Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Баш би ме интересирало како би изреагирал таткото на твојата другарка да те видел?Дали можеби ке се обидел да те сретне и да ти вади изгоори за тоа што си го видела. Јас искрено не би знаела како ке постапам но ке ти кажам да си премолчиш овој пат а и следен пат ако ги видеш а сигурно ке се случи тоа доколку не е на почеток нивното.Кога тогаш ке се дознае.Ако не ти друг ке го наклевети така да исто ти се фака. Подобро е да си стоиш настрана да не ја оплескаш на крај работата со твојата другарка бидејки од сево ова што си го видела и ако и кажеш би можела да помисли дека измислуваш но сепак пак ке ја копка нешто и можеш да испаднеш расипничка на семејство. И од каде таа идеја за сликање на тие средби па ова не е шпанска сапуница бре,ова е посериозно.Којзнае какво ке и биде чуството на другарката/сопругата да слушне дека татко и/сопругот има љубовница а камоли да ги види сликите додека тие го чекаат дома.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? И јас би ти кажала да не се мешаш. Бев во слична ситуација, само што се работеше дирекно за моја најдобра другарка беше во врска со некој си лигуш за кој ке речеш овој не заслушува да има мувачица не па девојка и со цел памет ја вараше, и кажав и она му раскина ама овој и ја наполнил главата и оваа му се смири а јас и он од тогаш немаме ни здраво. После се фати со друг и овој ја вара знам ама не и кажувам пошо видов како изреагира за првиот а и сама ми рече јас сама додека не сватам дека е покварен нема да се тргнам така да си ќутам не и се мешам. Е сеа кај тебе е поразлично се работи за брак и немаш никаков доказ, нез ама не си во завидна ситуација
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Не кажувај ништо и остани си на страна од вакви сериозни работи. Можеш само поголеми проблеми да направиш... Може да не ти веруваат, може да ти се налутат, а ти нели си сакала добро да направиш. Така да, те советувам да си молчиш, би било подобро за сите.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Многу незгодна ситуација Јас сум за тоа да премолчиш зашто ќе направиш голема бркотница.Не знаеш како точно стојат работите, што се може да се случи ако кажеш. Од друга страна ми е жал за другарка ти и мајка ти, особено ако не ни насетуваат што се случува.Човекот таму, со радост го чекаат да се врати, да се видат, а тој прави такви работи зад грб. Но, како и да е, не е твоја работа, ќути си, да беше дечко на другарка ти да, ама ова е многу покомплицирано.И не го избегнувај човекот, поздрави се ако го видиш дури и ако е со таа жена.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? И јас викам да си премолчиш... Ке си заштедеш нерви.. Не е мала работа ова, а и погоре спомна некоја од девојките уште без доказ ако и го кажеш ова тешко дека ќе ти поверува и можеш да си ја изгубиш другарка ти.. Така да..сега за сега молчи си...
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Сесилија точно е дека јас отидов да бидам со дечко ми а не да изведувам дететктив. Реков дека случајно го видов на шеталиште. Со другарка ми сме заедно од мали нозе значи верна другарка. Колку што ми има таа кажувано мајка и и татко и се согласуват добро всушност татко и бил тука за лето и биле заедно за Грција. Сепак ќе се потрудам некогаш да излезам пред него да видам како би реагирал. А грех ми е за мајката на другарка ми толку добра жена е
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? И јас дознав дека дечко на моја другарка ја има изневерено на одмор... Се мислев долго време дали да и кажам, како и да кажам и ми беше многу тешко затоа што одеа долго време и важеа за идеален пар во друштво, а јас не сакав да бидам таа што ќе им ја расипе среќата. Само и спомнав во муабет:„ Леле како сум се препознала пред некој ден, ми заличе еден дечко на твојот со една шетаа гушнати...“ Оставив на нејзе да реши...
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Не и кажувај..со тек на време ако он излегува уште со таа друга жена, сами ќе си дознаат..шо има ти да си праиш проблеми.. иначе потполно те сваќам ...
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Имам кажано оти бев сигурна 100% односно видов со свои очи, не ми веруваше т.е. он ја изврзал нешто така да му веруваше него дека немал ништо. И покрај тоа пак да видам пак би кажала, ама не на таа личност пошто таа не ми верува мене, чим така нека и се смеат. На далечна не ама на блиска другарка ќе кажам, затоа сме другарки нели?
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Ги знаеш тие трите мајмуни ?! Не гледам, не слушам и не зборувам. Така и ти. Тоа е многу болна работа, посебно затоа што се работи за долгогодишен брак. Сакаш ти да бидеш таа која на блиска другарка ќе и растури семејство ?? Мислам дека не. Те сфаќам дека сакаш да ја заштитиш другарка ти, но некогаш преќутувањето е подобра работа. За овој случај, сигурна сум дека е. Греота е мајка и, но, ајде од друга перспектива да ги гледаме работите. Не дошол човекот во Италија да работи од ,,убавини,, ами од мака. Така да, веројатно не се многу добро финансиски потковани. Ако жената не знае дека мажот ја изневерува, и ти така фино лепо, цап цап, им го сервираш тоа... Знаеш која будала ќе испадне од жената ?? Без пари, без гордост. Ептен ќе ги повредиш сите во тоа семејство. Затоа... ќути си, трај си. На лагата и се кратки нозете, што е нивно ќе си дојде. Не е твое да одлучуваш.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Јас бев сведок и премолчив И нема ни да кажам никогаш Иако ми е тешко и жал што другар ми и го има направено тоа на девојката која го сака толку многу Меѓутоа сметам дека не треба да се мешам и не е мое право да го кажам тоа.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Па не си требала воопшто да се поттргнуваш да не те забележи,си требала најнормално да си се понашаш и да те види он тебе па него да му стане незгодно и твојата работа во случајов ми била завршена. Фактот што он тебе ке те види,ке влијае психички на него и кај и да е сам ке се разоткрие!!! (нема да се смири ако не знае дали ти ке и пренесеш на другарка ти,дали знаеш што се случува и така сам ке се издаде поради самиот притисок дека ти како најверна другарка на керка му си го видела со друга жена) Решен проблем,Ни ти си се умешала,ни па си кажала,само си се нашла на право место...
