Да. И јас познавав едни такви. Мажот си ќутеше. Незнам ни како издржа,...мехх...не издржа, си умре...ама за него пред сите ТАА беше негова почитувана сопруга. А сите знаеја.
колешка моја со маж и така функционираат. имаат три деца и брак за пред луѓе. она со долга врска со еден, он со која стигне.. и така.
Јас мислам дека типов е некоја личност од минатото на мајка ми, интересно е тоа што фамилијарно, народски кажано-не живееме. Тој вози такси, па мајка ми никогаш не повикува автомобил од таа база, а на татко ми му пее друга песна, не знам и јас што како, и татко ми не се вози со автомобили од таа база. Можеби му има речено "не сакам со овие коли, човеков работи ваму". Кутриот и верува на секој збор, нивниот брак секогаш го дава како пример за слобода меѓу партнерите и меѓусебна доверба. Не сакам ни да помислам каква би била реакцијата на татко ми.. ќе се уништи човекот. Никогаш нема да и прости, бидејќи е човек кој секогаш "навива" за вистина.
јасно ми е дека те боли, дека имаш миљон прашалници зашто и како, но таа сеуште е твоја мајка и јас лично на твое место не би се мешала. може татко ти знае а може и не. хармонијата дома не секогаш зависи од колку партнерите се верни. остави на неа. не кажувај на татко ти. ако знае и му кажеш најголем срам ќе го изеде. зборни со мајка ти ако ептен те копка, но татко ти не го дирај.
Сум се нашла во ситуација - изневерувана од дечко . Ни малку пријатно . Секако , прво интуицијата ме наведе да мислам така , разговарав со тој ( веќе одамна бивши ) дечко и као работел со татко му па немал баш многу време да е редовно на телефон со мене , бла бла бла , ајде си велам можеби навистина е така . Потоа слушнав муабет дека ме изневерил на натпреварот од училиштето кој беше одржан во друга држава , и онака лута отиднав и го прашав во 4 очи дали е точно или не секако одолговлекуваше , па останавме на она " ќе зборуваме повторно , на голем одмор " . Тој ден не се видовме веќе ( заминал од часови ) . Следните неколку дена испланирав со моја школска , тогаш добра другарка , да вели дека сум настинала и не доаѓам во школо , а потоа шпиуски да го следиме и погодете што .. со свои очи го видов како се мува со едно девојче во еден од школските тоалети . И така од нигде и никаде им " никнав " на сред мување и му раскинав ( девојчето не знаело дека немаме раскинато ) па си заработи две по 500 , ама потоа тие се фатија а јас .. го заборавив за неполн месец Си фатив друг дечко и ете сега сум омажена за него и со две немирни црвчиња што секојдневно не засмејуваат со обидите да не ископираат во некои постапки Среќна сум што оној неуспешен обид за врска во времетраење од 1 година заврши навреме и не изгубив повеќе време со него Вечно ќе бидам благодарна на мојата силна интуиција пред се , а потоа и на другарите и другарките кои ми пренесоа се што стигнало до нивни уши во тие " трагични " моменти и не дозволија некој да ми " набива рогови " .
Може веќе знае татко ти. Може да имаат отворен брак или некаков преќутен договор. Не му си на никој во кревет, да знаеш каков интимен однос имаат. Искрено, не се замарај со тоа. Ама ич...
Сосема ок. Зошто би гледал свој живот и своја работа? Досадно е тоа, за будали само. Вака малку адреналин ќе си кренеш
@lici1 објасни повеќе, на кој начин си засегната од нив. Ако тебе лично не ти направиле ништо немаш што да се мешаш. На поранешното раб. место имаше иста ситуација сите знаеја само нивните семејства не, никој не се осуди да ги открива, на крај сообраќајна незгода имаа заедно и така ги дознаа...
Mene me imaat povredeno i ne im pozeluvam takvo nesto a vo firmata kade sto rabotam site znaat ne znam dali mazot na koleskata na ...... znae i kakva im e situacijata samo znamdeka rasturaat ubav brak grevota za decata od dvete strani.samo razbrav deka taja ima.napraveno i porano ista raabota
Јас ништо не можам да те разберам, маж ти те вара со негова колешка, со твоја колешка или некој сосема трет маж ја вара жена му со колешка?