Сведок на неверство. Да се премолчи или да се каже? Ја жалам мајката на другарка ти, која го чека мажот си дома, грижејки се за децата, дури таткото се е*ава по бел свет. Јадната нели знае да се забавува? Колку години е таткото во странство, има ли намера да се врати, зошто не си го повлече и семејството, праќа ли пари дома или во моментот кога ке му се здосади да се ’’грижи’’ за нив, ке ги батали, итн итн. Не велам дека би кажала, но не ја исклучувам можноста и да кажам, зависно од ситуацијата, од многу фактори, од луѓето, од близината, околностите, бидејки едноставно не е фер..... Зборувам за себе: ако некој го види мојот маж како се забавува дури јас седам дома и го чекам, јас би сакала да ми кажат. Пред да го конфронтирам, би ја замрзнала сметката во банка за да не ги повлече парите, би обезбедила фотографии за на суд како доказ за да му соберам се, па тој нека шета повторно. Ама и јас ке шетам... Мое размислување.
Јас би кажала од проста причина што и мене да ме изневерува дечко ми ќе сакам да знам. Но, во брак е поинаква ситуацијата. Тоа е веќе растурање на семејство. И има голем број на жени што се свесни за тоа, а премижуваат, така што не би сакала да ги понижам.
Се имам најдено во таква ситуација..На дечко ми доста добра другарка идат со еден тип речиси 9 месеции..И таа кажува како е се океј се сакаат бла бла. Една вечер одиме да шетамее ии од едни темници се слушаат гласови викање..Му викам оваа се тој и ми вика не бе мислам дека се излезени заедно и ок. Поминваме и го гледаме тој со друга девојка како се лигават смееат,како тој кажува дека ја нејќе дека незнам што.. После тоа доста размислувавме дали да и кажеме или не.Меѓутоа подобро да и кажеш отколку да криеш па потоа да рече вие знаевте не кажавте.Фино лепо ја викнавме и објаснавме за да не испаднеме после ние криви. Што значи според мене подобро да знам што ми се работи зад грб.отколку цел град да знае и да зборува за тоа,а јас да немам поим!
Оваа иста недоумница ја имав и јас пред некое време... Ќе се потрудам да објаснам што и како беше... Моја пријателка беше многу заљубена во еден што правеше се како што тој ке каже.. Една вечер јас бев излезена со другарките и го забележав него во друштво на една девојка.. По говорот на телото личеше како тие да одат веќе со години... Се зачудив, не го очекував тоа од него и со другарка ми се мислевме дали да и кажеме на неговата девојка... Утредента, појдовме кај нејзе, и и кажавме што сме виделе..Оваа зема телефонот и му раскинува пред нас... Се осеќав како јас да сум крива за врската.. После некое време дознавме дека девојкава се смирила со дечкото и зборела како јас и мојата другарка сме и љубомореле во врската, не сме сакале она да биде среќна и такви глупости... Е сега, дечкото и после тоа го видовме пак на ист таков злочин но не и кажавме... Потоа раскинаа, па може сфатила дека ние сме и ја кажале вистината.... Поентата ми беше: Aко кажеш можеби ќе те направат дека се мешаш во туѓи врски.. Ако не кажеш ќе те осудат дека не си добар пријател и што ти не знам... Така да, и ако сакаш да помогнеш ќе излезеш негативец... Секоја чест на исклучоци...
според мене колку и да ми е добра другарка не би кажала еве ке дадам еден пример.братучетка ми е во врска 5 години со дечкото,една вечер јас го гледам во град со девојка, си ја шета под рака а братучетка ми 100000% сигурна дека он ја сака не ја вара дека е најдобар не знам што..решив да и кажам и знаете што се деси???ме направи лом како сум можела да измислувам немало шанси он такво несто да направи и еве ги уште се заедно..така да јас искрено не би се мешала..а и ништо не е чудно што идат 5 години па можно е да си имаат лабава отворена врска, имам и таков пример другарк ами 4 год иде со еден па се случува да не се видат една недела тој си шета со други таа исто мислам дека цело дручтво ги знае си знаат и они а кога ек ги видис заедно како најзалубен пар делуваат..и секогаш е така ејј ако знаеше зошто не ми кажа па како кога додека се во врска едниот е заслепен и ако кажеш лјубоморен си...
