кои даваат такви совети, па и Наташа, дека бракот не е шала, посебно кога се имаат деца.

    Не е тоа врската на другарка па да и кажеш дека дечко и ја варал, овде има многу личности кои ќе страдаат, а тоа што ќе каже нема да донесе ништо добро.

    Наташа, се надевам дека ќе донесеш правилна одлука, само сакам да ти кажам дека како минува времето и созреваме, сфаќаме дека некои работи едноставно не треба да не интересираат, бидејќи се премногу комплицирани и ако ги чепнеме можеме само да предизвикаме да биде полошо- ко Пандорината кутија, ако си слушнала.

    И да, ептен се изнервирав затоа што толку сакаше да појде таму, и сега си најде “занимација“ ќе биде детектив.
    Па ајде да ја викнеме и екипата од Прељубници, да биде поинтересно, м?

    Се надевам дека сфати што треба да правиш, т.е. да не правиш ;)

    И оваа Пјаченца, многу мала а :D
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Многу податоци дадени за други лица. Уште да пишеше во кој град е таткото, и уште другарката да чита Фемина (што не е нели исклучено)... Внимавајте кога пишувате за други лица, Македонија е мала.
     
  19. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    нате сум имала такво искуство повеќе пати, и еднаш се зафракнав многу бидеејки нели да испаднам фер кажав, и знаеш што се слуЧи?! хаос тотален, ми поверуваа секако, но се налутија и ми викаа која си па ти во такви сериозни работи да се вмешаш.
    и оттогаш си реков никогаш повеќе не се вмешувам во такви ситуации, да се моите, родителите фамилија-секако дека ке кажам, нема да се мислам, али малку поодалеЧени во никој слуЧај не.
    од кај знаеш како тие тоа ќе го прифатат и сватат, не разикувај во никој слуЧај, кога тогаш вистината излага на виделина, на лагата и се кратки нозете.
    тешка е ситуацијата знам, но треба да прифатиш дека ти не си таа особа што треба да кажеш, туку некој друг.
    како и да е на тебе си останува одлуката ;)
     
  20. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже?

    Јас ти советувам да не кажуваш.. плус и да и кажеш нема да ти верува сепак тој и е татко а ти другарка..