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Види Наташа, гушкањето не значи изневерување. Гушкаме луѓе што ни се мили, гушкаме кога некој ќе ни соопшти добра вест, гушкаме од благодарност некогаш. Јас имам другар што си го сакам повеќе од брат и со него по улица можеш да не видиш гушнати, кај што се смееме, удираме и слично. Немаш доволен доказ дека тој ја изневерува жената. Ни ти самата не си сигурна. Ја познаваш ли поговорката кај што има чад има и оган. Ако ти го создадеш тој чад на неосновани факти, тој чад секогаш ќе тлее, дури може и оган од него да настане а можеби не ни имало причина за тоа. Да си сигурна во тоа што го зборуваш, да гледаш дека тој е двојна личност која е идеален татко и сопруг дома а на улица си ја шета љубовницата, ќе ја мислевме, ќе ја разгледувавме ситуацијата од сите агли. Можеби роднина му е, па и да не се крвно поврзани, зарем е забрането да гушнеш некој кој ти е мил? Многу животи се во игра тука, на другарка ти, нејзината мајка, па и на нејзиниот сопруг доколку не е виновен. Знам дека сакаш да ја направиш вистинската работа, дека другарката ти е мила, затоа и пиша овде, затоа што доколку сакаше само трач ќе прекажеше на трета личност или пак директно ќе пренесеше. Но внимавај, и осомничениот лежи во притвор се дури не се докаже дека е виновен. Не го носат одма во затвор. Можеби е идиотска споредбава, ама сепак така е. Немаш што да чепкаш и беспотребно да создаваш јадежи, сега за сега одморај. Ако начекаш некогаш нешто што вистина докажува тогаш ќе ја мислиме. Сега фокусирај ги мислите на нешто друго, и така не ја гледаш сега другарката па не ти иди таа слика секогаш кога ќе ја видиш неа.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? А да си седиш настрана?? Виде ко да не виде... Ни лук јал, ни лук мирисал. Може сешто да се случи, зошто да се делумно крива?? Мој совет: ни да сликаш, ни да се шегуваш, ни сериозно да кажуваш. Можеби и тие знаат, ама неверството не е најпријатна тема за разговор и не мора секој да знае за тоа. А можеби таа и не му била љубовница, ни самата не си сигурна во тоа. Затоа, следен пат кога ќе го сретнеш, независно со кого е, поздрави го најнормално. Не бегај, не криј се, не барај си ја бељата.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Леле луѓе што сте напнале сите???Нато а тебе ќе те испратиме кај Карамела и Прељубници Е арно де она си кажа,и си праша и вие добро ја поучивте ама сега не мора да се редите сите,еден ќе каже и ќе образложи убаво зошто не треба во случајов мислам беше Сесилија и ајде сега нема потреба сите да се редите и потврдувате.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Јас ќе раскажам еден случај од пред години - дечкото и девојката беа во долгогодишна врска, ама тој почна да се плетка со една девојка која доаѓаше за викенд во Охрид, а беше од друг град. Девојка му имаше нешто подчуено за неа и еден викенд кога тие беа пак заедно во една дискотека (не баш и дека се криеја) ги виде најмалку пола град кога си заминуваа заедно. Девојкава утредента прашува по сите што се случило претходната ноќ бидејќи таа не беше излезена, сите се вадат на тоа како не го виделе дечко и‘ само една другарка и‘ вели дека го видела со таа, оваа и се налутила и дури ја обвинила дека лаже како само таа го видела?!Наравоучение - од вакво плеткање може и крив на крај да излезеш. Јас лично би сакала да ја знам вистината, ама со оглед на тоа што повеќето луѓе радо би да го минат животот во лаги отколку да се соочат со вистината, не рачунам дека би интервенирала. Секако кога тогаш се разбира се‘ не мора првобитниот гнев да ми биде упатен мене како соопштувач, така во минатото на писмоносците ако носеле лоши вести и главите им летале.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Решив иаку ми е најдобра другарка ќе си ќутам еве и дечко ми ми рече дека таа женска што беше со него е Босанка. Едноставно ке се правам како да не сум видела, а ако го сретнам уште еднаш, а сигурно ќе го сретнам пошто во исто место сме ќе ми речам здраво и толку. Чиста работа,чиста сметка.
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? види ало случајно другаркати се пожалит дека татко и не им пушта пари и не им одди на посета како ке постапиш ??!?!? ЈАС би ја посоветувала да настојуват и таја да дојдит во Италија и демек на одмор или било како па тој КЕ СИ ГО БЕРИТ УМОТ !!!а никако немој да и кажуваш ! секогаш оној кој ја кажубат ,,болната вистина го јадит стапот,,
Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Нате душо, капата на страна и не му се секирај, ќути си-трај си. Не се мешај во интимата на нивното семејство, зошто во секое семејство постојат тајни кои само тие ги знаат, така да можеби знаат, а можеби и ќе си направиш самата себе проблеми. Затоа не и кажувај ништо на другарка ти, ако го видиш г-динот Швалер пријди и поздрави го, нека му се стрсе газот дека ќе го кажеш дома, па нема повеќе слободно да си шетка низ шеталиштата, и нема да ти пречи и да те јадосува.