И јас бев во таква ситуација пред некое време. Имав другарка(не бевме во исто друштво), но на неа и кажував многу повеќе отколку на моите другарки. Секогаш беше тука за мене, секогаш знаеше да ми даде совет. Е сега таа одеше со на мојот дечко другар. И една вечер(таа не беше излезена) и кажав дека го видов дечко и со друга. Не правеа ништо само одеа двајцата заедно.Ја замолив да не му кажува, но секако не ме послуша. И дечко ми и дечко и се скараа, поради нас и јас ѓи избришав неа и дечко и од фб. Помина некое време, можеби 3-4 месеци и сега ја додадов пак на фб, но ништо не е како порано. Мислам дека треба да се премолчуваат вакви работи, затоа што на крајот пак ние си го јадеме.
па ја секогаш сум била за тоа дека не ме интересира кој што прави во неговиот живот!Нека си праат луѓето што сакаат...која сум јас да растурам една врска или брак со тоа што ќе отварам очи на некого? Едноставно замижувам и се праам ко ништо никогаш да не сум видела и готово.Од каде да знам дека после тоа нема да се смират па дури и да стапат во брак а на крај јас да бидам онаа која им ја разнишала врската...безвезе
И јас би ти советувала да си седиш на страна во ситуацијава. Што и да кажеш, ќе бидеш крива. Другарката може да не ти поверува, а и да ти поверува, мислиш ли дека татко и ќе ја открие својата афера само затоа што ти си рекла дека си го видела негде со друга жена? Ќе излезеш лажга на крај, ќе ја изгубиш другарката или пак можеби ќе бидеш "причината" за растурањето на една фамилија. Размисли добро пред да се решиш на таков чекор, не е тоа мала работа, а последиците можат да бидат големи.
И ЈАС истото го мислам од искуство ти кажувам не се мешај ни знаеш како ни што која е причина ни повод седи си настрана таа ти е другака ти немаш врска со нејзините родители и сепак тој и е татко ии секако на него ке поверува и да поверува на тебе ке и биде после срам па нема да го признае дека е вистина
И јас еднаш така сакав да помогнам да и кажам на една НЕ беше другарка ама познаничка, седев до дечко и на интернет и прочитав меил од негова женска (беше толку очигледно) и она почна да ми вика како јас сум била љубоморна и како јас лажам, и од тогаш си научив дека некои луѓе заслужуваат така да ги третираат.. а доколку се работи за моја блиска пријателка, никогаш нема да кријам туку ке и кажам па како сака нека свати... т.е знам дека ке ме свати заради тоа што се знаеме и нема никогаш да мисли дека љубоморам и дека ја лажам..
Ве читам и морав да прокомемнтирам дека никогаш на никого нема да се дразнам да му зборувам што сум видела или пак чула. Знаете зошто? Бидејки јас имам свој став и гледишта во вакви ситуации дека доколку би и кажала на таа личност незнам како ќе ме свати и дали воопшто ќе ја разбере поентата на мојот коментар. Јас не би била никој и ништо за да се дразнувам да правам вакви проблеми на некој кој воопшто незнам како му е во душата и во домот, не би знаела ни каков однос и соодност имаат тие двајца, незнам воопшто што им се случува ним, а и сето тоа е само и единствено нивен проблем и живот. Сум имала безброј вакви ситуации на мои блиски и поддалечни и никогаш ама никогаш не ми паднало на ум да "солам памет" и да се вмешувам во нечиј живот, да правам проблеми и раздори за да можеби еден ден ми се урне сето тоа над глава како јас де мешам онаму каде што не треба, и за на крај да излезам најлошата. Секој човек а и воедно врска си е приказна за себе, ние незнаеме всушност како некој ќе го прими и разбере сето тоа, овие проблеми се од сериозен и пред се персонален карактер, никогаш не би го направила ова бидејки не сум таква личност да се вметнувам онаму каде што не треба.
Луѓе душа не остана во мене. Некогаш се срамам што се чувствувам толку беспомошно, бидејќи има луѓе со многу пострашни судбини. Тинејџерка сум, па што се однесува до тоа, знаете какви се овие генерации, нема на кој да се потпрам, ниту да побарам совет. Станува збор за мајка ми. Има друг човек во нејзиниот живот. Татко ми не знае. Има потполна доверба во мајка ми, во бракот мајка ми ужива потполна слобода. Никогаш не и забранил на мајка ми нешто...си шета по светот неколку години со ред со пријателки, излегува со пријателки, колешки, активна е на повеќе полиња... има успешна работа, просветен работник е, доста паметна и интелегентна... но, за џабе... јас и сестра ми знаеме се. Се гледа со женет човек. Внимаваат "многу добро" во однос на телефони, повици, пораки, тие работи. Периодов ја следев доста внимателно...татко ми никогаш не посегнал по нејзиниот телефон, ни чанта, воопшто не се плетка во приватноста на било кој. Ве молам споделете го вашето мислење, какво и да е. Навистина рацете ми се врзани, и устата затворена, а душата изморена. Ако размислам подобро, и јас сум учесник во срамов, татко ми го гледам секој ден како се грижи за цела фамилија, работи непрестано по сто сати застанат на нозе за ние да не бидеме гладни...секој ден се повеќе и повеќе се растажувам. Многу е добар и чесен за да му се случува ова. Не знам како да постапам. Ќе полудам.
Дефинитивно тешка ситуација. Сметам дека најпрво морате со сестра ти,да разговарате со мајка ви.Не е и спрема вас коректно да се однесува така.Само искрен разговор со нејзе.Се најдобро...
Мое мислење е да разговараш со мајка ти. И јас би разговарала. Ако избегнува објаснувања, јас не би попуштала, немој ни ти. Сепак, се работи за нешто сериозно и погрешно во секој случај. Отвори ѝ ги очите. Ова е доказ дека и возрасните грешат и многу е погрешно она ,,возрасна е, знае што прави". Не. Не знае што прави. Затоа некој треба да ѝ каже. Вакво однесување не треба да се оправдува во никој случај, ни да се молчи кога се знае за истото.
Оваа ситуација е многу тешка зашто низ ова истото помина мојот другар но многу лошо се заврши. Прво разговарајте со мајкави убедете ја дека греши и прашајте ја зошто да ја уништи љубовта меѓу вас, меѓу вашата куќа, потсетете ја дека нема само вашиот татко да настрада ако дознае туку и вие..Ако ве сака ќе ве послуша, но ако и е грижа за нејзината среќа само тогаш кажете и да му признае на таткови и да не го лаже повеќе, па нека се заврши се мирно и со развод.
Не можам да разберам, немам храброст да и пријдам и да и кажам "еј мамо јас знам се"...А таа има храброст да му работи на татко ми зад грб. Не би му посакала на никој да е во ваква ситуација. Татко ми секој ден ме учи како да се однесувам со машки, баш вчера ми рече "Не дозволувај да бидеш предмет на потсмев, а понатаму жена и сопруга на некој лажго".
Брак така не функционира. Еден ден вистината ќе излезе на виделина. Подобро е да собереш храброст и со мајка ти да разговараш, да се освести што прави и да се поправи пред да дојде до развод. Штета за човекот, не е свесен што му се прави зад грб...
Прво со мајката ! Ќе и кажеш дека имаш бескрајно многу доверба во неа и дека се надеваш дека ќе го реши случајот сама и во полза на фамилијата Ќе и објасниш дека не ти се живее во лага и дека ти е жал за татко ти и за фамилијата општо и ќе ја ЗАМОЛИШ најфино ДА ГО ПОЧИТУВА татко ти, како што човекот заслужува, и дека нејзината врска е видлива и ќе разбере татко ти, а тоа би довело до распад на фамилијата. На татко ти нема да му збориш за ова, ако дојде до него, едно Ви се знае како фамилија -расправии и кавги и во најлош случај-распад на фамилијата. На татко ти (ако е веќе сериозна намерата на мајка ти со ,,дечко и,,) таа треба да му каже и тие двајца да си решат понатаму како треба. Ти збори со мајка ти, собери храброст. Верувај ми дека ќе ја ,,штрекнеш,, зашто не постои родител кој не би го засегнал ваков муабет од дете. Можеби со муабетот ќе се свести по кој пат тргнала и ќе се ,,врати,, дома, а тебе тоа ти е целта. Ќе начекаш погоден момент да сте сами и без нервози ќе и кажеш што ти лежи
А може и човекот знае само си ќути. Колку бракови има така ехеее, само поради децата функционираат како семејство..